1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првут

Дискусија во 'Коса' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Машки
    Препорака за шампон за сув првут?

    Значи скалпот ми е сув, веќе некое време користам шампон без сулфати(и е малку подобро), а претходно користев Кетоконазол или Head&Shoulders зашто имам себороичен дерматит и мислам од нив ми се пресуши скалпот и никако не можам да го доведам во ред.
     
  2. Beautiful girl¿

    Beautiful girl¿ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Јас сум исто со себороичен дерматитис плус и со псоријаза, последниве месеци користам на Алверде ултра сензитив и Еуцерин ( го имам тој за псоријаза ама имаат повеќе видови ) и под контрола ми е главата. Еднаш неделно додавам и Блу кап
    Го земав Алвердето зашто почисто си ја осеќав косата, Еуцеринот не е многу јак а имам долга коса ама можеш самостојно да пробаш прво Еуцерин па да видиш како ке ти делува па да комбинираш додатно.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Има еден од Еуцерин баш за првут е, Dermo Capillaire се вика линијата и две верзии има од шампонот. Едната за масен првут, другата за сув првут. Земи го тој за сув првут, ќе ти помогне секако. Мислам дека беше 800 и нешто во Зегин.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Машки
    Го зедов шампонот и веќе по неколку миења, скалпот ми е значително подобар. Скоро и да немам првут веќе, да не заречам.
     
    На Mumoftwo30 и Mishela им се допаѓа ова.
  5. J8!kristina

    J8!kristina Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2023
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво имам проблем со првут сакам да го купам реконазол шампонот дали може да ми предложите кој друг да го користам во комбинација со него?Знам дека реконазолот е агресивен.Дали шампон од eucerin би бил добра комбинација ?
    Или има од yves rocher за масна коса.
    Предлог кој шампон би одел со реконазол ако некој има искуство?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Некој поблаг шампон земи за во комбинација со Реконазол. Можеш Алверде сензитив, има сликичка од пердувче на шишето.
     
    На J8!kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга а зошто би сакала да користиш шампон кој е агресивен?
    На тој начин само ќе го влошиш проблемот. Треба да одбереш нешто што навистина ќе ти помогне а истовремено нема да иритира.
    Јас би ти препорачала пред секое миење на коренот да ставиш некое масло на пример ова кое може да го користиш и како маска пред шампонирање на целата коса. Само за коренот се става на суво теме и се остава околу 15 мин. пред секое миење. Како маска на цела коса се става на благо навлажнта коса.
    [​IMG].
    По него косата се мие со благ шампон напримр овој кој одличен за чувствителен скалп
    [​IMG]
     
    На J8!kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Првутот треба да се регулира и внатрешно. Да не се внесува масна храна, млечни продукти , јаглехидрати, барем извесен период.
    Надворешно, во бебешки шампон се ставаат две ситно истолчени таблетки Нистатин (жолта боја како дражеи се). Се мие косата, по две-три миења, резултатите се видливи.
     
    На SummerGirl и J8!kristina им се допаѓа ова.
  9. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Да ми каже некој лек за првут?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Еуцерин шампонот можеш да го земеш. Има за сув и за мрсен првут, во зависност каков првут ти се јавил.
    Мене најмногу ми помага мачкање чичково масло на местата кај што ми се направил првут. Оставам да стои саат-два и после мијам со каков било шампон. Го храни скалпот, буквално го брише првутот. Ако е повеќе или ако е зафатена поголема регија, може ќе треба повеќе пати да се повтори третманот, ама секако делува.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.489
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Од Белина сите против првут се добри. Малку се поскапи ама многу се густи и подолго се користат.
     
  12. QueenK_

    QueenK_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Здраво, дерматолог ми го препорача шампонот на Биодерма против првут. Како сте задоволни, помага ли?
     
  13. sonceimesechina

    sonceimesechina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Го земав по твоја препорака, малку скептична да признаам, ама многу ми го смири скалпот, еве веќе 2 недели не ме тера на чешање :)
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    3.476
    Јас не го менувам, друг шампон не сум употребила.
     
  15. Crvenoobravce

    Crvenoobravce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, јас веке со месеци мака мачам со тој проклет првут конкретно себореичен дерматитис Никогаш претходно не сум го имала но од есента наваму ми се појави и што ли не пробав бев и на дерматолог се изнадавав пари по шампони оној на Здраве Актив па Еуцерин(Dermo capilaire) па Кетоконазол, Дукреј(Kelulal Ds) БлуКап и од БлуКапот ми се имаше повлечено некој 80% ама пак изби и сега пак сум на почеток а плус и ми се појави црвена линија околу скалпот и ушите страшно ми се лупат. А исто така ставам и масла за да го хранам скалпот. Пред некој ден повторно бев на лекар и ми кажа да го земам оној на Биодерма Ноде ДС+. А тука прочитав дека некој користеле бебешки и им помогнал не знам што да правам дали да го земам оној на Биодерма или да пробам со бебешки…или можеби не знам како правилно да го употребувам шампонот, ја мијам косата 2 пати неделно со шампонот можеби треба еднаш со тој за првут а еднаш со друг? Ве молам помагајте се размислувам веке и со оцет да пробам
     
  16. Beautiful girl¿

    Beautiful girl¿ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Кога имав проблеми со скалпот само ова на Биодерма ме имаше спасено. Црвенилото ми го смири и јадежот.
    IMG_20240319_111206.jpg
    За регулар миење користам Еуцерин и VICHY Dercos тој зелениот скоро година дена и само тие ми го оправија првутот. Едно миење Еуцерин друго VICHY и по потреба БлуКап.
     
  17. Crvenoobravce

    Crvenoobravce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Toa како лосион ли е нешто? Незнам дали да го земам да го користам пропратно со шампонот
     
  18. Beautiful girl¿

    Beautiful girl¿ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Да, пред миење се става да отстои после се измива. Консултирај се со дерматологот ама ако се од иста линија со шампонот мислам можеш да го користиш
    Со шампоните од Биодерма немам искуство
     
    На Crvenoobravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. voalá

    voalá Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, никогаш порано не сум имала првут а имам предолга коса. Сега последно време ми се појави и имам премногу првут. Дали ако пробам со бебешки шампон ќе ми го отстрани и нема да имам веќе проблем?
     
  20. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Некој совет за машки шампон против првут