Први Мај - ден за излети или за протести?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Boyfromtown, 2 мај 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.836
    Пол:
    Женски
    Слушај ваму сега, МОМЧЕ ОД ГРАДоТ. Како прво татко ми, убаво пишав има долгогодишна традиција, 26,27 години некаде да одат за Василица на еден манастир под Крушево, и за 2 мај, на излет. И некни не беа на први, туку на Втори, И не завршија на токсикологија. Напротив, уживаа на сонце, се зафркаваа, играа кошарка отпосле, значи одржуваа годишница некоја.

    И ти кога толку многу си по протестиве, дај организирај молим те некој, па да те дружам. Толку патетики во еден народ нема да видам никогаш. Убаво те прашав, што фајде од протести кога никој нема да не слушне? Секој ден се протестира, под штрајк не се подразбира само дремење и укање, скандирање пред влада, збирање на маси народ за да покажат дека се многу, и дека се силни. Еве и јас секој ден протестирам на факс, се карам со професори, студенти, со сите за да ни ги направат условите подобри, да нема мито и корупција, да нема фалшиви оценки, па никој не ем слуша, ни мене ни тие што се како мене. Протестирам и кога немам пари да купам месо, па јадам манџа со зеленчук. А такви има мнооооооооогу во Македонија. Тие не проетстираат? Дали не е протест кога луѓето од 5 часот наутро цела недела дремат пред банка и чекаат да земат пари од субвенции, а нив ги нема? Во Мк секаде се штрајкува, се бараат права, се галдува, се мрзни, се гувее напразно, луѓето имаат проблеми, умираат по болници, ама нема кој да ги слушне. И баш На 1 МАј ќе ги чујат ако ја запалиме владата. Е нема да чуе никој!
    И те молам немој да кажуваш некои нелогични работи. Објасни ккао тоа планетата земја не е загадена?
    Изгледа околу твојата зграда цветаат само ружи, нема смрдеа, нема по некое шише фрлено, луќето околу тебе не се жалат дека ги фатила некој кожна болест која и докторите прв пат ја среќаваат. Не е воопшто загадено, пошто гледам и веќе не успева ништо по градините, ниту пиперка, ниту домат нема нормален. Се е како пластично, изгледано со безброј билки кои горат раце, а не горат џигери. Немој те молам. И тоа е политика за тебе. :fubar: |(
    И пак ќе ти речам, дај еве ти организирај за следниот мај догодина штрајк, јас ќе застанам до тебе прва, и ќе ти бидам десна рака. Па ако ни успее да добиеме што салкаме, ни нема рамни 8)
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    572
    Јас мислам, дека момчево не ја разбира суштината на штрајкот, и не капира дека кај нас е се тотално безпотребно, нема цел, како што е кажано горе, луѓето секој ден штрајкуваат, и се ама буквално се иде подоле и подоле. Само знаат да кажат имаме се под контрола.
    И јас ке му дадам на момчево рака доколку успее со штрајк, да ја подобри целава ситуација во нашава државичка.
     
  3. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    Штрајкуваа ли Албанците во средното медицинско училиште за повеќе паралелки албански коишто нема да поласгаат приемен испит?Сега ученици со двојки,тројки тотално неписмени ќе те лечат утре наспроти ученици што учат ко луди ќе дремат пред биро .Али кој им е крив додека изигравале шмизли покрај кеј на кафе некој се борел и добил.Добија или?Бојкотираа ли сите Албанци настава на македонски од прво до четвртто одделение?Добија или?Ти неможеш ништо да постигнеш доколку сте 50 луѓе.100 луѓе али кога ќе сте 10,20,30 000 луѓе со иста цел,мотив,срце да видиш дали нема да се избориш за саканото.Кај нас останаа 200 000 стечајци и никогаш немаше масовни протести никогаш зашто затоа што со една скара и три пива им ја смирија душата .Тоа ти е прост и неписмен народ.Мирољубив што нашата миеољубивост ти се граничи со тупавост.И како второ кај нас никогаш немало протести,се се тоа организирани протести од партиите за рушење на другата партија ко што сега прават со праќање на стечајци едни на други.И се додека имаш синдикати коишто се доведени и потплатени од партиите никогаш нема да имаш работничко движење.А за протести сум бил во 2008 бевме 100 души само(имаше 15 дечки од Грција читај од Грција дојдени да дадат подршка на македонските работници) ,а на кеј имаше 2000 народ што те гледааа ко овца да си.Па си реков јас за овие овци никогаш нема да се борам никогаш.Сакаш уште.....
     
