Први Мај - ден за излети или за протести?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Boyfromtown, 2 мај 2010.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    За протести! За излет може и било кој викенд!
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Како доаѓа времето ќе немаш пари ни за еден сендвич да си купиш а недај боже да застанеш пред Влада и да протестираш, веднаш си маркиран и леташ од раб. место или никогаш нема ни да го добиеш.
    Немаме ние јак Синдикат кој ќе може да и ржи на Владата туку баш напротив тој лиже газ на Владата.
    Епа кога не си моќен терај си како ти одговара.
    Кај нас и Револуција да има нема ништо да се промени, и да падне Влада и нова да дојде, пак исто, затоа што државата не работи за раст на економија туку работи како да ја опљачка најубаво. Во сите развиени земји сите работат за подигнување на економија и тоа е основна цел на секоја партија а кај нас е наопаку - абе сите наопаку а ние терсене ;) .
     
    На Sweety-Tweety и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Скара и музика,секако се пропаѓа,барем да пропаѓаме достоинствено :lol:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Истото не важи ли и за протестите? ;)
     
    На Abeja, E...V...I...L и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Како што во остатокот од светот протестите за Први Мај се традиција очигледно така се овде излетите и не гледам зошто треба да се менува тоа. И еден ден протести као би направиле некоја разлика кога останатите денови тераш вообичаено.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    За кебапчики и пиво

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    За излети! Кога веќе шуќурот е слободен ден, да се искористи за шетање максимално. :D Да си ја одмориме душата барем на еден ден. ;)
    Уште и сончево да се погоди времето. Хмммм. Мераци... :sun:

    За кој синдикат зборувате? :?: Имаме ли и ние синдикат? ^_^
    Да протестирам со нив колку да покажиме на вести на тв колкумина сме се собрале? Не!!! :headbang:
     
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    За скара и пиво :)
     
  9. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    За излежување :)
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Кога не не бива за протести, барем за излети сме најорганизирани.
     
  11. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    Протест може секој ден :)
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Денес е меѓународниот ден на трудот, такозвани Први мај.
    Датум што нè потсетува на средовечни луѓе покрај некој поток испоседнати на столови бистрејќи политика, доста поднапиени, шишиња пиво оставени во реката, нивните кутри жени дробат салата и од секаде чади мирис на скара.
    Ете, ова е сликата која секој од нас ја добива кога ќе се спомне денов. Од некоја причина, секаде се одбележува денов со штрајкување со цел да не се заборави угнетувањето на работниците, само кај нас луѓево одат на пикници и се прејадуваат и раздрдоруваат цел ден.
    Не само тоа... Најтрагичниот дел е што најгласни денес се недоквакани тинејџери кои се пијанчат во некоја викедица и не можеш да ги препознаеш следниот ден во школо. Знаат ли воопшто што прават и зошто?
    Знаете ли сите вие што денес „празнувате“, што празнувате, зошто не одите на работа денес, или важно ви е само што се падна понеделник и си добивте продолжен викенд. Јеј.

    Жал ми е, ама ова е простотилак. Ова е надвор е секоја првична замисла за овој ден, надвор од сите граници на глупоста што можат да се поминат. И не, не ви е никој крив што државата не оди напред. Државата не ја прават десетина луѓе кои се тепаат за власт, сите вие ја правите. Сè додека вака простачки и игнорантно „го славите трудот“, нема да се поместиме од мртва точка.
    Се надевам дека ќе уживате во денов. Cheers! :d:
     
    На kravce, cresa-jagoda, bella96 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски
    Најчесто се воздржувам од реплики на оваа тема, али коментаров ужасно ми боди очи.
    Зарем оние кои рмбаат по цел месец за мизерна плата од 150/200 евра не смеат да се опуштат на овој ден? Што е толку заостанато и глупаво што ете луѓето на овој ден се собираат и прават скари? Па мене искрено нај убавите спомени од детството ми се беш од 1 мај, собрани сите на куп, татковците прават скари, мајките се занимаваат со салатите, а ние децата играме во нивна близина и се интересираме за се и сешто.Што има толку мизерно и страшно во ова?
    Дали ќе промениме нешто во општеството ако на овој ден се затвориме дома и мрчиме за оние кои излегле некаде да си поминат убаво? Виновни сме да, за состојбата во која се наоѓаме, али со седење дома и префрлување ништо нема да постигнеме.Гледам домашните. Се собираат заедно сите најчесто на овој ден, бидејки работните и домашните обврски не му дозволуваат друг ден да се соберат скроз сите заедно. И што сеа, ајде седете дома да им речам, ќе се понижите ако излезите овој ден да го прославите негде, и вие мажите со дебели стомаци што ќе смрдите на скара и пиво, и вие кутрите жени што цел ден ќе го помините сечкајќи домати и пиперки. Ние одамна сме кутри и мизерни со самото тоа што живееме тука, оставете бар 1 ден во годината да го поминиме без грижи, најглавно оние повозрасните кои глава не можат да кренат од работа.
    И јас, ко тинејџерка, иако " немам појма " што значење има денов, излегов на ливада и си поминааав топ. Дружење, смеење цел ден. Ако тоа ме прави заостаната и неинформирана, нека ме прави, супер.
     
