Земи го овој погоре што го објавив uriage ds hair. Мене ми помогна за две до три миења ќе имаш резултат.
Некни имаше од Палмолив (шампонот) членка постирано, мене ми имаше помогнато порано. Пробајте го, син е.
Може ли некој да објасни зошто се појавува првутот? Јас користам Head&shoulders и ми делува, но би сакала да знам дали има некое трајно решение?
Јас од Здраве воопшто не сум задоволна, ја суши косата и мене уште повеќе ми се познаваше првутот. Со кинин го користев, единствено добро е што нависитина паѓањето на косата ми се намали.
Првутот претставува дисбаланс во процесот на отстранување на природните клетки на скалпот. Кај лицата кои имаат првут, мртвите клетки од скалпот се лупат со многу повисока фреквенција од нормалното. Големиот број на отстранети клетки предизвикува размножување на микроорганизми (микробната флора) на скалпот. Постојат неколку теории за нејзината причина, но реално не е познато која е неговата вистинска причина. Од мое искуство: хормонален дисбаланс може да биде причина, недоволно добро миење на косата и лоша исхрана (пржена храна, шеќер, нездрави масти итн.) Трајно решение е да продолжиш да го користиш шампонот кој ти одговара
Во 200 мл вода се става 2 капачиња бел оцет, се става на скалпот, се остава 5 минути па се мие. Неколку пати вика првут воопшто нема да имате. Да е жива и здрава баба за ова. Јас од првут што имав многу дури мозолчиња почнаа да ми излегуваат по главата.
Дали некој имал бело-црвен перут? Не знам како боље да опишам ко бел перут со голема црвено кафена точка во средината. Малце ми е страв зашто никогаш до сега не сум го видела ова
Мене искрено ме спаси Head and shoulders, јас имав големи корупки и дури одма после миење бев таква. Од кога го пробав го користам дефинитивно него. Прекрасен е и преубаво мириса а и најважно од се е тоа што уште првото миење немав првут и осетив голема разлика. Ми даде многу свежина шампонов. А инаку не плаши се за кафеавите точки сосем нормално, и јас ги имав скрос исти. Би ти препорачала head and shoulders да си го пробаш, јас не згрешив.
Дали знаете некој каде можам да го најдам Келуал ДС против перут? По аптекиве ми викаат дека веќе не се увезува.