Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    49
    Ако може тоа да се нарече љубов ок... Со тоа дете се сакавме и двајцата а тој беше мн срамежлив јас тогаш бев 8 одд и тој беше мн прост што не ме праша да се фатиме и ништо не бидна а јас го сакав многу и се молев да го заборавам зш ич не ми се допаѓаше а го сакав, чудно нели :D ?? А Моја прва љубом можам да ја наречам оваа врска во која што сум веќе 2 години и некој ден воедно ми беше и прв бакнеж со дечкоми :) ... Бев многу срамежлива и несакав да ме бакне и после долго молење ме баци а јас само како здрвена стоев.. И сега скоро се сеќаваме на тој ден и ми вели дека усните ми биле 100% дехидрирани :rofl: колку сум се смеела :) . Многу си се сакаме и сакам оваа љубов да ни биде вечна :)
     
  2. mrdnata

    mrdnata Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    prva lubov..... site ja imame doziveano bez razlika dali taa ljubov ni bila vozvratena. Jas imav 14 a toj 15 bevme uste deca no znaevme iskrejno da sakame. Toj prv baknes tie peperutki vo stomakot :) toa treperenje, koga na najdobrite drugarki im go raskazuvas toj prv sostanok :) prvata solza za nego, ( nikad neces imati isti osecaj kao da si 3 metri iznad neba) Da no ne sme poveke zaedno se razdelivme jas sega imam decko koj mnogu go sakam ideme skoro 1 godina imame se i sesto preziveano negovite roditeli sakaa da ne razdelat, moite i negovite prijateli , mojata bivsa lubov no nikoj ne uspea i zatoa bi rekla deka e ovaa vrska e onaa prava lubov <3 :*
     
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.381
    Допаѓања:
    29.504
    Пол:
    Женски
    За мојот прв дечко...Немам контакт со него, но кога и да се сетам ми е криво, бидејки таков човек како него и да барав неможев да најдам. Се што би посакала кај некое машко беше тој, изглед карактер ма све. Само што за жал таа приказна заврши
     
  4. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    66
    Следува реферат т.е. краток опис на мојата прва љубов.

    Мојов беше спремен да ми ги симне ѕвездите .. секако додека сме заедно и сами .. Јас? Дете,дете што мисли дека ќе умре со тој човек заедно..Знаев (плачам готово) дека ќе се сели во Италија но рече -* кога ќе бидеме поголеми ќе биде тоа *- одевме,одевме,одевме и раскинавме .. СТЕФАНИЈА ТЕ ВАРА СО КОЈА СТИГНЕ,СТЕФАНИЈА НЕ ТЕ САКА - ама зашто да верува Стефанија? Таа беше заслепена од љубовта .. небитно .. Стефанија како Стефанија при секое среќавање се смируваше со него и викаше дека е единствен иако знаеше дека не е така,не сакаше да верува..Памтам кога ме буташе во базен,кога ме гушкаше пред девојка (која го сакаше) и велеше дека само јас сум му љубов..но тоа траеше само додека бевме заедно а после тоа и се пуштал,и ветувал љубов..а знаеш што е најсмешно? Што никогаш не ми пишуваше пораки,а еднаш приметив бев во именик запишана СРЦЕТО МОЕ а кога ненајдено дојдов на гости кај баба и му го земав телефонот бев РЕименувана во СТЕФАНИЈА,па вечерта пак во СРЦЕТО МОЕ..Значи само пред него сум била "срцето"..Небитно последното смирување беше на нашите скали,каде на прашањето КОЛКУ ПАТИ МЕ ВАРАШЕ? одговори ЕДНАШ,СО ТАА И ТАА ЗАТОА ШТО САКАШЕ ДА НИ РАСИПЕ ВРСКА И САКАВ ДА ЈА ЗАЌУТАМ .. Ок,верував .. верував и на прашањето кога престана да ме сакаш ми рече НИКОГАШ!!!!! .. беше убаво,знаеш? Среќна бев..навистина..и..се гледавме само во село кај баба,тој таму живееше и тоа беше преку викенд..си отидов во Скопје,седнав на мсн (а идевме!) и ми пиша .. ЗНАЕШ ШТО? ДЕВОЈКО КАКО НЕ СФАТИ ДЕКА МИ БЕШЕ ИГРАЧКА,ЈАС ВООПШТО НЕ ТЕ САКАВ И ТЕ ВАРАВ СО СИТЕ МОЖНИ ДЕВОЈКИ .. ВИДИ ЈА ДЕВОЈКА МИ (на слика една) НЕЛИ Е УБАВА? П.С. ЈАС СЕ ПРЕСЕЛИВ И ВИШЕ ФАЛА БОГУ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ВИДАМ! се скршив,не сакав да живеам,сакав да умрам..си отишол..се фатив со сегашниот дечко иако го сакав бившиот,со сегашниот кој ќе умреше и ќе умре и сега за мене..Тој од Италија ме виде среќна и знаеш што? Ми рече дека се каел и деак тоа го рекол само за да ме тргне да не ми е тешко,замисли! А јас? Јас бев спремна да раскинам и да се смирам со него .. не се чуди,бев стварно .. Кога дојде летото и кога го видов во кафич сакав да го смувам во вц иако дечко ми ме чекаше на 100 метри .. ме тргна другарка и ми рече ЌЕ СЕ КАЕШ АКО ГО НАПРАВИШ ТОА,си искочив и му реков СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ .. утредента викал дека сум го молела .. од тогаш го проклонав денот и се заколнав дека нема да го сакам повеќе .. и еве успеав,имам успешна 3 годишна врска и веќе никогаш нема да погледнам назад .. НЕ ГО САКАМ иако ме боли и плачам,за жал секогаш ќе има некакво значење за мене.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Мојата прва симпатија воедно и љубов беше во прво одделение.
    Заедно учевме.Од први септември пред скоро девет години,и уште трае таа љубов.Мислам дека никогаш нема да го заборавам :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.951
    Пол:
    Женски
    Хахаха зарем тоа била љубов... :D тоа се нели оние први детски симпатии, па имаш прва симпатија, па прва симпатија од градинка, па од забавиште, па од мало, па од првите школски денови :lol: и нормално во тие години морала да се најде и мама некаде во цела таа приказна со некоја нејзина кафе пријатељица која ќе ме "правела снашка" :rofl: ааа јас со таква фаца :geek: ништо не ми е јасно на мои тогашни 7/8години :D