    На referentka, Mrs.Brain, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Всушност Лела ги повикува угнетените работници да штрајкуваат и да се борат за своите права. Па утре да ''пољубат врата'' во текстилната фабрика каде работат. Мислам, во оваа ненормална држава ...баш работниците со 200 евра плата ќе ги мрднат работите од мртва точка. Филозофирање, рационализирање, стереотипи...

    А @christinnn тинејџерка си? Многу зрело и приземно.
     
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски
    Можеше во поблага форма тоа да го напише, како и да е.
    Можеби во некоја (по) нормална држава работничката класа би успеала да се избори за своите права, кај нас тоа не функционира од многу познати причини. Ќе излезиш да се бунтоваш и ќе ти речат ако не ти чини работното место, бакни ја надворешната врата. Како да си роб. Има многу многу луѓе кои би дошле на твое место, и да работат за 150евра, и да бидат третирани како животни, и да бидат газени и понижувани. Бидејки сепак на крајот на денот, секој се храни со леб, егото и гордоста нема да ни го наполнат празниот стомак. :)
     
    На t-sweet, Rama, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против семејни пикници, колку и да се такви какви што ги опишав (што патем не е она што треба да се случува на пикник, ама ај...). Но имам против тоа тие да се прават на овој ден, за кој со две раце потпишувам дека 90% од сите што го прават мислат дека е ден за одмор и излет. Ме иритира што тоа не се знае, ме нервира што Први мај кај нас се поврзува со скари и пијанчења, а не со првичната идеја. Тоа не значи дека ги повикувам сите што вчера беа на излет да протестираат надвор, туку да се едуцираат. Бидејќи ти можеби знаеш што значи денов и си помирена со тоа како се одбележува, ама тие не ни знаат и не ни мислат дека се ептен настрана.

    Патем, да, ги осудувам сите тинејџери кои се собираат во викендици и лумпуваат до миље воље и нема никогаш да престанам. Тоа не значи дека не мислам дека имаат проблеми, јас сум тинејџерка на крај краева, знам како е и знам дека ни треба одмор. Ама ова е најпогрешниот начин да се направи. Да, ден на трудот е, ама на работничкиот труд и сè додека тинејџерите не се вработени, контрадикторно е нивното собирање, на овој ден. (Потенцирам, на овој ден, немам ништо против излети и еве лумпувања секој друг ден)

    Целта ми беше да кажам дека работиве кај нас се целосно испревртени, бидејќи ова не е единствениот ден на кој кај нас му е извитоперена идејата за 360. И секако дека очекував некој да ме цитира со оправдувања. Не се однесува конкретно на секој од вас што вчера бил некаде, туку на нашево општество како целина, кое со текот на времето само докажува до кај му е црпката.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Olie Libera

    Olie Libera Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    За жал први мај кај нас никогаш не го имал вистинското значење, откако памтам јас први мај е ден за излет а не да се покаже на власта незадоволството на работниците. Искрено сега кога и семејно сме поделени партиски не очекував дека ќе се организира некаков си протест, кај нас одамна работниците се оставени на милост и немилост на газдите кои ги третираат работниците како потрошна роба.
    Она што најмногу ме нерира а за што ние жените остануваме и глуви и слепи е што свесно или несвесно ни го ускратуваат правото на пород со тоа што во добар дел од случаите ја губиме работата или не симнуаат неколку скалила подолу ако недај боже забремениме што е нон сенс. Каде тоа уште во која држава на интервју за работа прашуваат дали и кога планирате да останете бремени? Тоа е мешање во најинтимните работи ама нам жените ни е побитно да сме поделени партиски и недај боже да излеземе да протестираме ако „нашите“ се на власт тоа би било смртен грев.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.810
    Допаѓања:
    80.594
    Пол:
    Женски
    Сакав во друга тема да поставам прашање ама мислам добро е да отворам посебна тема. Ме интересира да видам мислења и ваши искуства во врска со работата и правата на работниците.
    Прашањето кое сакав да го поставам е:
    Дали вие вработените ги имате сите права, дали имате зад себе Синдикат кој се залага за вашите права? Како се чувствувате на работното место? Дали се чувствувате дека не сте ценети? Дека сте експлоатирани? Дали сте задоволни од висината на платата, дали ја добивате навремено? Дали можете да земете слободен ден кога имате потреба? Дали можете да земете одмор кога сакате вие или тогаш кога работодавецот ќе одлучи? Дали сте осигурани?
    За невработените, колку е тешко да дојдете до прилика за работа?
    Да видиме каква е состојбата во 2023, современо време, што се' уште ни фали, што треба да се промени.
    Генерално, најголемиот проблем е недоволно платен и недоволно ценет труд, но повеќе би сакала да видам ваши лични искуства, што даваат слика за работата кај нас, отколку општо мислење.
    Има тема на форумов со наслов "Каде за 1-ви Мај", но дали денот е ден за скара или е ден за протести?
     
    Последна измена: 1 мај 2023
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.555
    Допаѓања:
    13.907
    Имаме синдикат, со години труби едно исто, а промени нема. Уживам над 90% од правата кои @Bitter-Sweet ги наброја, ама за тоа се окозив. Пријавена, редовна плата, ама подобро секогаш може и мора. Не одам на протести, ни на скари. Битно ми е секој ден да имам да јадам, не само на 1 ви Мај. За жал, голем дел работници враќаат дел од плата, К-15, земаат одмор кога газдата ќе каже итн.
     
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски


    Важи ли ова и за Македонија?