Јас имав многу првут.Ги имав испробано сите шампони и ниту еден не ми помогна.Еднаш една моја другарка ми кажа дека купила Head and Shoulders и дека нејзе и помогнал.Решив и јас да го купам.Кога прв пат ја измив косата имав повторно но не многу.И вториот пат имав уште малку.Но кога ја измив третиот пат во косата немав ни трага од првут.Од тогаш па се до денес.Јас го користам само Head and Shoulders и заборавив како изгледа првутот
И јас имав проблеми со првутот, ама конечно го најдов решението и многу сум задоволна. http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:0,s:0 Немам ни трага од првутот
Јас си користам DOve, ама кога фатив првут, поим немам како ми препорачаа Clear на една промоција во Веро и го купив. Шампонот е стварно лек за првутот.
Мене првутот ми се појави уште во основно. Пробав и Head & Shoulders, и Wash & Go и Doctors и свети Doctors! Ништо, ама буквално ништо не ми помогна. За среќа не се откажав од потрагата по шампон кој ќе ми помогне да го исчистам првутот и тогаш го пробав Pantene. Веќе 7 - 8 години го користам овој шампон и сум презадоволна! Првут не паметам кога последен пат сум видела на главава. Ама секој има различна кожа и скалпот кај секого не реагира исто на ист шампон.
Од самиот почеток на пубететот ми се појави многу првут. Пробав многу шампони, но ништо не ми помагаше. Но кога започнав да го употребувам шампонот NIREL веќе воопшто немам. Може да се купи во сите аптеки и не многу скап. Клинички е испитан и помага дури и за: опаѓање на косата, јадеж, црвенило, првут... Единствен недостаток е што нема убав мирис.
И јас имав првут,пробував со секакви шампони .. Али почнав да користам Pantene и не го испуштам од рака Топло ви го препорачувам !
сметам дека тоа е индивидуално за сите некои имаат преку цела година и со никакви препарати , шаммпони , регенератори маски за коси неможат да го отстранат
Јас за првут го користам Advance Techniques од Аvon против првут и многу ми помага. Ем убаво мириса, ем нема веќе бел „прав“ во косата.
Јас почнав да си ставам ампули бивиплекс за да ми расте побрзо косата и ми расте. Арно ама првут ми се напраи, не многу речиси и да не се приметува, ама го има и ме вади од такт . Не сакам да се мијам само со шампон зошто така нема да ми расте побрзо, а сакам долга коса
ви благодарам на советот овој сапун помага и за флеки на лицето го купив и супер а во аптека ми рекоа дека помага и за псорјаза ви благодарам поз..
Поз.. со сапунот се мие лицето како обицно потоа нанесуван крем за сува коза од оние од докторс за сува коза а косата ја мијам само со сапунот има ефект еве веке трето миенје се гледа подобруванје се надевам мене ми помогна се надевам и на вас posting.php?mode=reply&f=9&t=47#
Првутот мене знае да ми се појави во зимски период. Еве неодамна ми се случи тоа и си купив одма Head & Shoulders. Одма си го решив проблемот, презадоволна сум од шампонот, а плус и убаво мириса,некои нови видови имаа.
Некогаш кога ќе ми се појави првут се мијам со Сулфаре (незнам точно како се чита)... Неможев да најдам сликичка,но го има по аптеките,кој сака слободно може да го проба.. Добри резултати има кај мене.
А го имате ли користено новиот шампон од нивеа колекцијата ,го гледам цело време на Тв го рекламираат дури и парите ке ги врателе викаат ако немало резултати ?
Чичково масло од Галафарм му е мајката! Ставате од маслото на памукче и нанесувате на местата со првут, оставате да постои едно 20-30 минути и миете убаво, имам слушано дека маслото ја осветлувало косата, ама не сум баш сигурна, ако некоја има искуство нека помага, а за првутот гарантирам дека го снемува!
да да чичково масло е одлично за првут, и плус го спречува опаѓањето и го забрзува растењето на косата. Само што не се остава 20-30 минути, туку 1 час.
Мене ниеден шампон од типот на Head & Shoulders, Nivea, Recept против првут и сличните на нив, не ми помагаше. Можеби ми се намалуваше првутот ама пак беше присутен, се додека во аптека не ми го препорачаа Реконазол-от, медицински шампон кој освен за првут се користи и за други проблеми со кожата на главата (според проблемот се одредува и дозирањето). Како и да е по првото миење осетив промена, кожата не ме чешаше и 80% од првутот го снема. Веќе после второто миење првут немав воопшто, а продолжив превентивно да го ставам додека не го потрошив шишенцето. Од тогаш проблем со првут имам многу ретко, а штом ќе се појави Реконазол ми е спасот. Приметив дека мојата кожа на главата не прифаќа шампони кои што се наменети за Sensitive скалп. Неколку пати сум се излажала да земам H&S таков и Pantene, па дури и Алпецин Сензитив и сите ми предизвикаа чешање и нормално првут. Значи некоја состојка што се става во таквите шампони мене никако не ми одговара и ми предизвикува проблем, така да никогаш веќе нема да се обидам да користам такви шампони. Инаку Реконазолот се става само на кожата на главата кај коренот на косата (јас директно со шишенцето поминувам низ главата), не се става на целата коса и не создава пена како обичните шампони, се втрива, се остава неколку минути и се измива.