Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Прва љубов :inlove: - колку убави времиња беа тоа :)
    Прв пат го видов на еден фудбалски натпревар меѓу училиштата во 6то одд. Тој беше 7мо и навистина беше добро типче кое многу девојчиња го "сакаа". Веднаш се слушнаа гласови од сите девојчиња колку бил убав и сл... И така минуваше времето додека да подзаборавам на него. Кога почнав повеќе да излегувам некаде после 8мо одд. се случи да се запознаам со него. Но ко за беља многу го сакаше една другарка на мојата најдобра другарка па така се запознавме преку неа бидејќи тогаш излегувавме заедно. Овој не ја погледнуваше што се вели но девојчето го прогонуваше нон стоп. И тоа беше тоа. Мојата симпатија кон ова момче прерасна во една голема платонска љубов а едвај имавме едно здраво. Никогаш не кажав на никогу дека го сакав но неможев да престанам да мислам на него уште скоро 2 години.Тогаш почнав повеќе да запознавам и други типци па кон овој изгубив целосно интерес.
    Го немав видено долго време кога летото случајно неколку пати налетав на него. Ми се насмевна но кај мене веќе одамна ги нема оние пеперутки. Ехх, колку ли само ќе бев среќна тогаш да ми упатеше една насмевка. :lol:
    Можам да кажам дека е сеуште преубав но не ми се верува дека се сеќава на мене и на нашето познаство :rofl:
    А мојот прв бакнеж и првата врска што беше без врска се случија со едно момче кое ми беше многу симпатично но не ми значеше ништо посебно. :)
     
  2. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Прва љубов, а? За љубов не ги сметам симпатиите кои, богами, ги имав премногу. Мислам дека токму сега ја доживувам таа прва љубов. Се случи многу спонтано. Тој за неговите скоро 16 години е многу зрел, од мој аспект. Не е како другиве лиглиња на негови години. Тврдоглав, ладен, искрен, сериозен. Личност со цврст карактер. Од време на време е клошар ама ако... Да бидам искрена, јас сум хоуплес романтик и сум со надеж дека оваа прва љубов ќе биде и последна. Дај Боже. Инаку веќе 3 месеци сме заедно :sun:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    јас уште сум си со мојата прва љубов :inlove: со него го доживеав првиот бакнеж, првата прегратка, првиот однос :$ и уште сум со него и убаво мие и сакам засекогаш да биде така :inlove: :inlove: :inlove:
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Барав ваква тема, да си ја искажам маката.
    Прва љубов, пред 6-7 години. Лудо заљубена, тогашен другар, пријател. Од небото можеби се гледаше дека ми се допаѓа. И покрај тоа што никогаш не бевме заедно, поделивме само еден бакнеж. Незаборавен.

    Знам дека не сакаше ништо да има со мене, знам дека не му се допаѓав. Но јас толку срамежлива, толку глупава да не знаев што да правам во тие моменти. Седев до него и се чувствував како да нема никој околу, тишина, а седиме ние двајца и не разменуваме ниту збор. Како низ магла се сеќавам, но ништо конкретно. Околу нас останатите од друштвото зборуваат, а јас никого не слушам. Доволно ми беше да е покрај мене, како во сон да бев, а не на јаве. Затоа имам еден јаз за тие денови и месеци поминати, ништо не се сеќавам. Само тоа дека седев покрај него и тишина ме обививаше. Важно ми беше да е до мене, тие спомени ме обземаа. Чудна ќе да беше мојата љубов кон него. Поминуваше време, не го гледав воопшто. Во друштвото се поделивме, секој по свој пат. Како одминуваше времето конечно ја најдов мојата втора љубов. Повеќе 3 и пол години како сме заедно.

    Но, минатото е тука, не се заборава, безброј спомени... И тоа се случи, да почнам да ја сонувам мојата прва љубов. Го мразев за сиот овој период, а истовремено втиснато во душата тој за мене беше чиста и искрена љубов. И покрај тоа што воопшто не го интересирав, за мене беше и остана прва љубвов, како кога неизмерно се сака. Го видов, вчера. А го сонував 2-3 пати во последниве 2 недели. Го видов вчера после долго време. Додека јас бев со мојата втора, сегашна љубов. Ме обзеде некое чувство, за момент се изгубив и повторно го имав истото чувство како пред 6 години кога седевме, околу нас други луѓе, а јас ја слушав само тишината, како да нема никој околу нас. Вчера после толку време, не' делеше еден метар, и пак го имав истото чувство. Како пред 6 години...