  4. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    Кај нас нема штрајкови има партиски војници што се пратени со цел да штрајкуваат ;) .Изгледа ти ја немаш сфатено поентата на штрајк.Гледај утре на вест има масовен штрајк на сите грчки синдикати.Научи нешто од тоа ;) Има и поубави работи од тоа да се биде барбика у Картел....





    не мислев на тебе :!:
     
  5. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    Да Тито беше тој што самиот се бореше против 15000 германска и бугарска војска во Македонија.Не срце самите Македонци си ја ослободија државата.Нити Срби,нити Хрвати,нити Словенци читај само Македонци се бореа за својата држава на чело со Ченто читај Ченто.Мојата баба загина у Пасртизани она ни беше Хрватица,ни Србинка ;) .Цветаше образованието со само 10% факултетско образовани луѓе.Иди види во завод за статистика колку има само луѓе со 4 и 8 одделение ,а раснеле во тоа време.Едно што е позитивно е бесплатно образование тоа почитувам но колку беше бесплатно тоа е знак прашање но сепак поевтино од ова денес у секој случај.Југославија ја изградија западно европските банки и тие пари кога тогаш требаа да се вратат.А тука луѓето што ги лажеа дека тоа се неповратни кредити и дека се помош тоа е веќе друго прашање.Прашај слободно некој што се разбира малку повеќе од економија и политика ќе ти каже дека Југославија билоа презадужена од кредити и кога тогаш саматаќе пукнела одвнатре.У Југославија се создавала вештачка економија и никогаш Југославија не била комунистичка држава ;) .Како може некоја држава да е комунистичка ,а е изградена од капиталистички пари?Тој што тогаш се замарал со политика висел на Голи Оток ;) .Дека си од Охрид,а у Охрид победи комуњар за градоначалник можам да претпоставам зашто таквото мислење.Се зезам :)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.923
    Допаѓања:
    151.081
    Пол:
    Женски
    Не кажав дека Македонија ја ослободиле не знам кој од окупаторите, не го оспорувам фактот дека Македонците сами си се изборија за слободата на ова парче земја. Ама јас зборам за тоа, дека ако тогаш не се формираше СФРЈ, немаше Македонија да постои денес како независна и суверена држава, туку ќе беше поделена меѓу соседите - и да, вистина е ова, и иако Македонија требаше да има поголема територија, го имаме само ова денес. А тоа за странските кредити - било, поминало. Западните земји решија да ја растурат СФРЈ затоа што така им одговараше нив... ама стварно нејќам да навлегувам во политика. Денешниов систем им одговара само на оние богатите, оние што навистина имаат пари - прашај некој од работничката класа, ама онаа вистинска работничка класа што ќе ти каже, дали денес им е поубаво, или тогаш. И тоа што во Охрид победил комуњар нема врска - јас не припаѓам на ниту една политичка партија и затоа седам без работа, подработувам понешто кога ќе ми излезе денес за утре. А ако бев член на некоја партија сигурно ќе бев на важна позиција и ќе имав куп пари - е па не фала, не сакам да ме ценат според партиската припадност, туку според моите способности. А припадноста на партијата ќе биде само темна дамка во моето досие која не сакам да ја имам.
     
