Jas gi imam probano skoro site samponi protiv prvut od Bellina 4 tiot sampon mi bese ok ama ne dovolno, povtorno mi pravese prvut na istite mesta(mene mi se pojavuva napred i nazad na glavata i od ednata strana), a kosata mi bese mnogu ubava, od 2riot i posledniot ne bev voosto, mi se javi posilno cesanje i prvut nasekade.I od Organique go probav i ne, mi pravi i toj prvut. No kaj sekoj razlicno deluvaat Ke go probam sega Blu Kap i ke pisam kako ke deluva kaj mene
Значи овој од натура сиберика ти бил најдобар, добро те сфатив? Сподели искуство со блу кап бидејќи и јас сум со мисла да го купам. Јас немам многу првут. Имам напред кај челото и ме нервира кога се гледам во огледало.
Jas imam loso iskustvo so blu kap, skoro da nemase nikakvo dejstvo kaj mene, se isto si bese.. daj kazuvajte dr sto da se proba..
Вчера го пробав блу кап. Во поглед на првутот не можам од едно миење да дадам мислење. После неколку миења ќе видам како ќе ми делува,па ќе споделам. Инаку од друга страна косава ми ја направи пресува на допир. Дури додека ја миев како да ми чкрипеше од сувост, тоа не ми се допадна.
Многу сува ја прави косата, јас наизменично го користам (едно миење со Blue cap, следно со обичен шампон) и го комбинирам со маска за коса. Обавезно ставам на пола коса инаку одвај ја чешлам, ми станува грмушеста. Најефикасен ми е шампонов во борбата против првутот, бар сигурна сум дека нема да ми поприми косата боја ко од Реконазолот. Со него ептен мака видов, ми ја џинџероса косата и одвај го тргнав.
И мојава исто. Дури по 3 ден миење како појачан да ми е првутот, силно чешање... а 700 и нешто лупнав за шампонов
Вие што сте задоволни од блу кап споделете искуство после колку миења ви го исчисти првутот? И дали косата ви ја правеше сува, грмушеста?
Мене пост-породилно ми се појави себореја и не можам целосно да се изборам да исчезне. Инаку цело време пред тоа користев Сајос против првут и бев сосема задоволна долги години. Блу кап искористив цело шишенце и повторно имав проблем, но минимално, така што можам да кажам дека имаше делумен ефект. Ми рекоа дека треба да се користи во комбинација со некој благ шампон, ми препорачаа тоа да бидат бебешки шампони или органска козметика, па почнав во комбинација со Алверде за чувствителен скалп. Трето миење ми е и состојбата горе-долу е иста, по миење е ок еден ден, потоа вториот ден веќе почнува иритацијата да се јавува. Од друга страна, кажано ми е дека комерцијалниве шампони апсолутно не вршат работа при ваков тип првут. Инаку Блу кап ја прави косата ужасно сува, јас паралелно користев регенератор на Гарние од пола коса до врвовите за да ја оживее. Искрено, би се обидела со некој друг, бидејќи ете нема траен ефект, не знам колку долго би требало да се употребува ако не дава резултат по искористено цело шишенце. Ми препорачуваа уште некој друг во Зегин, мислам дека беше Неутрогена, планирам да се обидам со втората опција.
цел живот се борам со првут и не најдов решение блу кап го користев и ДЕЛУМНО ми помогна, косата тутун и пак ништо
Пробај vichy sensitive (со розови букви ) , на моја другарка само тој и помогна а што ли не испроба од биодерма , реконазол , blue свашта нешто ...
Јас не го користам на секое миење. Преку 1-2 миења, така ме советуваа на лекар. Имам друг од Алверде (нив ги менувам, секогаш различни купувам, во моментов имам Алверде со кофеин) и него го користам измеѓу кога не ставам од Blue cap. Така косата ми е супер, не сум приметила сувост, но ставам маска или некогаш и кокосово масло пред миење, зависи колку време имам. Две дози искористив и бев океј, ама ако е себореја како кај мене, може пак да се јави кога организмот ќе се тригира од нешто. Сега препорака ми е да го вметнувам секогаш кога ќе забележам првут или корупки, па приметувам дека од второ-трето миење скалпот е чист. Е заборавив дека за шампоните сум пишала и погоре, ајде повторувањето е мајка на знаењето, не ми се смејте.
Само да споделам искуство, не за првут туку општо. Се изнапробував органски шампони, од алверде, од ив рошер, ништо како Конопка. Уртакрам не ми е пробано, ама верувам дека е добар. Зборот ми беше, ако ценовно не ви прави голема разлика, пробајте да го избегнете Алверде.
Фала но не ми се свиѓа Конопка, ниту пак ми одговара нешто од нив на коса/кожа. Ме пршлоса шампон од Конопка уште толку и тоа беше тоа, си терам со Алверде.
Дали најдовте некој целосен лек? Да не се враќа првутот. За блу кап не знам какво мислење да дадам. Првиот ден е ок, ама веќе наредните се чуствува на допир првутот во глава и ќе го расчешам излегуваат лушпи. Значи не помага целосно.