    Дали првата љубов е онаа вистинската? Дали кога неизмерно се сака еднаш и се чувствува љубовта кон една личност, истата може да се чувствува и за друг? Не го знам одговорот на овие прашања. Ако знае некој, нека ми каже.

    Го сакам мојот човек, долго време сме заедно, не можам да дишам без него.
    Но ова минато кое ме демне, не ми дава мир.

    Дали е една и единствена првата љубов, онаа вистинската како што ја имав кон него, или пак едноставно потребно било да се соочам, за да знам дека не заслужувал никогаш да биде сакан од мене?
    Дали откако ќе го дознаам тоа, мојата сегашна љубов ќе е онаа вистинската? Или само првата љубов останува единствена во животот?

    Нека ми каже некој :(
     
    На SimonaTino и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Прва љубов една и единствена..Иако имав врска го запознав кога бев излезена.Од тогаш ми пишуваше пораки , на фејсбук , ми се јавуваше..
    Но тоа гадното и љубоморно куче што бев со него со неговата љубомора направи да не се дружам со него.
    Дечкото се откажа а јас каде и да го видов срцето абе мислиш ќе ми излета човечееееее.Не смеев да се познавам со него ни на здраво.Една вечер додека тој идиотот не беше излезен во диското се заглавивме еден до друг , имаше многу гужва.Тој ни две ни три ме прегрна и ми кажа дека му недостигам.Солзи ми дојдоа на очиве.Помина 1 ипол година , се извинував на дечкото , без проблем си прифати тој.Бевме онака најдобри другари 2 години и се договоривме една вечер да излезме.Излеговме и еве сега имаме прекрасна врска.Прва љубов е тој , душа.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Имав само 15 години....
    woooww па кога го видов луѓе останав без зборови...
    По 1 недела се фативмее и одешее сеее нај нај.. Многу го сакав, ми беше прва љубов...
    И откако јас се заљубив во него... ми кажа дека има 27 год..... мее забеде имав и односи со него
    кога разбрав дека е на толкава возраст јасс многу инсистирав да се разделиме, но тој не ми дозволуваше
    ми велешее ТЕ САКАМ НЕ ОДИ.... а јасс???? хаааа што направив јас??
    одевме 1 година и се заврши точно на нашата годишнина....
    Останав без зборови веќе... сеуштее мислам наа негоо.. и многу го сакам иако сум со друг..
    Паа штоо ми предлагате девојки???
    ТОЈ МИ БЕШЕЕ ПРВАТАА ЉУБОВВ!!!!! :inlove: ;( ;( ;( ;( ;( ;(
    10.12.2011 :worried:
     
  7. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    :) немам право да те осудам но тука разликата е голема имаш само 16 -17 веројатно уживај пред тебе е животот тој е веќе созреан , можеби кога би била поголема ти би била различна ситација но вака..ти предлагам да бидеш силна и да живееш како што знаеш ,секое добро :)
     
  8. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Секако дека се сеќавам на првата љубов, тоа беше кога имав 13 а тој имаше 15 првиот вистински бакнеж(лапање) се случи токму со него. Бевме кај мене дома бидејки бев сама пиевме скок, и се сеќавам нешто му зборував кога тој наеднаш се доближи ме фати за главата и ме залапа. Знам само дека ѓи затвори очите и му се препуштив. Незнам колку долго се лапавме ама мене ми се чинеше какко да траеше цела вечност. Толку бе возбудена што само после 1-2 минути лапање доживеав оргазам и тоа замислете само од лапање, што сега ми е непоимливо. Знам дека на крајот на тој бакнеж се тресев како да имам грозница а срцето ми чукаше 200 во минута. Инаку дотогаш се немав бакнато речиси со никој освен со 1 другарка која беше 1 година постара па ми имаше покажано неколку пати што и како треба да правам со јазикот, и од филмови. Ма да ми рече дека не сум била лоша за почетник. Врската ајде така да ја наречам со тој тип траеше 6 месеци а раскинавме поради тоа што несакав да му дозволам ниту да ме допира, бидејќи мислев дека за тие години доволен е само бакнеж. Инаку се што е прво не се заборава прв бакнеж, прв петинг, прв секс.... инаку првиот петинг од имав на 17 а сексот малку покасно.
     
