1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првут

Дискусија во 'Коса' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Имам огромен проблем со првутот, кога имам, цели огромни парчиња првут ми паѓаат и навистина ми е срам и неугодно.
    Порано редовно користев Head&Shoulders, после почнаа да го поскапуваат и сега воопшто не ми се исплаќа да го купувам, а да не зборувам за други поскапи шампони.
    Ако го користев редовно, колку-толку ми помагаше, ама осетив дека МНОГУ ми паѓа косата од него, значи осетив огромна е разликата во влакна на чешелот кога го користам и кога не го користам.

    Друго сум пробала со сапуни од Докторс, тој црниот со катран, со ментол, не ми помогнале многу, црниот беше воопшто непрактичен затоа што оставаше црно на кожата, а другите уште повеќе ми ја сушеа кожата.

    Летово додека бев дома почнав да ги користам оние шампоните во големи шишиња од 1литар што ги купиле моите, не ја миев косата секој ден и забележав дека има големо подобрување.

    Значи јас си открив дека ми помага поретка употреба на шампон и поблаги шампони кои се наменети за секојдневна употреба. Тоа не значи дека и вашиот проблем со првутот се должи на истото.
    Кај мене првутот беше резултат на иритација и мрсна кожа, што се вика себороичен дерматитис. Не мора да значи дека и кај вас е истото.

    Кај некои првутот е резултат на сува кожа, кај некои има и некој друг подлежечки проблем со организмот, недостаток или премногу витамини, проблеми со хормони. Кај некои проблемот е заради некоја габична инфекција на главата и тогаш мора да се употребува некое средство за да се излечи.
    Затоа најдобро решение ако пролемот трае подолго време и силно е изразен е совет со дерматолог.
     
  2. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
  3. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Девојки, слушнав дека лимонот помагал во отстранување на првутот. Цедиш лимон и го ставаш во коренот на косата, држиш половина час и потоа ја измиваш косата. Има некоја искуство со ова? Помага ли? :)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    јас не сум пробала ама еве ќе пробам ...инаку мене ми помогна head and sholders за 80 % ми го намали ама сега пак ми се појави морам да го купувам а 200 денари е ;) :) :)
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  5. UnusualGirl

    UnusualGirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Милион пати сум пробала да го сменам H&S, и при последниот обид решив да се мијам со шампон од Алверде и да пробам со ставање лимонов сок на коренот(сооднос пола лимон пола вода) ииии.... за жал моето искуство не беше добро.....можеби немав изразено првут но кожата ми беше изиритирана повеќе од нормално, и пак се вратив на H&S, го земав новиот од јаболко и еве после само едно миење разликата е огромна.....и за разлика од останатите видови, новиот од јаболко мириса преслатко :lol: Би те советувала доколку си во можност редовно да го користиш H&S, ова го кажувам од лично искуство, безброј пати сум пробала да сменам шампон поради помислата дека се прејаки и не се за редовна употреба но повторно се враќам на истиот почеток.....поздрав :)
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slATko.mace-81

    slATko.mace-81 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    :) jas porano imav mnogu prvut i koristev sekakvi samponi nekoi mi pomagaa no kosata mi bese premnogu suvai mi pagase se kinese od niv pa i plavusa sum pa zamislete,no eden frizer mi rece da ja mijam so detski sampon becutan eve 3 godini ja mijam so nego i nemam prvut a i kosata mi e prekrasna
     
  7. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    И јас имам проблем со првутот. Тоа не е постојано но го имам. Не можам да кажам да дефинирм во кој периодот и од што ми се појавува. Сум се обидела со Хед анд шолдрс и имаше ефект, но не и по долготрајна употреб. Во моментот копистам на Рецепт- субрина против првут и остелив скалп. НА почетокот имаше ефект но сега веќе не.
    Шампон против првут кој има 100% ефект кај мене е овој од гореприкачената слика.

    Би требало да го има во некои од нашите подобро снабдени аптеки. Од Грција го земам, цената е околу 400-420 денари, лошо мириса и мало е пакувањето. Но не се користи интензивно. Пример 3-4 пати го користиш па паузираш. Ефект загарантиран, ама ем не достапен лесно за купување ем не е ефтин.
     