    Па мислам дека се тоа смешни и интересни денови од нашето детство, и нема кој не се сеќава. :)
     
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха, мојата прва љубов ми се случи во забаваче, а потоа продолживе заедно да учиме до 4то. Бевме ептен ''заљубени'' еден во друг, и цело време бевме заедно. Најмногу се радувавме на една приредба кога не ставија заедно да играме, абе кевојни бевме. Тие денови никогаш нема да ги заборавам. Инаку машкото кое тогаш ми беше симпатија сега ми е најдобар другар :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anaanu627

    anaanu627 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Pa najiskreno nekoj so sum sakala bas najiskreno bese eden od sosedniot klas preubaff bese :angel: e i ke ostane najubaff i nema da go zaboravam inace bevme 6 odd ne bevme fateni samo si se guskavme onaka :wasntme: :) toj ne me sakase ama jas si fantazirav i ne mi bese problem pa.. drugari na nekoj nacin .. imame onaka edno zdravo .. nikogas nemozes da bides drugar so toj so si go sakala sekogas ke se sekavas na toa posle :( so nego ne bbese prviot baknez a tolku sakav da e ... za zal bese so eden kreten :devil: i na toj mig nesakam da se sekavam ... na mojata prva ljubov se sekavav porano sekoj den sega poretko i stom go vidam po hodnicite srceto silno mi cuka ama bese i pomina site mislat deka veke ne go sakam a i toj se ostanuva vo nasite spomeni :) :worried: :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    570
    Ако ги занемариме симпатиите во забавиште, првата љубов ми беше во второ одделение, знам тогаш тој дојде во нашиот клас и јас љубов на прв поглед, што да ви раскажувам. Понесена од шпанските серии верував дека тоа е мојата судбина тој да дојде во мојот клас да се запознаеме, живеевме блиску па заедно се враќавме и кога ќе ме погледнеше абе топење.. :D Ама па убаво ми било тогаш бе, среќна сум била и да ме погледне па што! Не сега да се карам за глупости :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Ммм .. преубава тема :) .. Епа вака , првиот бакнеж и првата љубов кај мене не беа исти личности .. Првиот бакнеж се случи точно пред една година т.е лето 2011,кога завршив осмо со дечко кој ми се свиѓаше,ништо посебно а првата љубов уште трае,завчера направивме 9 месеци,прв дечко,прва љубов .. Тој ми е се. Го сакам највише :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.072
    Допаѓања:
    74.277
    Пол:
    Женски
    Првата „љубов“ ми беше во забавиште, се викаше Никола. :lol:
    Детево беше гик невиден, а богами таков и си остана - заљубен во компјутери и компјутерски игри, со недостаток на време за дружби со девојчиња. А многу беше сладок каТо мал, ама само тогаш, да се разбереме. Сегашниов Никола, е тој верувајте дека не сакате да го видите. :rofl:
    А да, платонска љубов ми беше, воопшто не си правевме муабет. :wasntme:

