Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првото "Те сакам" во врската

Дискусија во 'Врски' започната од butterfly992, 2 февруари 2013.

  1. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Првото ''те сакам'' се случи на многу интересен начин.Бевме на еден паркинг лижевме сладолед.Неколку дена пред тоа ме учеше на неговата кола да возам.И така седиме си лижеме сладолед,а мене една голема желба за возење зоатоа што ми беше ново и интересно но сепак бевме на почеток и ми беше срам.Го прашав зашто не ме понуди да возам,а тој на тоа ми одговори па не сум ти во мислите не знам што сакаш и мислиш,посакај се што сакаш од мене и ке имаш.И јас ни два ни три ми се испушти од уста ''Tебе те сакам''.Неколку секунди следеше молк а потоа ме гушна и ми рече не се срами тоа што го кажа не е за срамење. :D :D :D :D :D
     
  2. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Уште бев во врска со бифшиот, но на крајот бевме веке. Така си правивме муабет на телефон, и онака ајде убаво да спиеш ова она и ми рече дека ме сака :lol: :inlove:
     
  3. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Сеуште не е кажано. Од прилика муабети си вртиме, ама славното те сакам не е искажано :D Ајде, рано е штотуку почнавме.
     
  4. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    После два месеци одкако се фативме ... Го чекав на рекорд и веќе каснеше десет минути а декември многу студено. Така тресејки го гледам од таму трча и тука ја урлам десет минути а он така стои ко покиснат и од ранец ми вади ружа и ми вика многу те сакам. И ја онака :О со поздината уста незнам што да кажам... И ме гушна само и му шепнав и јас тебе. И ми вика леле поради ова што кажа ќе заврне снег и утре дента имаше малку снег ко за беља :lol: срце ми беше ^^,
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Прв дечко, 15 години, после одприлика 2-3 недели.
    Може бевме деца, ама беше најискрено кажано, за време на гушкање, нежно на уво.

    Од тогаш не слушнав веќе такво искрено ,,Те сакам"

    Некако сега на фејсбук уште истата вечер се кажува, а за тет а тет се помалце храброст има и од двете страни.
     
  6. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Првото “Те сакам“ е токму во оваа врска и никогаш нема да го заборавам зашто беше многу спонтано и искрено. Беше откако поминаа 3 месеци, кога бевме пред раскинување. ;(
    Почнавме да се расправаме, откривме кој сакаше да и’ наштети на нашата врска. :devil:
    Одеднаш молк.
    Двајцата во ист момент го изговоривме. :$
    Знам дека звучи измислено, неверојатно, но така беше ете ненамерно.
    А потоа следуваа рој обострани бакнежи. :*
     
  7. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Првото "Те сакам" ми го кажа дечко ми.
    Беше во почетокот на врската, дали имаше поминато еден месец. Купувавме сончоглед во парк, и ме праша дали сакам и јас да грицкам. И му реков дека ме мрзи да грицкам, бидејќи ја сум си мрза невидена. И тој ко што си грицкаше ми ги даде изгрицкани ми ги пикна во уста и ми рече за да не сум се мачела. И тогаш се насмеав, го бацив во образ, се сврте накај мене и бум ми рече "Те сакам".
    Се збунив и незнаев што да кажам. И јас го сакав ама се ми дојде некако пребрзо.
    И по некое време и јас му кажав те сакам, дури и се зачуди дека конечно му ги кажав тие два збора. :)
     
  8. Blue97

    Blue97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    44
    Првото "Те сакам" дечко ми ми го кажа на многу чуден начин.
    Дека беше многу срамежливо детенце тогаш, а го тераа другарите да ми каже еден ден после школо кога се возевме во бус седна до мене. Ми го побара мобилниот и отвори Notes. Знаев што мланира да ми напише! Јас исто така се срамев и постојано бев свртена накај прозорот и не се вртев. Ми го врати телефонот и ми рече оди во Notes. Незнаев што да напраам во тој момент кога ќе прочитам па му реков после и и се јавив на другарка ми со која зборев цел пат. :lol: Од кога се качи со следниот бус до дома, јас прочитав и се насмеав. :D
     
