Конечно најдов шампон што ми помага на косата. После толку користени шампони овој на среќа го земав ај да пробам, па еве скоро месец го користам и немам како порано првут, пак имам нешто ама слабо е тоа за разлика од порано кога не можев да ја врзам косата.
Ако може да те прашам нешто сакам да го земам blu cap шампонот сега после доолги години преминав од head and sholders на природен органски шампон ама ми се направи многу перут па да го земам шампонов и сега колку пати неделно да се мијам со тој јас обично два пати ја мијам косата е сега дали е доволно еднаш со него еднаш со органскиот за да ми се исчисти и навикне косата на друг шампон,ако може малце помош?
Батали head and shoulders и останати органски шампони, за себореја и перут се рај. Порано го земав, уште толку ми ја влоши ситуацијата. За медицински цели, на природна база не се зема. Исто како чај да си ставила на глава. Blue cap-oт е токму наменет за таа цел. Можеш два-три пати неделно да го користиш. Малку се става и се масира скалпот. После неколку недели, кожата како нова ќе биде. Мене додуша после 3-4 миења имам резултати. Кога ќе се регенерира скалпот, тогаш можеш органски шампони да користиш.
Колку време го користиш природниот шампон? И кој поточно природен го користиш? Прашувам бидејќи кај нас има „природен“ и природен, затоа. Мој совет ти е да се бориш против првутот со производ со „чист“ и убав состав, не со шампон преполн со агресивни сурфактанти, силикони и др. P.S. Јас од лично и од професионално искуство/знаење, воопшто не се согласувам со членката погоре...не е точно дека природните и органски препарати не решаваат проблематика и се само за луѓе што „немаат проблеми“, тоа апсолутно нема никаква врска со реалноста. 21-ви век е....мало гуглање е доволно, не треба да се биде експерт во тоа поле да се види дека постојат и органски шампони наменети за иритиран скалп, за сув скалп, против првут, против опаѓање, за себореја, за зајакнување на тенко влакно, за третирана коса итн.
Бев лечена од страна на дерматолог со природни состојки. Состојбата ми се влоши, не ми се подобри. Имав рана огромна со крв, првут огромни парчиња. Шампонот што сама на своја рака го земав, раната ми ја затвори за две недели, а по само неколку миења немав веќе првут. Без разлика дали професионално се бавиш со одредена тематика, јас говорам како личност со хронична себореја. Со оглед дека веќе неколку години не го користам и буквално немам никаков проблем, тек сега ако сакам ќе користам органски шампони. За одредена проблематика се пристапува кон санирање на штетата, а потоа одржување. Слободно нека ме аргументира некој, ако се справил со хронична себореја благодарение на шампони на природна база. Можеби ќе биде подобро месец, два, а после, пак стара песна. Ми стои на полица полн, затоа што немам потреба да го користам, кожата ми е здрава целосно.
3 месеци можеби и повеќе го користев на logona шампонот со кофеин,сега ми заврши па зедов со зелен чај од уртекрам,сега со него ќе почнам,каков совет ми даваш да применам,бидејќи долго време користев со силикони па сега сум полна со перут,катастрофа ми е главата
Јас немам првут можеби година дена,а пред тоа го користев шампонот од Авон на Advanced Techniques со плаво капаче. Имав бел првут и ме чешаше овој многу ми помогна, после се преселив и користам друг ама нема проблеми со перут.
Кога веќе си се префрлила на Уртекрам, јас би ти препорачала да останеш на нив. Е сега, конкретно околку изборот на шампонот би те советувала поинаку. Green Matcha е фантастичен шампон, меѓутоа не е за таа намена/проблематика. Јас би ти рекла да си земеш Tea Tree за иритиран скалп, кој меѓудругото помага и за себореичен дерматит. А доколку ти е непријатно со првутот кој ти се створил, можеш да земеш дополнително и од алое вера anti-dandruff...па да ги комбинираш секое миење, по две нанесувања секој пат. И двата се од ист производител и на иста база, па нема да имаш никаков проблем да ги комбинираш.
Точно така Х&Ш е зло ми падна косата од него и пак имав првут Јас по твојов совет го купив за прв пат блу кап ,скап е и малечок ама скалпов ми го ичисти ,стакло ,рани имав ,првути една рака снег ,косата ми опадна од толку првут и чешање , сега го користам блу кап и мерц таблети за да ми пораснат нови влакна Грим фала најмногу и на сите други што ми го препорачавте Косата е украс на една жена мојата беше катастрофа
Баш ме израдува. Супер, се надевам ќе прочитаат и други, за еднаш за секогаш да си го решат проблемот. Мило ми е што помогнав на некој
Колку е цената? Јас го користев на Логона енергетскиот шампон против опаѓање, првото пакување топ беше престана да ми паѓа косата толку, ама кога го земав 2-то пакување почна многу првут да ми се прави и се нервирам, а никогаш сум немала проблеми со тоа...
Околу 500 ден, имаш малку поголемо пакување, околу 700 ден, поисплатливо е. Го има во повеќето аптеки. Наменет е за првут. Кога ќе го решиш проблемот со него, тогаш би ти препорачала или Bioxine Forte или Mane 'n Tail шампон против опаѓање.
Јас го купив од зегин 400 и нешто беше 75мл (скап е знам плус и малку) но вреди за парите , што све изнакупив од шампони за да го средам проблемов 60 % од косата ми испадна , ме чешаше скалпот имав рани Првутот штети на скалпот и затоа не растат нови влакна а другите влакна ги уништува Вреди за парите , купи го следи го упаството и решен проблем
Здраво Неколку години го користев head and shoulders и не знам дали од тоа или од пеглање косава многу ми се изретчи... сега кој и да ставам друг шампон ми се прави првут ме чеша главата и пак морам да се вратам на head shoulders .. некој шампон што би ми помогнал да не ми прави првут? Пошто овие хеад анд шоулдерс се многу агресивни шампони барем за мене
Тоа е еден од најагресивните шампони, и доколку се користи треба на краток период. Маж ми има многу првут, тој користи органски шампони и има ефект, на Корин му се покажа како најдобар ама веќе не можеме да го најдеме, сега го зема на Yves Rocher ама според состојките не е баш нај нај, првиот се покажа како подобар. Користи не толку агресивни шампони по можност органски, одма ефект не може да имаш ама со редовно користење ќе се намали, кај маж ми кога се намали тој веќе 20 мака мачи се додека не најде соодветен шампон. Има и на Белина доста избор против првут, наредно би му зела од Натура Сиберика.