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    572
    бој, си се запнал за темава ко слеп за стап. Сфати, не сме грција, не сакам да ја гледам Грција. Посебно не сега, кога сакаат да ни го сменат името. Воопшто не се замарам со другите, зошто не зависам од нив, и грешка си, мајка ми не е платен војник, и штрајкуваше. Но, не доби ништо, уствари од 19 плати, доби само 50 денари.
    јас пак ке ти кажам, да народов треба да се освести, но дали ке биде 1ви мај или 10 јуни, 1 јануари воопшто не менува. Ако некој еден ден не отиде на штрајк, не носи загуба, зошто и онака веке премногу загубивме.
    Ти секирај се да не избие војна, како што ми изгледа и како што слушам. Замисли сега, да не работиме туку само да штрајкуваме, или пак оние што немаат работа, да не бараат работа туку да губат време со глупи штрајкови.
    А во грција, ке се собираат масовно, ке има инциденти, зошто тие не се судат меѓу себе зошто отишле на 1ви мај. пошто толку многу знаеш за штрајкот, барем кажи ни кој штрајк успеал кај нас. Кажи ми што е подобрено во последниве 10 години??????
    И кога веќе спомна картел, сакаш да кажеш дека не треба да се излага туку да се штрајкува??? Не ти држи тезата. Премногу гледаш розово на животот, мислиш дека се има лесно решение, но за жал не е така.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.836
    Пол:
    Женски
    Овој народ воопшот не е неписмен. Полека малку. Навредите ти се упатени кон сите 2 000 000 жители. Односно еден помалку, ти! Под твојата дефиниција за неписмен народ ги сврстуваш сите луѓе кои цел живот се борат за парче леб и добар живот. А најмногу се такви. И не може сите да бидат со факултети, докторати.

    Не постигнаа ништо. Она што ти го наведе како пример, исто така беше политичка игра на некои партии.
    Штрајкуваат луѓето со години, ама немаат кој да ги чуе. Се што се прави, се прави веќе предвреме смислено, со цел да се ублажат одредени работи.
    Ама еве ти една реална ситуација-луѓето штрајкуваат со глад кога немаат пари да купат леб. Ама преќутно. И да кажат никој нема да им верува. А во душата си знаат како да го изразат својот револт.
    Од толку многу проблеми што во нашава држава ги има, секој ден треба да биде ден за протест. Тогаш што?
     
  9. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=60177
    Тројца мртви денеска во немирите во Грција според некои извори имало 80 000 илјади народ.Пробале да влезат во парламентот со скандирања крадци кради.Имало и преку 20 повреди полицајци,а преку стотина демонстранти се приведени вечерва се очекува нов бран немири.Тоо тоа сакам.Запалени се 2 банки до темел.Ова се демонстрации,а не како кај нас со шатори пред влада 3 години дремат и на крај пак ги поебаа.
     
  10. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    Дали било политичка игра или не иди види во Панче Караѓозов сега има нови паралелки Албанци ;) .Другото веќе не е ни битно.Поздрав
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    572
    е тука те чекав бој, за грција да слушнеш. Убаво е да гинат луѓе на протести, штрајкови?????????? Ок, асално кренале бунт, но не треба никој да гине, туку да ни дојде памет.
    Ок бој ајде доста со темава, со глупости, ајде сите сме со тебе, од следна година штрајкуваме на чело со тебе сите, може ти ке смениш нешто во држава со тој еден ден.
     
  12. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    Од толку проблеми низ државата ниеден ден не е протест.Тогаш што?
     
