Може слика?Го побарав на Гугл ама не искача.И каде може да го купам?Трајно ти помогна или? Башка, што на моменти ме чеша косата, и ќе се изначешам, а имам свои природни нокти и се корнам, и после уште толку ќе се убијам
Да ми станат маливе ќе ти сликнам. И јас имав рани,некои ампули земав од кај фризерката,за третман на првут,се смири веднаш.
Исто, и нема баш чаре, освен ако не сакаш да одиш мрсна. Има лосион и крема белосалик. Лосионот слободно се става, не се познава и веднаш се суши, но нема многу ефект без маста. Ставај си пред спиење на тие делови само. Ми помага сега и еден кофеински шампон од жито (на здравје мислам).
Јас не најдов решение, го користев на Здраве не ми помогна, го барав тој на Алверде што го фалеа тука веќе го нема, head&shoulders од не знам која причина не земав, мајка ми случајно имаше Бекутан земено и со него ја миев косата и еве веќе немам, дека Бекутанот влијаел не верувам, повеќе верувам дека сам си се реши тој проблем.
Јас цел живот имам првут, не сум ставала ни маски ни ништо, од мрза, затоа не можам да ти кажам што функционира. Мене Head and Shoulders ми помага и имаше уште еден, мислам Субрина Рецепт. Ај ако профункционира нешто на природна база кажи, сакам да се решам и јас.
Ништо конкретно, искрено. Периодично го снемува од нешто, по некое време пак го имам. Не ми ни текнува тогаш што сум користела. Сега ставам некое време од шампонот на Рецепт против првут. Ќе видам дал ќе е ок.
На жалост цел живот се борам со прфутот и не го имам до сега целосно отстрането, постојано се појавува... Блу кап скап е ама делумно го исчисти првутот додека го користев, гледај да избегнуваш конзервирана храна, кафе и цигари, јас ставав и свинска маст на скалпот и ми се подобрува, и после шампонирам со косили детски шампон, но додека ги правам овие ритуали е добро после пак истата песна
Ни без кафе можам ни без цигара... без се` можам без тоа не хахахаха. Јас најискрено се молам да е од промена на време и ладно, пошто ова на НИШТО не личи.Буквално, во пубертет немав проблеми со ништо, сега се` ме стига, со камата и тоа.Ќе си ставам нова глава..
Фак..ама цел живот пијам кафе, т.е 8 години скоро, а сега ми искочи не е фер. А не јадам конзервирана храна.И да јадам џанк фуд, се прженици ,паста, пица.Едино феферони, ајвар ако се рачуна..
Да буквално ши не пробавме со другарка, само овој и деркос ни помогна( исто го имаат објавено на темава зелен) . Првиот ти е поефтин пробај со него,ако не помогне пробај со деркос поскап е некои 790 ли така нешо. Па пиши како ти се погодил, ја некои 5-6 год го користам
@Feminka22 другарка беше у 101 clinic ( и паѓаше коса и и ја опраи) можеш за првут да појдеш да те види лекарот. Ја фалат сите клиникава шо биле, исто и анчевски . Ја се да идам идам али никако да појдам.
Луѓе помош Буквално плачам.Не се трпи ова веќе.Ќе бидам како шугава цел живот..ме чеша како вошки да имам. Се враќав назад, гледам Доктос, Хед & Шолдерс, Реконазол највеќе се фалени.Кој да го зеам уште утре пошто иам мрсна коса, а суви врвови, да не не ми стане сено.. Почна наназад да ми се шири. Не знам дали е од шо беше ладно, исхраната ми е иста цело време, и пржено и сѐ јадам, не е нешто од зимово ново да сум внела, вода пијам исто доста, менувам навлаки, крпи, ставам чичков ви кажав, демек помалце, и пак џабе. Дента кога ќе ја измијам косата не е страшно веќе.Еве од завчера не ми е измиена, денес требаше ,,по правило” ама намерно не ја измив за да не ја мијам секогаш на два дена.И сеа не ми е мрсна ама бела ми е и ме чеша Како да напраам пилинг? Читав негде, дали овде беше, со сода бикарбона.Само да не не можаш да ја извадам после
Мене единствено Реконазол ми помогна, само внимавај те гледам со прамени, тој е црвен да не ти смени боја (не знам дали е веројатно ама сепак). Се користи по некаква шема па се прекинува. Го има во сите аптеки
Немој да правиш пилинзи. Појди кај дерматолог ако не си била до сега.Да ти каже и каков шампон да користиш. За сега не користи јак шампон, туку некој од поблагите. За првут мене ми помага и масло од чајно дрво.
Јас овој го користев исто како тебе имав чешање,многу ми помогна ама ја суши косата така што ќе ти треба маска после него. Сега може му е сменета амбалажата