Јас имав многу првут,а косата ми е многу убава, пробував секакви шампони од најскапи до најевтини, абе џабе ништо не помагаше ,и ај си реков уште овој ке го пробам па ако не помага, не помага, тоа е...... Neutro Roberts antiforfora скоро за 1 ден ми го снема првутот, немам ич сега
Јас цел живот нешто се мачев со првутов, и тоа не ми беше најголем проблем, туку чешањето на скалпот. Значи првиот ден кога ќе ја измијам косата ми беше ОК, а од следниот почнуваше страшно да ме чеша и од тоа чешање ми се правеше првут ама ептен ситен.. Дури некогаш и рани знаев да си направам.. Решив да пробам од шампоните против првут на Фитовал, највеќе зошто на самите нив беше напишано дека е за првут и скалп што чеша. Е сега тие имаат две варијанти, прво земав од варијантата "Intensive" Овој е 100мл и беше негде околу 370-380 денари. Реално доста е скап за толку мало пакување а јас имам многу долга коса, па затоа првото шампонирање кога си ја миев косата го правев со било кој шампон, а второто миење (и тогаш со многу помалку убаво се пени косата) си го ставав овој Фитовалот. И така ми траеше тоа мало пакување доста долго. А инаку треба да се мие двапати неделно со шампонов, и да ви кажам дека стварно после првото миење одма престанува чешањето. Кога го завршив овој шампон, земав од другиот кој е наменет за не толку упорен првут и за одржување. Ова паковање е дупло поголемо од 200мл и е поефтин од првиот, околу 320 денари е.. Со овој ја терам истата шема, прво со обичен шампон па после со него, понекогаш и прескокнувам и се мијам само со обичен шампон, како и да е, веќе 1,5 година веќе буквално воопшто ниту ме чеша главата, ниту ми се појавил перут.. Се препородив! Е сега да нагласам дека во упатсвото пишува дека не треба да се користат при бременост и доење. Во секој случај ептен ги препорачувам!
првут имам многу првуд сум се обидела со секакви препарати, но нисто не ми помага. може ли да ме советувате со што би можела да го отстранам некои домашни препарати, маски или слично
Го користев Head&Shoulders и сум презадоволна. Не знам што ми текна, го сменив штом видов дека даде резултат зашто се плашев да не е премногу јак. Купив Нивеа, а и претходно неа ја користев, и сега ми излезе неверојатно гаден првут, цели парчиња паѓаат а најгрозно е тоа што од страна ми се гледа, кај ушите, кај челото, се лупам дури. Сфатив дека Нивеа шампонот ми ствара првут. Го менувам под итно, пак ќе му се навратам на Head&Shoulders.
Јас порано го немав, од каде ли се појави сега кој знае Користев Азура, добар ми беше, ама изгледа го претерав малце....Сега зедов еден на Garnier, зелен нешто со мирис на цитрон и мента ако не се лажам, бистар е (безбоен), па ќе видиме :/
А да пробате со плавиот шампон на Палмолив, специјално е наменет за коса со првут.Мене тој ми помогна. Со солидна цена од 100 денари, за 400мл
Првутот се прави од сите тие шампони со хемии!!Мене тоа ми се случи од шампоните на Лореал,и сите останати шампончиња, али затоа си отидов во Lush си купив сапунче против првут чини 580 ден. малку скапичко ама барем одприлика за недела ипол скроз ми го снема.Затоа строго го препорачувам.
Го користев плавиот шампон на Палмоливе оној за отстранување на првут,но наместо првутот да се ичисти се повеќе и повеќе го имаше.Ви препорачувам да не го користите плавиот шампон на Палмоливе.
И јас го користам Реконазол и поминува , не се користи често 2 пати неделно во текот на 2-4 недели зависи колку првут имаш и се прекинува (така ми рекоја , а и така пишува на упатството)
Си имав огромни проблеми со првутот. Мене Шаума ми правеше преголем првут. Убав шампон, скап, добар е балаблабла.. иди избањај се, се враќаш распарчена по цел скалп. Гадно.. После 29 шампони против првут испробани најдобро што ми помогна беше на Head and shoulders против првут. После прво бањање ми го снема.. А и ми ја ладеше главата некако
Јас имав мноогу првут луѓе, веднаш што се искапев ми се прааеше и тоа од орзен.И тоа наследно од тато, ми се правеа корупки огромни и ме чешаа, и кога ќе излезеше од тоа не првут туку првутиште огромно, и крв ми се правеше и коа си ја челав косата како снег да паѓаше.И цело време си ја носев во реп пошо ми беше многу срам.Но сеа повеќе не.Хедендшолдерс е спасот, господ нека го благослови тој што го направи.По 2-3 миења јас ни п од првут немав.Скап е да, прескап е али ете само тој шампон и годи на мојава никаква коса.!