    А што се однесува до вистинската прва љубов, со сигурност би рекла дека е оваа моменталнава, зашто во претходната врска имав само човек кој стои до мене кога му текне и толку. Ни „љ“ од љубов, дури уште си се прашувам зошто всушност влегов во таква врска, ама изгледа тоа и ми требало за да ми придојде умот. Барем малцичка. :D
     
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Првата љубов ми беше во прво одделение,се викаше Виктор.Многу го сакав а и тој мене ме сакаше-детска љубов :lol: :D .Потоа тој се префрли во друго училиште и ми беше многу жал,а и до ден денес после толку време јас пак си го сакам... :)
     
  13. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Прва љубов.. хммм александар беше! Ми беше симпатија од прво до четврто.
    Потоа следуваше онаа платонска љубов, најубавата, имагинарната. Тоа дете ме научи да сонувам.
    Се уште не ми е сеедно кога ке го видам а знам дека и кај него истото се случува.
    Тоа нашето траеше 3 години. Но ете сега ја имам онаа вистиска прва љубов и го сакам премногу.
    Различно е од платонската љубов ноо многу поемотивно и позрело.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    прва платонска љубов во забавиште.кристијан се викаше и заедно учевме и имаше сестраа близначка кристина...хахах
    прва вистинска љубов- секако првиот со кој се мував- Филип
    :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  15. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    324
    Затоа што не сум се заљубила до сега ( 14 год имам бре) ќе си кажам за првиот симпатија. Беше во 1. одд и тогаш првпат го забележав и ми се допадна . Со секој ден симпатиите си растеа имаше тука и штипкање ,нервирање и голицкање(?) . Три години по ред така . Дојде време Little-Mk да се одсели во друга држава .И од кога се преселив си останав во многу добар контакт со детето.Секој ден си се пишвме на Мсн :lol: .На него му текна тек тогаш да ми каже дека сум му се допаѓала сите тие 3 години . Али јас не се интересирав повеќе . :angel:
     
  16. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    562
    Јас ќе си кажам за првата љубов од забавиште. :lol:
    Се викаше Даниел и бевме во иста група и беше многу немирен. Имаше светло кафеави очи и светло кафеава - смеѓава коса. :angel: И еден ден се закаравме многу (кој се тепа - тој се сака :!: :rofl: ) и се истуркавме со столчињата, он седеше позади мене и се буткавме нон стоп. На крај, за да не смири учителката не намести заедно да играме на училишната претстава. Лелееее...срамови живи :D хахахах колку сум се срамела :D

    Паднав на приредбата!!! Требаше машките да клекнат на едно колено, а женските како да чучнат на другата нога....и јас го утнав детето :rofl: :$ си паднав на газ :lol: :$ среќа камерата не снимаше накај нас па само тие што беа во салата ме видоа ....утешно хахахахах
     
  17. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.556
    Допаѓања:
    18.169
    Пол:
    Женски
    Специјално ја барав темава за да пишам во неа :)
    Денес случајно го видов. Мојата прва љубов. Не зборувам за оние детски симпатии од 2ро одделение :D Овој ми беше дечко, прв официјален, во 3та година средно. Си бевме први и во некои други работи :angel: Можеби затоа и ден денес кога ќе го видам, после скоро 5 години откако бевме заедно, има нешто во мене. Не е љубов нормално, ама не знам како да го опишам чувството. За никој друг бивши не ми е така. Другите после него брзо ги заборавав.
    Денес кога го видов во кафулето, се насмевнав. Се сетив на нештата кои ги поминавме заедно. Првиот бакнеж на клупата во школскиот двор, првиот одмор во Охрид, првиот подарок, првиот секс, првата караница, првиот пат кога "ми го скрши срцето"... И не е изменет воопшто. Барем на изглед, онака не знам бидејќи не комуницираме. И жал ми е што е така. Би сакала да бевме барем на едно здраво. Ама на лош начин завршивме.
    Секогаш кога ќе го видам, станувам носталгична. Еве како сега на пример.
     
