Јас од хед ен шолдерс само повеке се наполнив со првут .. Мене единствено од Авон шампонот ми помогна , од сите други факав првут :/ ако можеш да си го набавиш , пробај го , можеби и ке ти помогне . Мене уште првото шише кога го завршив видов подобрување . Еве за кој шампион се работи :
Од детскиот шампон Бекутан лом ја напраив косата. Не можам да ја оправам. Дали знаете некое детско шампонче ( хипп или др.) што не ствара првут? Класика, најдобар ми е head&shoulders ocean, а и тој од Авон е сосема ок.
Од кој Бекутан ти се појави првутот? Мене обичниот со екстракт од камилица не ми годи на скалпот и ми ја прави косата сува, меѓутоа тој со екстракт од пченични 'ркулци ми е одличен и не ми предизвикува првут. Џонсонс бејби ми е исто така опасен по скалпот и го избегнувам, а Хип за жал не сум го користела многу одамна.
Јас сум скарана со Бекутан ама овој од Мишела не сум го видела/пробала. Потив првут закон ми е Сајос. Одличен шампон.
Мене Сајос ме суреди уште толку со првут На кој како ќе му се погоди. Овој од Мишела го немам сретнато , ќе го побарам да дадам последна шанса на Бекутан.
^Е баш чудно. Најверојатно зависи од скалпот дал е сув, мрсен. И Алпецин е ок на мојава глава не ми создава првут.
И мене Сајос ми створи првут уште повеќе. Сега еден од Авон користам, убава ми ја прави косата, и' дава сјај, а за првутот ќе видам дали ќе ми го среди. Против првут Head&Shoulders ми е закон.
Многу е битно како што кажаа Божица погоре, дали скалпот е мрсен или сув. Јас пред некој ден зедов за мм од Зегин, Еуцерин шампон против првут за сув скалп. Тие имаат и за мрсен и за сув. Мислам дека од неколку перења оди на подобро, ама ќе видиме.
Јас долго време користев шампони на балеа и никогаш сум немала првут. И пред еден месец си реков да сменам малку и си го купив овај шампон од пантен и се наполнив првут. Имам долга коса до половина и 2 пати неделно ја мијам. Каков шампон да си купам против првут? Се мислев за хеден шолдерс ама немам искуство и незнам кој да земам. Препорачајте ми некој, од кој сте задоволни.
Прв пат во седмо одделение се измив со Pantene шампон и од тогаш почнаа проблемите со скалпот, веќе 10 години. Само со Head and shoulders ми се смирува првутот ама многу ми го уништува влакното и косата ми е бушава, со недефинирани локни, инаку природно виткана ми е. Кога ќе преминам на друг шампон, ми се јавува себореја, па после се мачам со неа, никако да го средам проблемот со косата, ако е добар за структурата на влакно, не е добар за скалп и обратно. После долг период како го контролирав себумот со Syoss шампонот со цинк, не знам како точно му беше името, па морав да превземам нешто против опаѓање на косата и со витаминскиот шампон ми се врати себорејата, па пак сменив шампон и ми се појави првут, и сега сум во план да го земам пак Head and shoulders, додека се потсмири малку па ќе прејдам на Syoss оти ми е поекономична опција од првиот. Џабе медицински шампони, џабе домашни, џабе странски.. ништо не делува. Ако некој имал сличен проблем и го решил, макар што не ми се верува да има решение, нека ме извести да се спасам од чудово од коса на главава. Аман @Biodevojka Баба ми цело време ми вели да сум ставела јаболков или вински оцет на главата, ама од другата баба имав слушнато за некој рецепт со оцет, неколку капки ракија, маслиново масло и појма неам уште што, го изгубив ливчето кај што запишав, да не знаеш некој сличен рецепт? Ако ставам само оцет, колку време да го оставам и дали да се измијам со шампон после тоа? Ќе мириса ли косата после тоа? Нели од киселината се уништува влакното?
Здраво драга, оцетот може слободно да го користиш за ислакнување на косата по миење. Земи 500 мл. вода со една супена лажица оцет (како за почеток кога ќе се навикнеш може и помалце вода) и стави 7 до 10 капки етерично масло за да го покрие мирисот на оцетот. Со оваа течност ќе ја исплакнеш косата откако ќе ја измиеш прво со шампон. Ова е последно плакнење и повеќе не ја плакнеш со вода. Откако ќе се исуши исчезнува мирисот на оцетот. Инаку за првутот пробај со масло пред шампонирање. На пример земи јојоба и стави мала количина само на коренот со блага масажа. Јојобата има моќ да го нормализира производството на себум. Остави така половина час па измиј со убав благ шампон. На пример сенситив од алверде кој е многу нежен за скалпот. Пробај па кажи дали функционира. Инаку за сите девојки кои имаат ваква проблематика, бегајте од силиконските шампони. Силиконите се извор бр. 1 за сите проблеми на косата, суво влакно, тешко влакно, првут и.т.н. Преминете на шампон без силикони (еве не мора да биде органски ама барем да не содржи силикони). Прочистете ја косата и ќе видите како проблемите сами ќе се решат. И избегавајте агреивни шампони кои го влошуваат проблемот. Поздрав.