Првут Маска од јајце. Во еден сад стави две јајца измешај ги. После намокри ја малку косата,стави ги јајцата,и остави маската да делува 10 минути. И одкако ке поминат 10 минути,измиј си ја косата со шампон. Мене од ова ми помина.
Првут јас имав првут едно три месеци најмалку ама кога почнаф да го користам шампонот против првут од рецепт ми го снема ...
овој шампон го користам и ми помага. го препорачувам на сите што имаат проблеми со првут! малку е поскап но помага со гаранција!
Имам многу осетлив скалп после вториот ден на миење на коста почнува да ме чеша скалпот и да ми се прават мали ранички, значи користев скоро 3 до 4 години шампон за осетлив скалп на фирмата Рецепт од алое вера а сега го користам Вош анд Го скоро 2 години исто така од ало вера за осетлив скалп ,исто така користам и Синодерм гел за надразнет скалп ,се ова ми се случува на промена на годишно време но сепак мислам дека треба да промена шампон,кој шампон можам да го користам и дали имате неакаков предлок за мојов проблем? Однапред ви благодарам ≧◔◡◔≦
Маска од лимон зависи колку ви е долга косата мојата е негде до раменици и цедам 2 лимуна и 1 ипол лажица маслиново масло.Откако ке го измешате тоа го натапкувате на косата и нека постои 10-15 мин и потоа измијте ја косата.Мене многу ми помогна вреди да се проба
Прашав на фризер и ми рекоа дека имало еден Шампон на субрина и дека бил многу добар против првут. Цената му е 150 денари. Дали некоја го има користено и какви резултати се добиваат?
Јас последен пат кога имав првут го користев овој (малку гледам дека е изменет на изглед ама битно дека е тој) дека тоа беше пред околу година дена и бев презадоволна,од две миења беше видлив ефектот а и како шампон ми се погоди супер па до крај го потрошив
колку е делотворен шампонот против првут Recept?читам некој го препорачувате....отприлика по колку миења ќе има резултати? оти стварно неможам поќе со овај првутот,од контакт ме вади
Тетка ми вечно има првут,и незнам како се справува....Не шампони,не маски што се не ставаше не и помага...Тоа е..Нек се снајде,незнам што да и кажам,се испроба и ништо,имаше надеж со тој рецепт шампонот и пак не и помогна...Многу грозна и зезната работа е ова првутов,бреј....
Купете си Реконазол - стотина денари е низ аптеките. За резултати, зависи колку првут имате - ако е помалце, ќе ви го исчисти дури и при првото миење. И јас често имав проблеми со првутот, ми се правеа и корички низ косата, па шампонов ми дојде како кец на десетка. Убаво прочитајте го упатството, не му е намената да се користи како обичните шампони.
Jас се мијам 1 месец со реконазол и никакви резултати нема пак е исто со првутот,само приметив не ме чеша скалпот како порано со другите шампони ,мене косата не ми ја мрсни воопшто ми ја прави крута некако посува ...предлог некој друг шампон медицински да пробам??ви благодарам
Сулфаре, Еуцерин или Нирел против првут можеш да пробаш дали би ти помогнале. И доколку долг период ве мачи првут и не поминува со користење на медицински шампони, не е лошо да отидете на лекар за да се види проблемот. Не е кај секој обичен првут кој лесно се решава само со шампонче.
Мене ми се појави и неколку месеци не успеав да го исчистам со различни шампони. И бев на фризер и девојката ми стави некоја ампула против првут и ме измасира. Потоа си земав Дове шампон и веќе немам, така да прашајте на фризер за таква ампула..
и ја пред некој ден почнав да забележувам првут, што до сега сум немала.. Почнав да користам шампон Dove против првут и помага навистина
Јас имав првут и користев шампон Eucerin специјален за тоа(не е евтин,беше 500-600 денари).За 2 недели ми го снема првутот,па затоа морам да го пофалам шампонот.Скап е,ама вреди за сите пари. :wink:
Јас го комбинирам. Прво мијам со Реконазол еднаш, па еднаш-два пати со регуларниот шампон кој си го користам, ете на пример Шаума. Може да ја миеш косата и само со Реконазол, во упатството пишува убаво што и како, не ми е при ум веќе, сум го заборавила.