Тоа беа преубави денови навистина....Се ти е полно-рамно,не многу се замараш за нешто...Па потоа следува и медениот месец,па летниот одмор...преубави денови навистина дај боже да траат секогаш така Но како велат почетокот е секогаш најсладок и најубав...сега сме во очекување на бебуш па е уште поубаво
Колку убава тема...Сега со насмевка на лицето се сеќавам на првите денови после свадбата.Се беше толку убаво.Немавме апсолутно никакви грижи.Бевме на меден месец,уживавме.Најмногу од се обожував кога ќе зготвев нешто и кога ке му се допаднеше.Најубави денови.На сите им поскаувам такви денови исполнети со страст,уживање и негрижа за помалку битни работи.
Дали сум единствената овде што немам критики, забелешки, доживувања, мигови, возбуди итн првите денови/месеци откако почнав да живејам со сопругот или не се сеќавам не знам. Просто сето ова го доживував сосема нормално и спонтано, се чуствував како да се знам и да живеам со него отсекогаш, се ми беше еднакво во самиот момент. Љубов..
Иако уште од шрв ден сами искрено бевме како изгубни германци... ново место јас цела недела не можев да се навикнам да спијам, мм го мачеа мисли како ќе сме преживувале, а нема врска двата сме вработени,па еден период месечареше , јас врска немав од правење ручеци и домаќинлук ама брзо се снајдов па така се стабилизиравме можам да кажам после 4-5 месеци.
Хм... Како што кажале членката погоре ,се тоа ми беше толку спонтано и познато како цел живот да сме живееле заедно. Само што немаше ни меден месец ни одмор. Свадбата сами си ја правевме па финансиски бевме малку суви. А и мораше да се вратиме на работа два дена по свадбата
Првите денови од брак напнав да се тргнеме од местото кај што заедно веќе живеевме и се ни беше добро познато, да одиме некаде на 2/3 дена. Не беше меден месец но беше медена недела. До ден денес спомнуваме колку убаво си поминавме. Многу одмор многу љубов малце авантура и вкусни романтични вечери. Можеби веќе бевме во врска 7 години ама си се зближивме уште толку. И официално си ги прифативме свечено новите улоги на сопруг и сопруга.
Го кречевме станот у припрема за бебе. Он кречи, ја чисти. Си се изнасмеавме слатко на сопствен рачун. Планот беше меден месец на Афитос неколку дена, па накај септември некое одморче поасално ама пандемија не испланиравме
Меден месец во Турција Анталија една недела уживанција, само капење, навечер журки имаше во хотелот кафе бар. Најубаво поминато, немаше корона ништо прекрасно беше.
Најтешкиот период. Ми беше тешко во друга куќа, се стегав. Едвај чекав да видам некој свој да дојде на гости. Спремавме спрат, мајстори, чуда. Бремена бев 6 месец и за да избегам од нервози се качував на спратот и по цели денови чистев, се влечкав по 100 пати истото го чистев за време да мине. Потоа беше мирно, се прилагодив, се однесував како сакав, не се стегав толку. Се беше супер додека да се породам. Потоа како друг живот да добив, од мирна атмосфера стана хаотично. Јас со депресија, стресови, сите на глава ми се качија, доење,болки и хормони. Никој разбирање кон мене, следуваа тешки месеци исполнети со караници, расправии и нервози. Сега не е толку лошо, но недостигат многу важни работи. Како цимери сме со сопругот. Ама си велам ајде ќе биде подобро, битно да не се караме како претходните месеци.
Најубави денови дв адена само бевме после свадба дома т.е. кај моите од сабајле до вечер бевме да се видиме пред да си одат , вечерта пред да одиме на одмор се спакував за два саати и сабајлето во 4 тргнавме за Лефкада, здравје боже да порасне мали пак би одела