Многу интересно откако прочитав повеќе коментари.. 1ви Мај било за да се соберат сите пријатели, роднини зошто тогаш им бил неработен ден. Па вам ако ви е неработен (ете на 90%) значи работите администрација, многу веројатно партиски примени и нормално нема да протестирате.
Да се случуваше ова кај нас можам само да замислам што се би пишувале нашиве несудени западњаци. (Видео) Искршени постојки и излози, запалени автомобили, солзавец – прведени 300 демонстранти на протестите во Франција
Ова за нас е правено, сигурна сум. Се' си е на место, еве сега вложија (?) напор да изгураат и 12-часовно работно време, за атер на газда Сем. Таче рече добро било за продуктивноста да се ринта 12 саати, по секакви временски услови. Кога сме кај газдите, се збори дека газда Сем на "Бехтел и Енка" е синот на Бајден. И дека скандалот со милионските пенали ако не се изгласа законот за 60 часа работна недела (а не се изгласа во собрание до рокот наведен во договорот) е всушност - рекет. Рекет кој Таче, Груби и компанија мора да ги исплатат на Бајден, како знак на "мала пажња" што ги држат на власт. Ете така ја вртиме економијата. Од мене, од тебе, во џепчето на вампирот.
Балканот и феноменот Први Мај скроз точно овде опишани: Naspi nam po rakiju i nazdravi za kraj tehnološki višak danas slavi 1. maj Ovdje se rastajemo, zbogom, good bye mi idemo u stečaj, sretan 1. maj
Ќе се издржи, што не поминало Цел Балкан игра иста игра,премногу сме ситни за да бидеме прашани...но, кога ќе наиде олујата, ќе остане можеби некој , на чист воздух после се
Ден на трудот.Ден на работникот што значи ден за протести и барање подобри права за работникот.Први Мај е ден за барање и бранење права не за правење скара.
Многу долго не сфаќав за шо е 1 Мај ( зборам ко дете). И ми стана традиција да морам да одам на пикник. Проблем со то е шо ич неќам толкав хајп околу настани како Први Мај или Нова Година ама ги прам од традиција. Е сега за прашањата. Сега кај шо работам, прв пат сум дури запрепастена колку е добро. Платата ако денот шо треба да добијам е неработен, или викенд - добивам пред та дата. Слободни имам регуларно, зедов и к15 најрегуларно, со редовни покачувања. Прв пат кога рандом користев ден, па дури и ко се најдов цел викенд слободна, чекав само телефонот да заѕвони да ме побарат шо било пракса претходно на други места. Осеќам и сигурност. И то искрено е позитивно и жал ми е дека секој нема такво искуство.