@Zvezda. @Morninglover имате цела тема со дискусии околу овие пренатални тестови. Таму можете да најдете информации и за цени и за тоа кој што опфаќа. https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/page-166
Дали сте пиеле утрогестан превентивно на почеток на бременост? Без ризик фактори сум (абортус,крварење и сл) освен што била втора бременост и жената има секако веќе бебе за кое се грижи и е оптеретува па затоа пожелно е да се пие до 12 недела?! Малце ми е шубе зошто ми ги даде бидејќи прв пат слушам за ваква практика
Ќе го пијам меѓутоа ми е страв да нема нешто ризично а нејќе да ми каже бидејќи сум 6+3 и денес на прво ехо освен жолчно кесе немаше ништо друго оформено. Ми кажа можеби сум останала подоцна бремена и тоа е најверојатно ама не е ништо ризично и потоа ми ги дава таблетите и малце ми е сумливо. Истражувам по интернетов и не најдов баш податоци дека се дава превентивно без никаков ризок
Duso da prasas dali mozes vaginalno da gi stavas, istite utrogestan se i vaginalni i oralni, a kako sto citav na forumov devojki sto oralno gi zimale imale problem so zeludnik i sl., istrazi ke procitas, dodeka vaginalno lesno se stavaat i nemas simptomi, toa e progesteron za poddrska na bremenost
За две недели, во 8ма Сепак дабростон ми дала, не знам зошто ми кажа утрогестан али како и да е намената е иста само што овие се пијат само орално, нема вагиналети. Инаку да, желудникот ме скина и од друга терапија што пијам и овие сега ако сметаат на желудник со лесно да ми е
Има ли некоја во 7ма недела и почнало гадење, повраќање? Да си се тешиме. Мајко мила заборавив како е...
Ја сум во 7ма влезена, прва бременост.. почнува малце ко да ми се гади, ама само на моменти и се смирува.. притисокот ми е низок и немам ич енергија, неам многу апетит, као да сум у депресија се осеќам. Не секогаш можам да спијам, изглеа пошо сум доста анксиозна. Освен гадење и повраќање, имаш други симптоми? Него иам и друго прашање, го слушнавме срценцето во 5+6 и беше околу 80. Докторот ми рече може уште е рано, но дали има простор за паника? Читав треба да биде мин 90/мин. Многу се плашам…
Здраво девојки, и кај мене позитивен тест, пред неколку дена дознав. Мислам дека сум околѕ 4 или пета недела, утре имам закажано преглед кај матичен. Сакам да прашам дали може да има некаков проблем бидејки јас не конзумирав фолна киселина до сега(се надеам утре) и искрено не внимавам нешто посебно на храна. Совет на што да обрнам внимание ? прито да напоменам освен доцнење на циклус јас немав друг симптом. Некои благи менструални болки ама тоа се занемарливи .
Честитки и со лесно! Јас сум моментално 12+5, кога дознав дека сум трудна бев 5+6 и претходно нити пазев на исхрана, нити пиев фолна киселина. Откако бев на гинеколог ми кажа да почнам да пијам фолна, да внимавам што јадам и да јадам помалку количински, да избегнувам да јадам салати по ресторани и слично бидејќи најчесто не ги мијат како што треба па има опасност од бактерии и слично, само дома салатки сама си правам. Добро е да ја пиеме фолната уште пред да забремениме, но мислам дека не е страшно ако почнеме да ја внесуваме откако ќе дознаеме дека сме бремени. Мојот гинеколог барем не ми кажа дека може да има проблем, сега за сега бебе си напредува супер. Во однос на исхрана, јади повеќе овошје и зеленчук, протеини нормално некое поубаво месо како телешко јунешко и сл. Преработена храна и шеќер намали највеќе што можеш, пиј вода хидрирај се. Цигари ако пушиш до 5 дневно максимум, мада ич најдобро. И секако, не кревај тешко, одмарај повеќе и чувај се. Ако имаш уште некое прашање слободно, што можам ќе ти помогнам.
