Да, да, баш тој и си го користам. Еднаш мијам со него, еднаш со другиов. Колку и да менувам, пак на крај на Алверде се враќам, за мојата коса скоро сите Алверде (освен тој со кокос, е тој ми беше утка) ми се покажаа супер.
Сакам да споделам искуство. Имам пишувано претходно, имав минимално првут напред кај челото и тоа само на едно место и ме фати инат да го елиминирам скроз. Купив блу кап го потрошив цело шишенце но во главава ми направи рани и првут на други места. А косата ми ја исуши скроз. Потоа купив уртекрам од алое вера прв пат ја измив косата со него. но напред на челото ме направи скроз првут како тепих послан немаше точка што не беше првут. со чешел со запци го расчешлав го требев како мајмуни вошки кога чистат но косата ми ја направи многу убава. Не знам зошто наместо да го елиминираат ми направија првут на места каде што го немав. Какво искуство имате со уртекрам дали да бидам поупорна?
Појди си најдобро на кожен да види за каков првут се работи, можеби е предизвикан од габи па никој освен медицински шампон нема да ти помогне. Ја имав таква мака, секаков шампон пробав и само полоша беше состојбата. На крај отидов на лекар, ми препорача да го користам шампонот на Еуцерин Dermocapilaire за мрсен скалп, со едно миење ми помина. Сега го користам по потреба кога ќе го осетам скалпот како помрсен и немам имано повеќе мака.
Алверде имаат шампон што е баш против перут. Така пишува на него, со темно сино капаче е. 139 денари.
Само да се надоврзам. Продолжив да го користсм уртекрам од алое вера. И мислам дека почна да се губи првутот, но ќе видам во текот на следните миења. Ќе споделам искуство. А косата ми ја прави прекрасна. @Biodevojka ако може да кажеш дали му е добар составот?
Здраво на сите, Дали имате искуство со шампионите на Здраве против првут? Кој го препорачувате и која цена е? Благодарам
Здраво драга базата е избалансирана не е агресивен ама не е ни природен. За среќа нема силикони, има по некој навтен дериват и хемиски состојки. Изборот е твој секако. Поздрав.
Samponov mi go iscisti prvutot 100% no mi bese donesen od prijatelka mislam deka vo Mk go nema ako slucajno znaete kade mozam da go najdam go zimam pak
Od koj sampon na zdrave aktiv protiv prvut ste zadovolni ii dali voopsto imaat efekt ovie samponi? Mene mi go preporacaa od kinin samponot na zdrave aktiv, no sepak sakam da vidam iskustva