1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првут

Дискусија во 'Коса' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ќе го пробам да видам што чудо ќе направи за мојава коса. :) Оти имам тенко влакно, брзо ми се мрсеше, морав да ја мијам секој ден.. тоа го правам речиси цел живот,па нели, кога лечиш едно, разболуваш друго... сега, не само што си имам првут, него, кожава на главата ми е баааарут сува, мислиш ќе ми се испопука ко сува земја.
    Ми ја урочија косата жими се :D а, што ти е убава, а што ти е убава, а што ти е права, а што ти е ваква-онаква и сега, на ништо не личи. Уште и вошки да фатам и крај..ако биде да биде. :D
    И ми паѓа многу,многу :worried: па и за тоа шизам сега... ќе шетам со залистоци и ќе си ја префрлам од позади кон чело ;( :D Ама ќе ми помине,ајде... периодот е таков...па, влијае и на лепота :rofl:
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    И јас имав многу првут,ама татко ми,тоа беше чудо.Цела блуза му беше бела,огромни лушпи му паѓаа од главата. Мислам дека делумно има улога водата,ја суши кожата на главата и затоа се јавува првут. Фино би било да ставиме некој филтер нешто на тушуот,мислам дека по долготрајно решение би било.

    За сега одлично ни помага Head and Shoulders(звучам како реклама :D )ама стварно,го обожавам шампонот. Супер ми е косата откако го користам.
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    Жапче што бидна? :)
    Сестра ми нема веќе првут, а мене косата никогаш не ми била толку нежна, свиленкаста, пу пу. :D
    Не би требало да престане да дејствува, веќе долго време го користам.
    Waka-waka препорачај му го Орзен на татко ти. Што оти е женски. :)
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Денеска го купив :D
    Утре ќе се мијам со него, па ќе видиме што ќе и биде на косава :D
    ќе известам после неколку дена. :)
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    имав лушпи од прут потемна блуза и не можев да облечам..но со head&shoulders ocean(плавиот) немам ИЧ првут :D
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    За шампонот, помалку првут е одошто беше, но.. не знам. Ќе почекам некое време да видам реакција , оти веројатно и си бара подолго време да се користи,или не знам.
    Но, можда е до мојата коса, можда мене ми се чини, ама, шампонов дава некако волумен.
    Првиот пат кога се измив ми имаше буфнато косава, не можев да си ја средам. Ко грива од лав. :D
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    ^И мојава е иста. :D
    А кога ја сушам со фен уште толку, права грива. :D
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.729
    Ќерка ми има 8 години и многу имаше првут, и тоа околу 2 години. Едно време и престана од Еуцерин, ама повторно и се појави и никако не можев да ја исчистам. Имаше и напластени корупки од првут на главата.

    Ја однесов кај д-р ВАИС, и таму ми ги препорачаа следниве работи:
    - ми дадоа едно масло со кое требаше да ја мачкам на местата каде што има напластени слоеви првут, малку да отстои и потоа да ја тријам со четкичка за заби. На овој начин и ги отстранив мртвите слоеви од главата, еден вид пилинг. Ова требаше да се повтори 4 пати, еднаш неделно, а таа веќе по вториот пат воопшто немаше,

    - да ја мијам со шампон секој втор ден, и тоа еднаш со шампон против првут, а еднаш со некој поблаг шамопон. И поблаг ми дадоа таму, но ми рекоа дека може и со некој благ бебешки, само ми кажаа да не е бекутан, ми го препорачаа Џонсон.

    Ова е шампонот против првут:


    Ми дадоа и некој лосион кој требаше да и го нанаесувам по миењето на косата.

    Сите средства ги земав од таму, и се заедно со прегледот чинеше некаде околу 100 евра, нешто помалку можеби. Првутот и исчезна многу брзо, веќе втората недела немаше првут. Тоа беше пред околу 5 месеци и се беше ок.

    Маслото за пилинг и го нанесов два пати, обичниот шампон уште и трае, а тој за првут сега ми заврши, но купив нов, тој го има и во аптека. Го има во Зегин и во аптеките во Веро. Во Зегин беше 982 денари. Лосионот и го нанесов неколку пари, имам уште, ама заборавам да и ставам.

    Мислам дека пилингот би можел да се направи и со друго некое масло, барем така сум слушнала. Благиот шампон може да е некој бебешки, мислам дека и без лосион може да се помине, и верувам дека најголемата разлика ја прави шампонот што ми го дадоа таму. Го препорачувам на секој што има мака, а може да си го дозволи.

