Тиј прв ми кажа но многу брзо откакко влеговме во врска, почнавме да си кажуваме те сакам.. можеби беше прерано и не го мислев тоа баш со сигурност
Точно на годишнината. Ме гушна силно, ме бакна, ме погледна во очи и ми рече Те Сакам Посреќна никогаш не сум била секако му возвратив и уште долго си го гушкав.
Најслаткиот подарок за Валентајн беше. Бевме на концерт , нешто се закаравме и ме гушна , ме баци и ми кажа. Малце беше збунет , али затоа заслужи цела вечер да го гушкам. Иако му се испуштило
Не е битно времето, дали е после месец или два или пет, битно е да го кажеш кога навистина ќе чувствуваш дека треба да го кажеш.
Ми рече дека ме сака после месец и нешто. Нормално не го мислел тоа, не верувам дека можеш да засакаш некој за толку краток период, макар и секој втор ден да се гледаш.
Се знаевме три години, но од кога почнавме да градиме врска, првото ТЕ САКАМ беше кога правевме еден месец од нашиот прв бкнеж, на еден мост од нашата река што е само за пешаци, си се шетавме, јас не ни знаев дека баш месец правиме на тој ден, застана, ме гушна, ме гледаше во очи и ми вика: ТЕ САКАМ и ме крена в раце и ме бакна, па еве сега после 5 години секогаш кога поминуваме на тоа место очите ни светкаат од среќа како тогаш, ама сега како во хор си викаме истовремено ТЕ САКАМ
Prvoto te sakam Bevme zaedno 3 godini ja sakav da ja sakav poveke od sebe nemozev da zamislam den bez nea nokj bez nea prvoto te sakav bese nekade vo prviot mesec se sakavme zaedno nenormalno iako imavme ogromni problemi od strana na nejzinite roditeli uspeavme da mineme niz seto toa taa bese mala jas malce postar 2 godini.... S ebese kako na son ljubov emocii mi fali sega taa pregratka toj pogled taa nasmevka dusava seuste me boli ne sme zadno veke 6 meseci taa ima drug jas druga edinstvenoto nesto so go nauciv od nea e da neveruvam u ljubov...Se prasuvatte zosto ??? zatoa sto minavme niz vulkan od problemi bev me zaedno se borevme minavme nokji i nokji placejki zaedno i barajki izlez koga konecno go najdovme izlezot uspeavme taa zamina..... Zamina bez da mi kaze zosto bez da me pogledne vo oci ednostavno iscezna mnogu pati se dovedov do situacija na samoubistvo pregolemo dejstvo na alkohol... Pa duri i droga bev polumrtov covek poleka pocnav da ziveam no nemam veke mokj i srce da zasakam zatoa moj sovet vi e ako nekogas na nekoj mu kazete TE SAKAM neka bide toa ISKRENO a vremeto koga ke go kazete nema vrska..... Pozdrav do site vas
Нема некој експлицитно магичен момент кога ќе се каже на партнерот дека го сакаме. Тоа во нашата глава изгледа многу конфузно и комплексно али нема всушност ништо посебно освен добар момент. Ако со некој се гледаш повеќе време автоматски значи дека го сакаме нели ? Логички ? Реално ? Тоа ТЕ САКАМ треба да се случи спонтано или со умисла да се каже у точен момент како знак на возвраќање или возвишување на Љубовта која веќе ја имаме со некој... Ако некој го сакате треба да му кажете дека го сакате. Тоа се однесува на сите луѓе кои ги сакаме... Луѓето се плод на САКАЊЕ ( ЉУБОВ) , преодредени сме да САКАМЕ и да не САКААТ. Иначе мразам лигавење као по мобилен на секое исклучување да се кажува ТЕ САКАМ , на секој 25 минути да кажувам ТЕ САКАМ , после секој оргазам да кажувам ТЕ САКАМ , после секој успех или не успех да кажувам ТЕ САКАМ , на секое исклучување од Фејсбук чат да кажувам ТЕ САКАМ, на секое поздравување чао да кажувам ТЕ САКАМ , секоја вечер пред спиење да кажувам ТЕ САКАМ!!! Ти кажувам Те сакам кога сакам да ти кажам Те сакам .. едноставно е. Сите жени што ме форсирале да им кажувам ТЕ САКАМ повеќе не сум ги сакал. Чудна работа е да сакаш нешто ... коа ќе го имаш може и да не го сакаш повеќе ...
Прв тој ми кажа . Јас секогаш бев поладна , никогаш не му покажував што чувствувам , пред него се " изгорев " малце , и си реков , веќе никогаш прва нема да кажам " те сакам " . Ден денес , јас ретко кажувам " те сакам " . Повеќе тоа го слушам од него .
"Те сакам" не ми значи воопшто Не му придавам значење кога ми го кажуваат Ретко го користам ама и кога го кажувам нема никакво значење за мене Љубовта не се кажува, се докажува.
Сегашниот кога ќе ми речи Те сакам ,јас му велам Фала ти Фала што ме сакаш незнаев Тоа многу го нервира а јас обожавам да го нервирам , и ако ми пиши му праќам стикер лајк и одма ми се јавува да види шо е проблемо Некако сум изладена од тие работи муце цуце срце душиче и те сакам, го кажувам еднаш во одредена прилика ако е моментот таков чуствителен иначе потешко
Прво тој ми кажа и не очекував дека толку брзо ке ми каже хехе а јас нему по 5 месеци му кажав за прв пат и моментот кога му кажав никогаш нема да го заборавам беше пресреќен ме гушна како никогаш досега беше готов да заплаче...душаа моја единствена
Сите после ден, месец, година а никој нема што признал љубов уште пред воопшто да стане збор за врска. Спојлер am i the only one?
Јас го кажав првото те сакам после 2 недели ама навистина и го чувствував тоа. Тој тешко ги искажува чувствата и поретко ама секогаш кога ќе ми каже ,, те сакам '' љубовта му се препознава во очите....
Он ми го кажа првото те сакам Тогаш бев најсреќната девојка на целиот свет, рипав од среќа како едно мало детенце Уште одма првиот ден ми кажа те сакам
Кога е вистинското време? Кога ќе го почувствуваме тоа.. Тој кажа прв..и последен.. Јас.. скржава сум на зборови