  9. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Првото "те сакам" веројатно ми било од првиот дечко во основно , но ништо сериозно детска љубов од негова страна , а она вистинското ми се случи со еден бивши по негде 3 месеци мислам дека беше и он после искачање ми врти ( а одделно бевме искочени) правиме муабет и тој на крај убаво да спиеш и замолче и пак и ... "ТЕ САКАМ" и јас таква надвор од себе пошто навистина тогаш почнав да се вљубувам за 1 пат и целата треперев не се секавам дали кажав и јас тебе , да биде бељата поголема мислам дека не се секаваше он на тоа и јас таква по неколку недели камен пијана и јас сум му кажала и тој не издржа да не си праша утрето ден дали стварно јас тоа или дека пијана и мене еден срам таква сум малку скржава со емоциите викам јас сум ти кажала !? Не , ти мене прв ми кажа тогаш и тогаш и он ауу јас прв , добро а што ти пијана па не го мислеше а у тука некои препирања имаше ама на крај утврдивме дека се сакаме(тогаш) :)
     
    На peterpan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    првото те сакам оште како дете да но вистински те сакам како повозрасен од различни страни и моменти во брак и во врска те сакам многу не игра улога кога на партнерот му дадеш до знаење те сакам многу неможам без тебе и крај си стануваш не интересен аутоматски шансите за успешна и долга врска стануваат многу мали Ч) но сепак сакајте се да сакаш и да бидете сакани е најубавиот подарок денеска
     
  11. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Се случи на второто испаѓање откако бевме во врска. Не ми се веруваше дека го слушнав тоа толку брзо, а не е некој што кажува те сакам туку-така. Како и да е, до сега и повеќе од доволно докажа дека е вистина :inlove: А тогаш, му реков „и јас тебе“ иако мислам дека не беше така...
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.842
    Јас прва кажав. Со самолепливи букви му напишав и ги ставив во патиките. :) Не можев во лице да му кажам, ми беше страв. :)
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Бидејќи бевме другари пред да се фатиме, уште првата вечер кога ме бакна ми кажа дека ме сака. А, јас му одговорив со: "Јас тебе не." :rofl: Следниот ден му го кажав тоа. :)
     
  14. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Прв кажа дечкоми, но јас го засакав уште пред да се фатиме т.е. кога ми се пушташе ...а тоа го кажа на почетокот некаде мислам дека уште кога се фативме истиот ден вечерта на фб ми кажа... 1 месец си пишевме и се засакавме уште тогаш :inlove:
     
  15. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Он прв ми кажа и тоа после еден месец од коа почваме да се гледаме .. така една ден си седам и ми стасува порака ТЕ САКАМ ... и јас коа го прочитав тоа срцево ќе ми испаднеше од радост пошто јас во него бев заљубена уште од првото наше исѓање едноставно полудев по него од првата наша средба но чекав он да ми каже прв а и од друга страна ми беше малце и срам да му кажам уште одма дека го сакам дека полудев по него и таа ден кога ја добив пораката бев баш ваква :rofl: :rofl: :rofl: :dance: и еве не после 3 години и 3 месеци сме уште заедно заљубени :inlove:
     
  16. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    После една недела тој прв ми кажа дека ме сака... :)
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не сум долго во врска, ама сум во една прекрасна врска.
    Тој прв ми кажа дека ме сака, до негде мислам дека му се испушти, ќе пукнеше ако не го кажеше, и да не кажеше - знаев. Не можев да му вратам, ипак 2 недели дали идевме, 3 недели се познававме, ме збудале не знаев кај ми е главата од љубов, ама не сакав да брзам да кажам дека и јас него го сакам.
    После тоа ми кажа уште неколку пати и не доби повратен одговор и на крај сам ме праша, е тука, немав кај да бегам... само кажав да...
    После тоа полесно ми беше да го изустам.
    Сега не секој ден, ама во одредени моменти кога пукаме од љубов си кажуваме, ама онака, како да не ни се верува како е можно толку да се сака некој.
     
    На Domino и Barbie20 им се допаѓа ова.
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    хмм се случи точно кога правевме 1 месец. Он ми кажа што како планира со мене, дека сака посериозно, дали сакам и ја и ме праша што јас чувствувам за него пошто он веќе ми кажа- и јас со мољакање пошо ми беше некако срам- му реков те сакам. :angel: :tmi: :inlove:
     
  19. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Тој ми рече дека ме сака по една недела од врската.Јас се шокирав не очекував толку брзо да ме засака,ниту му поверував.Само му реков:не мислиш дека е малку рано?хаха
    Јас му реков после еден месец кога навистина почнав да го чувствувам тоа.
     
  20. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Јас го кажав , тој бил исплашен незнаел како ќе реагирам. :devil: