Немој да се плашишѓ дали ќе ти возврати, туку повеќе плаши се дали после тоа тој ќе се смени. Мажите се чудна сорта, интерени сте им само додека сте им недостижни, се додека се несигурни дека потполно ве освоиле, откако ќе сватат дека ве освоиле губат интерес за вас. Да прецизирам, мој совет е никогаш немојте да го кажете тој магичен збор „Те сакам“ ниту пак премногу покажувајте, туку секогаш оставете простор тој да чувствува несигурност. Немојте никогаш да споредувате машко и жнско, ние жените сакаме да го слушнеме тоа те сакам, но мажите кога ќе го слушнат тоа престануаат да ве освојуаат, затоа што веќе сте му освоена тврдина, и тој заминува во нов поход. Најголема грешка е по 100 пати да му кажуваш дека го сакаш, некои тоа го викаат лигавење. Мажот е како лавот, се додека е полу сит од рака ќе ти јаде, ако му дадеш да се најаде тој престанува да те слуша. Денес многу лесно се кажува тој збор и за жал го изгуби вистинското значење.
Паа кога почнав да излегувам со него првите неколку пати мислев дека сум му за една или две вечери ..Пошто типот тогаш беше страшен женскар..Ја имаше која и да посакаше си искачаше со која и да сакаше ...И онака женските лудуваа по него...иии Немав храброст да му кажам дека го сакав тој ми велеше си се залјубила во мене ова она ...а јас онака ко падната од марс абе кај ја да се залјубам ова она хаха и после 1 месец му кажав дека го сакам и сеа постојано му викам дека го сакам тој само фацки ми прави ...
Доаѓа спонтано, без никаков страв или притисок. Барем во мојот случај беше така. Порано ми се чини дека му придавав огромно значење на тоа те сакам. А сега многу повеќе го ценам кога е во друга форма, наместо искажано со зборови
Првото "Те сакам" беше од негова страна. Што е најинтересно, тоа се случи уште пред да бидеме заедно, она официјално, да се "фатиме"
Тој ми призна прв, но знаеше дека и јас го сакам. Помина еден месец откако ми кажа па започнавме врска. Инаку пред тоа излегувавме 4-5 месеци. Воопшто не се брзавме
Првото ''Те сакам'' беше од него, на мојот роденден иако бевме во врска само една недела... и одтогаш не поминал ден а да не си кажеме!
Јас никогаш во моиве врски што сум ги имала, не сум му кажала прва "те сакам" на партнерот. Значи треба да помине доста време за да го направам тоа...
Мене прв пат ми се испушти. Така нешто се шалевме, зборевме и јас се заборавив. Ама не се покајав, зошто така ми дојде во момент. За се има прв пат. Имав чувства веќе.
хахаха интересно.Јас прва му кажав дека го сакам бевме пијани и јас истрескав хаха душичката ми се растажи пушти солза и ме баци хехехе вечерта се криевме бидејки и двајцата имавме партнери мада он таа ја испрати дома а неговото те сакам беше смешно место те сакам ми кажа ти мене ме заеба хахаххаха а ја се стопив неможев да поверувам дека го слушам тоа и после некој ден следеше Те сакаам те сакам премногуу
Првото Те сакам беше кажано од моја страна за некое чудо. Зборовите излегоа сами од мене не можев да ги контролирам. А колку се срамев. Ги кажав во еден мн тажен момент на кој кога и да се сетам ми навираат солзи. Беше ептен врнежлива ноќ, стоевме пред мојата зграда,тој ме попраќаше од излегување и тоа беше нашата кратка разделба бидејќи јас утредента заминував за Ск на студии, тогаш бев бруцошка, прв пат заминував, а тој студираше во мојот роден град. Врнеше како лудо а ние без чадор, време негде 2 по полноќ, толку плачевме дури и дождот може да се каже не ни можеше ништо, солзите беа поројни кај нас. И тој палеше. И во тие моменти на збогување му реков те сакам, од што и сама се изненадив, а него баш пријатно.
Првото "те сакам" гo признав јас пред две месеци затоа што го чувствував и сеуште го чувствувам.. добро што признав, дека тој е срамежлив и никогаш не би го направил првиот чекор, но срце е, го сакам ! Сега секој ден си велиме "те сакам, те сакам повеќе, највеќе" но првото те сакам е посебнo..
Првото "Те сакам" го изговори пред воопшто да бидеме во врска, по неколку состаноци. Ми се причини дека погрешно сум слушнала и само зјапав во него како будалче. Ми ја допре раката и по тоа следеше прашањето "Ќе бидеш ли моја?". Да, ќе бидам! Од тогаш поминаа прекрасни 5,5 години, а Тој секој ден од врската повторува и покажува со своите постапки колку ме сака. Неодолив е, прекрасен, само мој.
Првото Те сакам го изговори тој после месец дена , па после испаднаа некој глупости и му се налутив па се смиривме и после 5 месеци како идеме му кажав јас
Првото "Te сакам" падна за време на првиот однос! Мртов ладен ми вика уклучи светло и јас го прашувам зошто и од кога уклучив ми рече не можам на некого да му кажам дека го сакам а да не го гледам в очи. )