Јас го пијам тој во кесички на Natural Wealth, а сега последно земав на Алкалоид исто во кесички. Приметив само дека ако заборвам да се напијам некогаш имам слаби грчеви утредента, пошто навечер го пијам. Инаку немам проблем со грчеви.
Девојки до кога ќе одиме често во wc? еве јас веќе 11+ а одам исто како на почеток на секои 2 часа скоро,може и помалку некогаш
Издржи уште 3-4 недели, од втор триместар веќе ќе почнеш да поспиваш повеќе. Ама не за долго. Го има, побарај на нет, можеш и онлајн да го порачаш.
Во оваа аптека го има, на друго место не знам. https://www.eliksir.mk/ Прашај во темата за стрии, можеби некој може да ти одговори. https://forum.femina.mk/threads/Телото-за-време-на-бременоста-појава-на-стрии.2933/
Мамички, правев денес крвна слика арно ама матичната не ми стаила железо, и не ми ставила BETA HCG... за железо знам дека се испитува, ама за бета не сум сигурна. Инаку сум 9+3... дали е океј, или морам и железо да имам ? Инаку покачени ми се и леукоцитите малку, дали е нормално тоа кај трудници? П.С Хемоглобинот ми пука, па ваљда и железото не ми е лошо...м? Хелпп
Не е ништо страшно, секој месец ќе правиш крвна слика, ќе ја потсетиш за нареден пат. Штом хемоглобинот ти е добар, уживај. За бета хцг, зошто ти е да испитуваш? Нормално е леукоцитите да се покачени и седиментацијата да е забрзана.
Па не знам зошто да испитувам хаха.. ама се мислам како да ја видов на упатот, ама не сум сигурна не знам како е во пракса, вие испитувате ?
Не испитувам. Бета се испитува за да се провери дали има бременост. Штом си бремена, нема потреба да испитуваш бета, освен ако правиш приска, тоа е за првиот скрининг. Инаку на самиот упат пишува многу работи, ама не сите ги селектираат за испитување. Знае матичниот гинеколог што е потребно. Биди си раат.
Упат за испитување крвна слика земате од матичен гинеколог, или од матичниот општ лекар? Мене до сега матичниот гинеколог не ми дал таков упат за испитување крвна слика и уринокултура. Два пати правев до сега, во Авицена на приватно. Ама не можам до крај на бременост да давам по 900 денари за тоа. Претходно кога сум правела со упат (пред бременост), ме коштало нешто околу 200 денари. Сакам да знам дали да си побарам упат следен пат од гинекологот, или да се ангажирам и да си средувам со матичната?
Девојки да прашам за Приска, дали извештајот и сликата од скринингот ги носите оригинал, дали ви ги задржуваат, дали да направам копија
Матичниот гинеколог дава упат и ослободена си од партиципација. Јас на гак правев и ехо скрининг и приска, податоците од ехото ги внесија в компјутер на местото каде што ми земаа крв и после ми ги вратија. Носи ги и ќе си ги побараш назад.
Секако планирам да ги носам, но се прашував дали оригинал или копија, за да не се загубар, во секој случај.. Инаку нема термин со приотетен ќе одам... А гладна ли беше или сита иза колку време резултати ти рекоа? Фала миличка
Мене во ист ден прво на ехо ме видоа на гак и одтука докторката ме испрати во лабараторијата за да ми земат крв. Внатре влегов со извештајот од ехо (оригинален, бидејќи не ни можев да носам копија со оглед на тоа дека веднаш после ехото влегов таму), додека лаборантот ми земаше крв, друг вработен в компјутер си внесуваш податоци од извештајот и ме прашуваше висина, тежина, дали сум пушач и дали имам проблеми со шеќерот. Откако ми зедоа крв, ми го врати извештајот. Скринингот го правев во среда, резултати имав во вторник кај матичната во мој термин. Не бев гладна, нема врска дали си јадена или не.