Во средно сме заедно клас, така што прво бевме другари. Почеток на втора годимна се зближивме повеќе, па онака по нешто и пишевме. Јас ако сакам нешто ќе напињам, така што мој беше првиот чекор (иако тој вели обратно). Тој ми го кажа првото "те сакам", но јас го поттиснав. Прво заборавевме за некое девојче, па ми рече ја сакал и викам кажи и и така испадна, јас реков и јас. Од тогаш сме заедно. Следното "те сакам" мислам дека беше по месец-два додека се опуштивме малку, не се сеќавам. Но јас мислам дека и женското да осеќа искрена љубов не е грешка да кажи прва. Good luck girls!
Многу добро се сеќавам. Бевме три месеци во врска, седевме на една клупичка, прегрнати, си правевме муабет за некои секојдневни теми, потоа настана молк. После долг молк тој ми кажа "те сакам". Ништо не му одговорив, незнаев што, незнаев дали јас го сакам или не, Беше неочекувано, но убаво
Нема правило за тоа кога треба да се каже. Кога тоа ќе го осетиш и си сигурен дека треба да го кажеш- тогаш. Моето беше баш онака детски, преку телефон но не ми текнува колку време бевме во врска. Мислам некои 4-5 месеци.
После 2 дена ми кажа и не му вратив . Потоа после недела-две се обиде пак и тогаш можев и јас да му кажам дека го сакам.
За 1ви мај беше. Додека се спремавме да идеме на Водно, почнавме да се глупираме, додека ме скокоткаше, у тој делириум од смеење и врескање ми кажа дека ме сака. Ја не го слушнав и реакцијата ми беше "А? ШТО? КАКО?" И пак ми повтори. Му вратив одма. Во врска бевме 2 месеци.
Нешо таму глупости му рикав се лигавев за проблеми дома и он ме гушна и ми кажа “те сакам”, па ја реков “и јас” Кринџои.
Ne se kazuva, se pokazuva toa "te sakam". Zborovite ponekogas nemaat znacenje ako se kazat. Guskanjeto e ponekogas pogolem pokazatel od samiot zbor.
Тешко ми беше да го кажам на глас, признавам Но, се случи уште во првите денови во врската. И од другата страна го слушнав истото, и среќна сум што и сега го слушам скоро секој ден Убаво е, многу... а вистинитоста на тие два збора се гледаат во секој поглед и во секој гест.
Мислам дека сеште ни еднаш во животот немам слушнато искрено 'те сакам', реално и нема кој да ми го каже
Тој ми кажа прв "те сакам". Стално ќе го памтам денот кога ми кажа за првпат, седевме гушнати на една клупа, ептен убав и незаборавен момент.
Тој. Викендот, кога се исплаши дека ќе ме загуби засекогаш. Сум кажувала порано на други дечковци прва. Кога ми доаѓало искрено од срце.
Мене потешко ми беше да признаам дека го сакам, прв кажа дека ме сака. Уште пред да почнеме врска... Колку убави денови ни беа.