честитки и со лесно! Јас не пиев фолна а верувај и многу не пиеле па живи здрави деца родиле. Јади оброци по 3, ужинки, овошје зеленчук повеќе. Цигари, алкохол не. Туна не, разгледај кои видови на риби не смеат да се јадат ради жива, суши не. Јас искрено само првите месеци празев на храна а сега јадам многу фаст фуд често ама не викам дека тоа е добро мене гинекологот ми кажа да се пазам чувам од настинки најважно да не се мешам со бебиња и со мали деца, да не кревам тешко тоа така за почеток. Како ќе идеш на контрола ќе ти кажуваат. Од испитувања имаш прв скрининг, приска, по твој избор и консултација со гинеколог може и неинвазивен прематален, втор морфолошки скрининг, лаб се прават секој месец, огтт, крвна група, ддимери, хемостаза, ехо во зависнот од потреба како ќе ти кажат и тоа е тоа што сега ми текнува а да сега што пиша членката, брисеви се прават исто меѓутоа мене не ми дадоа да правам торч, валјда различно секој гинеколог, уринокултири се прават и тоа
Јас си одам на ехо кај матичната, отприлика еднаш месечно. Ќе те упати се со ред што треба да правиш, мене прво упат ми даде за torch тест во Институт за јавно здравје, крвна слика исто еднаш месечно да и носам. Потоа правев брисеви кај неа па чекам резултати, и сега во саботата бев на прв скрининг и нифти тест правев (и од нифти чекам резултати). Не се секирај се ќе ти каже гинекологот, и јас вака како тебе тука прашував испаничена бев да не пропуштам нешто битно ама за се ќе ти кажат на време. Прв скрининг се прави помеѓу 11-та и 14-та гестациска недела, јас го правев во 12+2 и истиот ден нифти тест правев. Скринингот го правев кај др. Филип Вановски во Хистера, 4000 денари. Нифти тестот во Авицена 31900 денари обичниот пакет што се зема крв само од мајката.
Честитки и имај лесна бременост! Не е страшно ако не си пиела до сега, можеш да си почнеш. Мене задолжително ми кажаа да пијам 400-800ugr Нормално е да имаш благи менструални болки, само да не се континуирани и јаки.. од храна, убаво е да биде нутритивна, ама некад и брза храна е опција коа ме мрзи да готвам. Јас се трудам да конзумирам полнозрнести продукти, грав, леќа, грашок, разен зеленчук, овошје, нискомаслени млечни производи или растителни со додаен калциум, риба (избегнувај туна и др шо содржат жива), пилешко, не јадам процесирано месо.. од течности, вода, природни сокови, кафе ограничено (1 до 2 макс).. Одмарај си, не кревај тешко.. хидрирај се добро, и обавезно кратки прошетки за циркулација Околу тестови не би знаела да кажам многу, не сум во Мк и се уште не сум почнала да правам некои труднички испитувања
Нема гајле што до сега не си пиела фолна, ќе си почнеш од сега и ќе биде се во ред како и кај милиони други жени. Од храна треба да избегнуваш жива риба( суши, жива туна-конзервирана можеш да јадеш итн), јајцата да бидат тврдо варени или убаво испржени, никако мувлосано сирење, салати дома прави си и убаво измиј ги, бифтек не зашто треба месото исто ко рибата да е убаво испржено, или сварено.Тоа е во глобала треба да е убаво зготвено, друго се можеш најнормално да јадеш. Со среќа и имај лесна бременост
Нека ти е со лесно. И јас се осеќам депримирана. Хормони се надевам... Имам гадење и ретко повраќање. Некои денови е добро, можам да функционирам, а некои е невозможно. Од денес сум 8ма и мислам дека вака ќе терам бар до 11та. За срцето, не се плаши, не е се по книга. Ќе биде добро.
Здраво, кои пренатални витамини ги пиете? Во претходната бременост ги пиев Прегнакер плус и сега ги почнав пак тие, но матичниот мислиш скокна од столче, аааа не тие, Фемибион ќе си земеш А не знам дали е од Прегнакерот, ме мачи течна/кашеста столица, по 1 во ден, ама 3 дена имав. Ги читам овие Фемибион, немаат магнезиум како што гледам во нив.....И сега сум на два ума
Јас си ги пиев во двете бремености Фемибион, и си продолжив и после пораѓај. Не ми правеа никаков проблем, задоволна сум од нив. Магнезиум секако посебно си пиев.