  13. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    97
    А не е убиство да оставиш 200 000 луѓе без работа,просперитет ,да ги соголиш до гола кожа ,а притоа да не одговараш?Не е убиство тоа?Ако за тебе е глупост да се бориш за иднината отколку да се напињате цел живот за вашите патетични љубовни проблеми и шминка изгледа јас сум бо грешка.Којзнае......
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    572
    Срце мое напатено, ти нема да им дадеш работа, кога постираш читај пред тебе постот убаво детално. По кој пат да ти кажам, или треба да земем инка и во уво да ти ја пикнам и да зборам, мајка ми идеше којзнае колку време секој ден на протести, значи протес(штрајк) дома , спиење, пак исто од поново, оставаше дете 6 одд да чува болем маж од 46 години кој што не можеше сам да стане па немаше кој да го крева морам јас. Но што доби со тоа е проблемот? Сега работи, и ти паметен сакаш да ми кажеш дека не треба да работи туку да иде на штрајк, срце не е се онака како што мислиш, нашите штрајкуваат, но не добиваат она што бараат. Неможеш ако си во клриза излезот да го бараш во штрајк. Мајка ми зима 9000 и пензија од татко ми зимам 5000 , значи вкупно 14 000. И немам да го продолжам факсот, тоа значи дека треба да кренам раце и да штрајкувам????? Не, јас барам работа ко луда, одам, прашувам луѓе се борам,а ако застанам пред влада со парола дај те ни работа, само слатко ке се изнасмеат.
    Сфати дека сме држава во која секој си прави лоши работи зад грб, и дека секој си гледа за себе, јас сум среќна што имам што да јадам, што да се облечам, а ако немам за шминка и пијачка во картел, неморам да излезам, нема да умарам ако не излезам, ајде малце попувај им на оние што се жалат дека немаат, а секоја вечер излагаат, се облакаат у марки, секоја година на по 2 одмора....
    не знам колку години имаш , али те молам, Не збори за нешто што не си го осетил баш онака како што треба, зошто верувај не е лесно да се штрајкува, не е лесно дома да се остави мало дете цел ден со болен човек, не е лесно сама жена да изведе дете на прав пат. Ако мајка ми уште штрајкуваше, сега немаше да имам леб да јадам. Не може да се напушти работата, за еден мочан штрајк кој не ти гарантира ништо.

    Бој, сите пробуваме да ти кажеме дека, ако сака да протестира некој, кке приотестира било кој ден, а не 1ви мај. Ти запна за 1ви, ко само тој дена да е. Зошто наместо да славиш нова година со другарите и да се пијанчиш, иди бе протестирај!!!! Ако толку ти се штрајкува, прво ти сам нема да се буниш кој кај отишол з а1ви мај, туку, ке дебатираш дека секој ден треба да се штрајкува. Ке дадеш совети за поуспешен штрајк. ке кажеш каде се греши. А денот воопшто не е бидет, саатот воопшто не е битен.

    Немам ништо лично против тебе, немој криво да ме разбереш, јас сум во глобала гневна на државава, нема напред во неа. Затоа памет у глава и бори се со сета сила, ако учиш, гледај да постингнеш што подобри резултати. ако студираш гледај да не го одолговлекуваш факсот. Ако работиш, работи асално, да бидеш што подобар и подобар. Зборам хипотетички.
     
  15. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    72
    Дефинитивно само за излет, скара, сонце, убаво расположение, избегнување на секојдневните обврски, одмор во природа... :clap: Позз :f:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.536
    Допаѓања:
    51.316
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Мене Бој ми личи на типче што само се користи со теорија, ама пракса ретко.
    И повеќето се такви во нашава државичка. Затоа немаме ни асален протест.
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    ЗА ИЗЛЕТИ :) кратко и јасно ;)
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    823
    во светот ден за протести и тоа радикални а кај нас тоа тоа е ден на скарата и месото :doh: :doh:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    133
    За излети ;)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.968
    Пол:
    Женски
    поминало врме кога се штрајкувало на први мај, сега во денешно време тоа е ден за излет.
    Не дека нема друг ден кога би можеле да отидеме на излет, ама искрено кога некој може да слави 300др. небитни празници и да им дава значење,тогаш зошто први мај да нема значење за излет.
    Дефинитивно - први мај ден за излет