    Исто така ми кажаа да не легнува со мокра коса и да не се врзува мокра коса во репче. Косата секогаш треба убаво да се исуши.
     

    Прикачени фајлови:

    • Sampon DUCRAY.png
      Sampon DUCRAY.png
      Големина на фајлот:
      86,5 KB
      Прегледи:
      219
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Лелеее, страшна ми е косава после шампонот, не можам во ред да ја доведам. Kо дива. Не личи на себе, а и јас не личам на себе со оваа грива :D Од сега нема да се жалам што имам ретка коса и тенко влакно, оти не ми ни стои. ПОБОГУ! :rofl:
    Помалку е првут бар...


    А, Ариел, да веројатно може и со маслиново масло. Порано имав правено така, сега имам фобија, затоа што последниот пат кога имав направено пред повеќе од година, ставив мешавина од маслиново, масло од семки од тиква и семки од грозје :D (домашен иљач за кожава) и ми потемни ептем. А, мене и без тоа ми е прилично црна. Ама, ако не бива ова, ќе видам со маслиново,ваљда не од него ми потемни,а? :$
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.173
    Пол:
    Женски
    Девојки, мене ми се појави и друг проблем покрај првутот. :worried:
    Повеќето ми се исчисти со помош на Реконазол шампонот и ми останаа само како линија, т.е. целата област на самиот почеток на косата, целата линија над челото, под шишките.
    Само таму ми се собира првут и кога ќе ја измијам косата и ја оставам да се исуши, приметувам дека областа е црвеникава, а првутот го нема. :sweat:
    Не ми се собира ни водичка, ниту пак ме боли/пече - мислам дека не станува збор за егзема, ниту за себореја.
    Значи, местата ниту ме болат, ниту ме пецкаат, ниту пак изгледаат како рани - само се заруменети и по одредено време (најчесто кога ќе ми се исуши косата) се повлекуваат, добиваат иста боја како остатокот од кожата на главата и наредниот ден веќе има првут.
    Си користам чичково масло, ама изгледа нема фајде од него. Да пробам со маслиново масло!? :?:
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    ^ пробај со маслиновото масло, мислам дека ќе ти помогне :)
     
  12. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    http://www.mrfreebies.com/wp-content/up ... sample.jpg пробај со него...јас се бањам само со него неможам со ниеден друг многу проблематична кожа имам ако го сменам некојпат шампонот право ми се појавува првут а со него не ;)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.173
    Пол:
    Женски
    Не смеам со Head & Shoulders, премногу е агресивен за мојот скалп и уште повеќе ми се иритира и ми се прави првут, дури и ми опаѓа косата. Имав лошо искуство со него и со Wash & Go, па ги избегнувам.
    Си правам маски со чичково масло, ќе пробам и со маслиново, иако некако не верувам дека ќе ми помогне. :)
     
  14. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    никад до сеа не сум имала толку првут ко што имам сега. прееска се бањав и гледам парчиња првут на косата, а се бањам со бебешки шампон, зашо овие другиве се мн јаки.
     
  15. angelaxD

    angelaxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    46
    Х&Ш помага со сигурност, меене ми помогна многу сега каков и шампон да ставам веднаш ми излегува првут аа кога користам х&ш не, тој од меентол ми делува најдообро :D испробано :rofl: :rofl:
     
  16. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш имав проблем со првутот,користев еден куп шапони против првут,ама не делува,ништо... :?:
     
  17. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас моментално користам Head & Shoulders од ментол. Го користел ли некој па да ми каже дали дава позитивни резултати ?
     

    Прикачени фајлови:

  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Дава позитивни резултати, ако го користиш редовно, 2-3 пати во неделата. Не би ти препорачала секој ден, зошто сепак е појак шампон.
     
  19. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Дојдов до заклучок дека овој шампон е премногу агресивен за мојот скалп. Мојата коса е права и денес ја измив и кога ја исушив и се видов како излижено теле.
    Ве молам препорака за друг шампон што нема толку да го суши скалпот.
     
  20. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    53
    Секој има сосема различен скалп.Читам погоре дека Head&Shoulders е премногу јак и агресивен,ама за мене баш спротивно,единствен шампон кој ми одговара.Со лореал шампонот тој црниот видов маки и тие ефтините од коприва душата ми ја извадија.И никогаш не гледајте цена ,може ќе ви одговара најскапиот или пак најефтиниот,се е до скалпот!