  9. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    prva ljubov ne smetams simpatii, muvanje, guskanje, baknezi itn. onaka prijatelski .........Ljubovta e sepak nesto drugo seuste ne sum imala decko, momce vo koe sum ludo zaljuben i so kogo ke doziveam ubavi momenti !
    [mod-kirilica:2mu3mm5u][/mod-kirilica:2mu3mm5u]
     
  10. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Прва љубов? Кога ќе се сетам кој ми беше почнува да ми се врти, но не практикувам многу да помислувам на тоа па така полека бледнеат спомените
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    јас порано бев заљубена во еден и сега сме си заедно така да тој ми е прва и се надевам последна љубов :inlove:
     
  12. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Уште од забавише имав симпатии, 5 одделение,6...но мојата вистинска љувов т.е. дечко а воедно и првиот бакнеж го имав на крајот во 8 одд со мојот дечко со кој одам сеуште :P :inlove:
     
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Прва љубов мислам баш љубов онака платонска :D, а и последна до сега.Го знам од мал.Првиот мој бакнеж со него - чувство најубаво.Мило ми е што сме уште и многу долго заедно.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Мене првата љубов (симпатија) ми се случи уште забаваче кога бев :D Инаку прв дечко фатив во средно.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Штом тргнав во школо, на 7 години. :rofl: Ама детето мене не ме сакаше. ;(

    :lol:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Хехе, темава...
    Првиот училишен ден, го забележав. Симпатија ми беше цели 6 години:o. Го споделивме првиот бакнеж. И толку:rofl:
    Сепак добро е за првата, детска љубов...
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.043
    Пол:
    Женски
    На 6-7 години, во забавиште. Така да траеше едно помалку од една година. Детето тогаш беше слатко, русо, симпатично. Порасна во нешто многу убо, уште рус, со бради, стил топ. Абе од мала сум знаела шо сакам. 8) Ама ништо поќе ни покасно, чисто пријателство.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Првата, односно детска љубов. ми се случи на 11 години. Тогаш бев 5-то одделение. Многу ми се допаѓаше дечкото. Мислам дека тоа не беше ни љубов. Го гледав како симпатија. Не ни знаеше дека ми се допаѓа. Учевме во исто основно школо, само што тој е една година постар од мене. Комшија ми е.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Даре од забавиште. Сите го сакавме.:D
    Од каде знам дека сите го сакавме?
    Смисливме игра ние девојчињата (Сабота беше инаку и во отсуство на машките се договоривме да играме). Си поделивме креди и направивме круг завртени со грб. Клекнавме и на тоа бетонот (во училишниот двор :!: ) ја напишавме првата буква од својот симпатија.
    -Готовооо? Напишавте сите?
    -Аха, готово.
    И станавме да видиме што сме напишале... Што да видиме? Цел круг со буквата ,,Д" и срце околу неа:D Фаците :o :| :(
    После се сетивме дека сме шкртале во училишниот двор и дека сите ќе го видат ,,the кругот " (па и Даре) и носевме вода од кај една баба за да го избришиме. Абе бруки- што да речам.
    Инаку Даре денес не е она што беше: слатко плаво весело детенце. Ем немтур, ем со ќика, ем наркос.
     
    На Priroden, kim.k, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    453
    prvata lubov vo 6 to... decko od malata panker fraeriste....go sakav pojke godini mislam deka od koga razbra za toa i toj me simpatizirase. se izmuvavme, pa me otkaci. pa me molese po nekolku meseci za vrska, ama jas gorda ne popustiv, a mn go sakav. Pominaa godini, zagina nesrekno. Od koga pocina razbrav deka celo vreme se interesiral za mene i deka mu bilo mn krivo sto ne ispadnale rabotite kako sto treba so mene