Помош,една моја многооогу добра другарка има првут на косата,али смее само со бебешки шампони да се капе..Неможе да користи шампони против првут,пошто уште толку и се прави.HELP?Докторот и рекол само со бебешки шампон.Она има гууста коса и не ја чешла,и тоа дополнително ја влошува состојбата ....
http://static1.framar.bg/product/fitoval-dandruff.jpg Ovoj shampon mene mnogu mi pomognaa..inace go ima vo demetra ja tamu go kupiv okolu 250 den e nekade.
Дефинитивно најефикасен и делотворен од прво миење е овој по испробани мал милион шампони јас и сопругот веќе неколку години не го менуваме за ништо на светот. Е сега, има два вида за нормална/масна коса и за сув скалп. Ние користиме н/м но пред некој ден го пратив мм во аптека и му дале од другиот. Го вратив да го замени, немале да му дадат и сега останав заглавена со оној за сува коса. Затоа внимавајте кога купувате!
Јас немав проблем со првутот, но последните неколку месеци имам првут и тоа премногу. Ќе се вратам на head and shoulders, оној со лимон, за мрсна коса.
Има еден шампон Реконазол се вика, што мене ми помогна, и јас имав премногу, и ни хед енд шолдерс, ништо не ми помогна. Купи си го, околу месец дена се користи, иако е мал не се става многу, не се секирај, ќе ти остане дури. Цената мислам дека му е околу 160 ден. Исто многу многу добар е тој на Vichy пред твоето мислење е поставен, ама е многу скап, околу 800 денари ако не е и повеќе. Јас го имам користено, веднаш помага.
Се согласувам за Реконазолот но морам да пишам дека тоа не е шампон за секојдневна употреба туку е лек против габички (антимикотик) и како таков треба да се третира. Не се користи долго а и може многу да го исуши скалпот. За разлика од него Виши е шампон и покрај цената вреди за секој денар а и ќе го користиш барем 3 месеци пакувањето од 200 мл.
Да да, затоа и пишав дека се користи само еден месец, и тоа само 1 неделно. Мене така ми го препорачаа на кожно, и го земав затоа што во тој момент не можев да давам 800 денари за Виши, иако го имам користено и тој лани, и шампонот е прекрасен и си вреди за парите дефинитивно..
Имам долга коса речиси до половина.Долги години користам лореал шампон меѓутоа сега имам проблем што ме иритира страшно :Имам мала екзема на тилот што ја активирав на нервна база(користев лосион од аптека,крема и се средваше некако),проблемот е сега што ме чеша и горниот дел од главата не само тилот и се појавува првут.Значи ужасно ме ремети чешањето а и снегот на раменицитеНекој совет ?
Најдобро ќе ти биде да отидеш на кожно, чим веќе си имала екзема, не ризикувај да ставаш секакви шампони на главата.
^ На кожно ми дадоа лосион-бетасалик ама со назнака ретко да го користам бидејќи можело да дојди до изумирање на клетките на тој дел од главата и ќелавосттоа ми го кажа друг доктор што ме пушти во соодветна аптека да набавам по нејзина препорака друг лосион(изричито во "таа"аптека).Го набавив и тој лосион ама без резултат,затоа барам совет од паталци
Девојки, купив Реконазол шампон после давањето пари на секакви шампони за првут, ама сепак ништо не помогна. при едно миење на косата обично ставам шампон по два пати, бидејќи ми е прилично долга и кога ставам само по еднаш шампон ми е некако залижана дали кога ќе се мијам со Реконазолот да си ставам прво обичен шампон, па Реконазол или обратно? или само Реконазол?
@Butterfly.girl5 прво Реконазолот, а после можеш да се шампонираш и со обичен шампон. Само да не биде некој јак. Јас во последно време земам или Афродита или пак некој бебешки, само Бубхен не, ми прави дополнителни проблеми.
Јас ставав обичен па тој, зошто после со многу мала количина се правеше пена, а инаку на мрсна коса нема да можеш целосно да го распространиш низ цела глава Реконазолот.
Со се имам пробано ама не бива! Уште повеќе имам првут од некој шампони. Татко ми ми кажа да пробам со сапун со свиња. Уште од самата помисла ми се гади. Од баба земав еден, секој 10 години прават по многу и траат многу години, па има некој чуден мирис, не знам дали да пробам, ако знае некој шо пробал со тоа, нека ми пише!
мене овој шампон многу ми помогна за разлика од некои други што ги пробував. со редовно користенје ми се исчисти првутот. сепак ако после тоа се измиете со друг шампон се губи ефектот
До пред неколку месеци немав никаков проблем со првутот ама бидејќи ја променив фарбата што ја користам долго време па ми се појави.(мислам дека е од тоа, не сум сигурна) И тоа не малку само да затресев глава паѓаше снег. Пробав со секакви шампони но немаше ефект. Овој производ на Балеа го купив така без некои големи очекувања ама имаше ефект . Мириса малце неубаво, мирисот ме потсеќа на Аутан против комарци. Инаку не се плакне само се масира главата со него. Не ми е купен од кај нас, па затоа проверете дали го продаваат во ДМ.
Vo zivotot nikogas ne sum imala prvut otkako go pravev samponot od kopriva so ampuli fanav prvut i prekinav...sega koristam wash go i povtorno imam strasno me nervira nesto sto najveke sum mrazela kako da go iscistam pomagajte......
Јас го користам од авон шампон и балсам 2 во 1 против перут за сие типови коса и после првото миење има ефекти. Сега секоја коса е различна.
Ракија, издробете една главица кромид и ставете го во ракијата и ставете неколку каранфилчиња, оставете да отстои четири дена исцедете и навечер намачкајте го коренот од главата. Јас истото го направив вчера денес немам првут позз
Абе земети си чешел за вошки.Како што ги вади вошките така и првутот Најозбилно, јас така го истребив