Дечко ми беше прв што ги кажа тие зборови. Тогаш бевме 4 месеци заедно. Во моментот ништо не му одговорив - само го гушнав, а срцево ми биеше ко лудо ми се чинеше ќе ми одлета. Од возбуда останав нема. Ден денес се сеќавам на чувството. Приметив дека му е страв да не не се чувствувам исто како него. После некое време собрав храброст и му кажав и јас. Со созревањето на врската почнавме барем еднаш во денот да си кажуваме дека се сакаме. Некогаш и по 100 пати
Јас кажав прва, и тоа по две недели од кога стапивме во врска. Си седевме в кола така, се гушнавме и во тој момент почувствував од срце да го кажам тоа и го кажав, без двоумење и не се каам воопшто. Тој ме погледа неколку секунди и ми рече "и јас те сакам". Нема да го заборавам тој момент, тие емоции. Ден денес си велиме по неколку пати во ден секако.
Вистинско време е кога ќе го почувствуваш тоа. Дечко ми кажа прв, а јас бев запрепастена и одговорив со прегратка. А после неколку месеци се трудев да му кажам("тешки" беа зборовите за изговарање), сепак на крајот испадна слатко и спонтано...
Првото Те сакам беше од моја страна,во моментот не ни бевме во врска бевме friends with benefits, беше искрен и ми кажа дека од негова страна нема љубов , не ни очекував да каже О срце и јас те сакам тебе,сепак се гледавме само за "забава" никој не ми беше крив што јас се затрескав во него мислам во тој момент го засакав уште повеќе заради неговата искреност, продолживме да се гледаме и понатаму, еден ден бевме кај него дома и дојде време да си одам и му велам јас си бегам, и ми вели немој не си оди, остани со мене за секогаш, јас целата се шокирав го прашав шо сака да каже со тоа, и тогаш прв пат ми кажа Те сакам и не можам да си го замислам животот без тебе Овој Август имаме годишнина од ко сме верени Октомври 3 години од ко сме заедно Јуни ни се роди нашата мала принцеза
Моето прво “Те сакам” беше благо речено, катастрофално! Ми рече те сакам, му одговорив хаха океј. ОКЕЈ. О К Е Ј. И така..
Колку време ви треба да се заљубите или да сте доволно сигурни да кажете те сакам? Временски или до која состојба во врската почнувате да и/му верувате на партнерот/партнерката и да се впуштите во љубовниот тек? Според мене не можам да кажам со сигурност дека сум заљубена од прв состанок(или љубов на прв поглед), до сега ми требало барем месец дена за тоа. Ми треба време за стекнување на доверба. Може да е само допаѓање и тоа на физички изглед на почетокот бидејќи не можам одма да знам каков е карактерно. Треба да помине време за да видам какво е неговото однесување и дали си одговараме, дали има емпатичност, доверба... Ако неможете временски да одредите немора да гласате на анкетата* Ако има ваква тема нека се брише*
Тој беше првиот што ми кажа. После една недела и јас му кажав дека го сакам. Сега тоа преку 2 секунди му го кажувам.
Уште од почетокот знаев какви се моите чувства спрема него, ама се плашев дека љубовта нема да ми е возвратена, па затоа нестрпливо чекав цели 2 месеци додека да го каже првото „те сакам“.
Искрено не се ни сеќавам кога му кажав за прв пат дека го сакам. Се сеќавам кога тој ми кажа и колку бев изненадена, бидејќи сеуште не бевме официјално во врска. Сепак преубав спомен
Не памтам ни кој кажа прв, ни кога. Знам само дека во моментот кога почувствував дека го сакам, му кажав.
Јас прва кажав. Се зафркававме нешто пред тоа и му кажав "Знаеш дека те сакам така?" И он ми рече "Не знам, ми немаш кажано." И јас му кажав "Те сакам".
Беше можеби после еден месец излегување. Нешто се зафркававме на мсн и му пишав Ако, јас пак си те сакам. После тоа кога се видовме, ми вика Ај кажи го она што ми го пиша. Знаев на што мисли ама викам Kое? И виде дека нема да кажам па рече Срамежлива една, тогаш јас ќе ти кажам. Те сакам. Од тогаш, секогаш си кажуваме.
Јас кажав прва. Иако и двајцата некое време пред тоа чувствувавме љубов еден спрема друг. Се случи на најрандом место и во најрандом време кои ќе ги задржам за себе, ама дијалогот беше нешто вака: Тој: Зашо ме свиѓаш? Јас: Па не те свиѓам само, те.... Тој: Ме сакаш? .... И ме гушна толку силно што мислам дека во тој момент, таму и тогаш сите тајни на универзумот се претопија во една толку топла, чиста и волшебна прегратка. А јас никогаш повеќе не бев иста.
те сакам .....никогаш не и ги изговорив овие два вредни зборови на таа особа што ја сакам до ден ден денес и може нема да имам прилика ....епа еве сега да и кажам ТЕ САКАМ!