    На Kolin, SimonaTino и hermosa им се допаѓа ова.
  18. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    593
    Имав многу симпатии во основно,па и сега во средно.Го искусив и првиот бакнеж...првата "врска"...Следуваа уште неколку бакнежи,дечки кои ми се допаѓаа,им се допаѓав.. :) Но ништо од ова не беше мојата прва љубов...

    Богами...тоа беше љубов а можеби и сеуште е ... не сум сигурна :?: 9 месеци откако прв пат го видов..и сеуште памтам како да беше вчера.Уште од првиот пат кога застана пред мене почувствував нешто што ден денес не можам да си го објаснам...секако мислев дека е допаѓање и дека бргу ќе помине,затоа што љубов на прв поглед е нешто во што не верував.Сепак... подоцна прерасна во љубов :angel: Патиштата ни се вкрстија...на еден најнеочекуван начин,како што никогаш не би помислила.Првата недела бев во облаци...се запознавме,започнавме да комуницираме.... ми помогна во нешто за кое вечно ќе му бидам благодарна.Сфативме дека сме многу слични,ги сакаме истите работи,исти хобија,ист вкус за музика и филмови... слични сфаќања...исти инает во нашето однесување.И така јас се заљубив во него....онака лудо,искрено,како никогаш до сега.Ми беше присутен во мислите постојано...од секундата кога прв пат го видов не помина ден,час ..а јас да не помислам на него.Секој пат кога ќе го видев ги чувстував пеперутките во стомакот..се посилно,поочигледно.Кога се допишувавме до доцните часови на лицето имав насмевка која не можев да ја тргнам....секоја порака,секоја расправија....нервоза..се беше нешто што ми значеше.Бев скроз изгубена...не гледав никој друг освен него,едноставно не можев да гледам некој друг на начинот на кој го гледав него..

    И никогаш не научив што сакаше од мене....играше топло-ладно,беше различен..Секогаш успеваше да ме убеди и да ме натера да му верувам иако знаеше да ме повреди.Дозна дека го сакам,па мислеше дека без разлика на неговото однесување...нема ништо да ги промени моите чувства за него...а можеби и беше во право.

    Не знам што чувствуваше кон мене...знам дека еден период му се допаѓав... а за чувствата никогаш не дознав.Сеедно....знам дека тоа беше далеку од она што јас го чувстував за него :nod:
    Огромни инаетчии...имавме кавги,другарски муабети,нервози.... многу различни случки.Се случија мноогу работи,но мило ми е што колку толку имаме едно здраво и два реда муабет...што во споредба со порано е ништо :worried: И што и да се случи,ќе гледам да го заборавам лошото...а се надевам дека и тој по добро ќе ме памти...за друго е предоцна,после се она што ни се случи :rain: :sun:

    Најголема желба ми е да не се заборавиме..да не е само гледање онака од што мора,неизбежно.Сакам за 6-7 години да излеземе на едно кафе,онака еден пријателски муабет и искрени признанија...ќе ми биде мило.

    И знам дека ќе имам други,по среќни љубовни приказни.... но мислам дека оваа никогаш нема да ја заборавам,никогаш.И знам дека дел од чувствата нема да можам да ги избришам ни во иднина... :l:
     
  19. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Првата симпатија ми беше во забавиште и се викаше Андреј....секогаш седевме заедно,а тој секој ден ми купуваше мастики чунга-лунга бидејќи му имаф кажано дека ги обожавам и еднаш месечно ми подаруваше цртеж (демек ние во иднина :lol: ) бидејќи многу убаво црташе и беше пресреќен кога ќе го пофалев дека убаво црта...ахахах сеуште си ги чувам тие цртежи......Ехххх времиња. :) :)
     
    На Maca_<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Во 1 одделение. Многу беше убав (демек) :fubar: Една година ми беше симпатија,се занесував но сега само на здраво сме :D
    греота...