    Прикачени фајлови:

  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако некој точно знае во која аптека кај нас може да се најде Selsun шампонов нека чкртне во темава, јас подолго време го барам за некој што до сега немал резултат од други шампони против првут.
     
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.601
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Јас немав ич проблем со перут, но пред некое време на мене и на снаа ми, веројатно од стариот шампон, ни се појави многу перут. Во муабет ни кажаа да го пробаме „Hair power“ и косата ни се среди буквално после 3 миења. Е, сега малку поскап е, 380 мислам, ама има па си имавме одлични резултати, за кратко време. Го има во DM.

    [​IMG]
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    [​IMG]

    Јас го користам Фитовал на Крка и сум задоволна. Имав премногу првут, кожата по целото тело ми е многу сува и имав по цели парчиња. Многу неубаво изгледаше, но откако го користам шампонов, добро е , не се жалам.
    Мене ми одговара, кој сака може да го проба, ништо нема да изгубите, освен првутот нели :lol:
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Дали ја мрси косата за брзо, ја сплескува, дава волумен, сјај? Или само за првут е добар?
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Јас имам пресува коса и недела дена да не ја мијам , не се мрси , така да незнам да ти кажам. А за сјај на косата дава, добар е , јас не ставам ништо после него ни маска ни регенератор, па добра ми е косата . :)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. frose19992

    frose19992 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Имам 13 години порано имав но многу малце првут, но пред неколку месеци на косата имав многу првут... повеќе од влакна на косата што имам цели грутки и многу ме нервира , рекламираа на реклами за wash&go i head & shoulders и почнав да користам таков од кога почнав да користам таков од тогаш имам многу перут и на флизер кога бев тој кажа дека од тие 2 шампони настанува многу перут и уште имам каже те ми како да се тргнам од овој перут?
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    Јас од пред еден месец некаде, почнав да го користам Орзен против првут, со пченица и пиво.
    Кога прв пат се измив, уште имав по малце првут, ама после 2-3 пати веќе почна да дејствува, и ете снемав првут. Косата пак си ја мијам на четвртиот или петтиот ден, не ми ја мрси дополнително. Има многу свеж мирис и косата ми ја прави многу мека. Лошата работа е само тоа што одеднаш се мрси. :D
    Сестра ми цел живот има проблем со првут, ете и нејзе и го намали, барем нема цели огромни лушпи пред менструација. Би требало уште да и се намали, се на се три или четири пати се измила со него.
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • ORZENE_perut.png
      ORZENE_perut.png
      Големина на фајлот:
      66,4 KB
      Прегледи:
      216
  15. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    За првут или рани на кожата на главата користете ореово масло. Го намалува чешањето и појава на првут и слично затоа што ја потхранува кожата на главата и + ја обновува косата. Ставајте го да стои што подолго. (ставав пред спиење и наутро ја миев косата, 4 пати ставив во 10тина дена и сега немам никакви проблеми, презадоволна сум и заљубена сум во мојата коса)
    Со среќа, навистина помага! :)
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    [​IMG]

    Само ова му е мајката! Си вреди за секое денарче потрошено за него.
     
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    и јас го користам веќе неколку месеци и сум задоволна, си има ефект
     
  18. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас имав првут ама неколку пати се избањав со Бекутан од камилица и првутот го снема :)
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене ми помагаше некое време сега пак имам првут.. Одкако не користам тие масла за коса пак ми се појави. Ама ме мрзи да ги ставам. Еве сега само што ја измив косата и пак имам... |(
     
  20. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Имам пробано најразлични шампони.. Или имав сува коса+првут или ми се мрсеше на секој 2 ден |(
    Неодамна почнав да користам един нов шампон (не му го знам името :$ ), кој ја прави косата многу мека, убаво мириса и што е најважно немам првут и не ми се мрси косата на секој 2 ден ^_^

    ПС. имав проблем и со рани на кожата на главата и грутки. Тоа е се од шампони (со еднакопа хемикалии во нив) кој премногу ја нагризуваат кожата! :)