Здраво драга ако си од Скопје во ДМ го гледав баш денес. И на попуст е моментално (мислам дека 15% беше). Поздрав.
ставам шампон направен на природна основа ,ама не ми помага темето вакво никогаш не ми било ,во очајна состојба сум
лугее веке 10 год мака мачам со првутот...што не испробав..сапуни од докторс, реконазол, х&ш, еден скап од 1000ден од аптеките,од секоја реклама секој шампон и за џабе ништо не делува, за природните ич да не спомнувам, не оцет не коприва не јаболков сок ништооо...само шо ке се измијам и исушам веднаш имам првут ...ПОМАГАЈТЕ
Веќе долго време се мачам со првутот и сум пробувала се и сешто. Сода, оцет и уште многу работи што ми ги препорачале ама не помага баш. Па ако имате да споделите некое ефикасно решение (имам мрсна коса)
Пробај со самоварен свински сапун. Содржи каостична сода, содата ги отвора порите, маста го храни скалпот и темелно го чисти првутот. Малку непријатно мириса, но првутот ефикасно го отстранува. Проверено.
Да, Виши малку поскап е, но вреди, навистина помага. Поевтина варјанта се шампоните Оранозол или Кетоконазол, ама мора Кожната да ви ги препише. Се нанесуваат на мокра коса, треба да одстои така 20 минути, потоа се плакне косата. Помагаат за првут и кожни габички.
Имам проблем со првут во косат.Јас користам head and shoulders и можам да кажам дека ми помогна,но сега имам проблем со оној ситен првут,бидејќи head and shoulders ми го исчисти само оној првут што е како (сум слушнала дека го викаат лушпа).Роднина ми има кажано да пробам со бел оцет,па можеби ќе успее.
Jas za cudo od avon zemav eden eftin sampon protiv prvut I mnogu mi pomogna prvin zemav na receipt I mi pomagase odredeno vreme potoa ne potoa poracuvav od oriflame sampon I regenerator protiv prvut I mi pomagaa odredeno vreme no posle ne sega zemav kako sto kazav od avon I maka si nemam od prvut
10 години се премногу ..не е лошо на кожен да одиш и некое испитување да направиш...јас понекогаш само ми се појавува првут и го користев Сулфа плус шампонот некој српски ама еве денеска го барам во аптеки велат одамна го нема ...Ако некој знае во ск каде има нека информира.Првутот ми го снемуваше со едно миење
Знам дека мислењево е старо,но имам сличен скоро ист проблем,само што мене ниту head and shoulders не ми помага,ни авон,лореал,орифлејм,ништо.. Прочитав за сапунот од катран,и се уште го немам испробано шампонот на Palmolive.. Што е поефиксасно? Некое друго чаре? Ова е веке неподносливо..
Ако првутот е придружен со чешање на скалпот и иритации, тогаш нејверојатно се работи за себореа. Во тој случај ти треба медицински шампон. Мене само Реконазолот ми помага. Го има низ аптеките, околу 140ден.