Долго време користев Нивеа за фарбана коса и немав првут, ама брзо ми се мрсеше косата па земав шампон од Алверде за мрсна коса, се беше супер, ама 4 месеци користење ми се појави првут. Некоја што користи на Алверде дали има ваков проблем, за да знам дали е од него.
Откако примам хормонска терапија неможам да поднесам фарбање ми се прават рани на скалпот. А пак од шампон ми се прават лушпи. Порано користев х&ш ама и тој веќе не ми одговара. Земав бебешки демек нешто по благо ама не не помага ни тоа. Изгледа ми треба некој медицински, препорачајте ми. Инаку немам чешање и рани од шампони туку само корупки
Да го побараш Биоблас 2 во 1. Мене само тој ми помага кога ми се појавуваат корупки. Го препорачуваат и Реконазол за вакви проблеми, но мене не ми одговара затоа што косата потоа не можам да ја скротам никако. Биоблас е многу добар, меѓутоа залихите низ аптекте им се при крај па да знаеш дека постои можност и да не го најдеш баш лесно. Од оваа причина јас го купив Лореал Елсив 2 во 1 против првут (за нормална коса). Добар е, уште при првото миење корупките се повлекоа 40-50%, па за понатаму ќе видиме. Види помеѓу Биоблас, Реконазол и Биокап. Добри се против првут сите.
Имав многу првут. Жената што работи во Зегин ми е пријателка и испробав буквално се! Шампони,сапуни,третмани.. Ништо никако нд ми помогна. некои беа доста скапи и бев убедена дека ќе има ефект но ништо. Спасот ми го најде чичкоми. Ми купи шампон од Грција, Salsun. 5€ e ептен мало шишенце и имаше резултат но потоа после 2 недели повторно имав првут и тоа ептен многу. Повторно му се пожалив и замислете човекот ми донесе друг шампон повторно од Грција, Ultrex се вика, тегет сино шише и е прилично ефтин. 400 милилитри за некои си 3-4 евра но откако го користев има поминато 6-7 месеци и воопшто немам првут. А не сум купила повторно. само тоа едно шише го искористив цело и толку . Пробајте и кажете дали ќе ви помогне.
Вака уште од првото користење го снема дел.. но ги користам сите производи од сликата пилингот шампонот и спрејот. Веќе 3 недели ги користам и немам значи ништо од првут . Има резултати значи провеерено а шампоните едноот е за нормална коса а другиот е за мрсна коса.
Мене ми помогна оваа колекцијата Лореал против првут. Го користев шампонот 2во1 за нормална коса, плус маслениот третман во спреј. Не ми е јасно зошто оваа колекција ја има само во Зегин, ама добро. Другиве немам приметено да ги увезуваат. Има и пилинг за коса, наредно ќе го земам него зашто баш тоа и ми треба бидејќи ми се прават лушпи кои чешаат и многу ме нервираат, па веројатно би требало полесно да се исчистат после пилингот. Ќе пробам па ќе пишам.
Исто и јас ги земав за дечко ми , имаше ептен првут дури лушпи што се вели , само со оваа комбинација мѕ ги снема .Ги користи шампонот за нормална коса и лосионот за после бањање.
И јас го користев овој шампон само дерматологот ми кажа дека не смее да се користи често затоа што ќе престане да делува, бактериите стануваат имуни на него ако често се користи.
Здраво Од декември мака мачам со првутот значи имам премногу дури и после миење на косата. Коростев wash and go, head and shoulders тој против првут но ништо. Особено head and shoulders одма штом ќе се измиев какп повеќе да ми правеше. Ве молам за некој предлог а и ме чеша главата на моменти
Последниов месец дена имам првут страшно многу цели корупки и како снег паѓа штом ја допрам косава, со чешање со рани се направив. Ај што не е естетски страшно е ова веќе, сметам дека е хормонски после породувањето. Кој медицински шампон е најдобар да земам уште утре ама да нема потреба од одење на доктор