Најобичниот, најефтиниот шампон од коприва, редовно го користев 3 месеци, после тоа си видов резултати. Нема првут, косата ми е посјајна и поцврста, побрзо расте и практикувам да ја мијам 1-2 пати неделно. Пред тоа бев како со брашно посеана во главата, ми беше комплекс и срам било како да ја носам косата. Пробував секакви шампони, илјадници денари издавав, ама ете лекот бил во најефтиниот https://www.paket.mk/product/ilirija-sampon-od-kopriva-230ml/
Мислам оти ти иам пишано и порано купи шампон кетоконазол од аптека околу 200-300 денари е, истиот проблем го влечам, од 2 миења ми помина ама треба превентивно да се повторува постапката, ќе прочиташ во упатството
Пробај со шампонот на URIAGE против перут, го има во Зегин, околу 570 ден е. На нивната страна гледам дека имаат шампон и против тежок првут од истата марка, можеш да си прашаш во аптека.
Дечки да се пофалам дека ИЗГЛЕДА си го најдов чарето.Ќе потврдам наредна недела. У понеделникот кога се бањав, т.е пред да се бањам држев саат време чичково, после стаив 3 прста оцет и 1 прст вода измешано на главата и ууубаво триев.Буквално до денес два пато се почешав, првут не видов пошо ми е собрана.Ама прееска кога се плетев не видов.И буквално ова е рекорд да не мијам коса толку дена а да не ми е зејтин.Дури и сумљиво ми е.Ама дека не искачав деновиве и ја остаив.Утре ќе ја повторам постапката Буквално мајка ми хинтов тогаш ми го кажа лол.А гледа дека се мучам со првутот.Ми рече 2 пати неделно да повтарам Пробајте си, иаме дома оцет сите, ништо не нѐ кошта
@Feminka22 убаво е да одиш на дерматолог да ти исклучи себореичен дерматит на скалпот. После прави експерименти со оцет и слично. Мене лично Ороназол и Реконазол ми помагаа за првут, ама одамна немам проблеми со тоа.
Кажете кој ајде.Бев кај Башаровска како и да се вика во Румунска кога имав дерматит во увото, на интернет ми ја прочита дијагнозата…не ме ни виде као жената. Неќам таков доктор.
Ирена Димитровска или Грети Јакимовска во 8 Септември (Воена болница). Ако најдеш термини. За приватно, Старова, Камберова или Петров во Дерма Плус.
Види ја клиниката што ти ја пратив, зврцни информирај се, и пробај го шампонот од ив роше смирува чешање.
А да им ја кажеше тајната како да немаш проблем со првут Фала богу, никогаш сум го немала, ама ко ќе прочитам хеденшолдерс автоматски почнува да ме чеша главата.
Мене ми помогна овој шампон,по препорака на дерматолог. https://www.annifarm.com.mk/en/product/biotrade-sebomax-control-200ml-шампон/
Head and shoulders не сум користела, преагресивен е. Кога и да сум имала проблем со првут, земам Ороназол, барем последно тој го користев, не паметам пред колку време. Тајна немам, користам претежно природни шампони, менувам повремено со хемиите од ДМ, не ставам голема количина шампон. Не користам регенератори. Масла, маски и спрејови да, на врвовите, на скалпот не.
Значи и ти имаш себореја, ко мене, и јас бев на дерматолог и знаеш што ми рече за првутот имаш мн шампони одбери си го кој сакаш, само да не јадиш пржена храна, љута храна, све варено, кафе и цигари никако и тоа, јас само со исхрана го средив овој проблем, и внимавај со киселината може косата да ти испадне ко мојава(јас користев киселина бидејки имав голем црвен јадеж на скалпот и корупки) пробај со исхраната
Периодов со испитната пак под стрес и како по обичај ми се активира себор. дерматит на скалпот, на кожата го држам под контрола. На дерматолог ништо не ми кажаа шо не знам, кетоконазол пак и пак. Него дали овај од биодерма или можеби тој од алверде би ми помогнал?
Со алверде лошо искуство имам, од тој за мрсна коса иницијално почна да ми се лупи кожата на главата, после го пробав и за првут, џабе. Моментално го користам на Уртекам од tea tree за осетлив скалп, тој ми го препорачаа во Белина. Не е лош, немам првут и не ми се мрси брзо косата. Само многу е остра и дива ако не користиш маска.
Многу е добар шампонов можиш да го комбинираш со другиот на bioderma што е за секојдневно миење, јас сум задоволна многу од bioderma сепак е медицинска козметика за разлика од alverde
Едино ми е страв да не ми ја мрси косата овој, инаку кој е тој за секојдневна употреба? Во зелено пакување?
Sampon protiv mnoooooooogu suv skalp i brzo mrsenje na kosata... od sto e suv skalpot doagja do rani od cesanje i mnogu korupki...za mojot soprug prasuvam, neznaev koja tema bi bila najsoodvetna pa pisav tuka...