Во бебешки шампон , ќе додадете две столчени таблети "Нистатин" веќе по второто миење, ќе почувствувате разлика . Schauma машкиот, тегет боја мислам дека е амбалажата. Здраве со чајно дрво .
Маж ми има голем проблем со перут, дури и лупење на скалпот и ушите, некаде во главата има и ранички. Што да користиме веќе не знам, кажете совет за асален шампон, да не е вртоглава сума а да не помогне.
Vichy Dercos е одличен, често се наоѓаат и 2 во пакување по цена на 1. Не знам која му беше цената, можеби 1000-1200 ден. Друга варијанта е шампонот против првут на Eucerin. Меѓутоа, има две верзии од него - за сув и за масен првут. Ако има рани по скалпот, веројатно се работи за масен првут, иако не би можела да тврдам. Консултирај се во аптека кој од двата да го земеш, мислам дека 900 денари му беше редовната цена.
Маж ми ги користи шампоните против првут од Белина. 500 мл е околу 800 ден. Ок се, органски колку толку го спасуваат. Тој дури има цели кругови првут не она ситното, парчиња кај него се.
Да исто, му паѓа и на маица се познава ептен, му се спушта и на ушите и веѓите понекогаш, знае да му се направат и ранички од мн чешање и да го боли после. Сакам спас да најдам да нема ич.
Nevazno kako go pisal po izvestaj,vazno da mu dade samponi,vitamini ili nesto.TOJ e doktor .treba da znae.
И јас сметам дека е себороичен дерматит, а шо се однесува до кортико креми, тие се меч со две оштрици за себореата бидејќи само привремено го “решаваат” проблемот, а при прекин тој се враќа поизразено. Во основа на себороичниот дерматит е габа Malassezia furfur шо ја имаме сите во нашата кожа, арно ама кај низа на луѓе постои генетска предиспозиција да пројави поинтензивен раст и да предизвика воспаление. Има низа на шампони за ваков тип првут и речиси сите се на база на пироктон оламин(блу кап, еуцерин за масен или сув првут, биодерма ноде дс+ итн), циклопирокс оламин(келуал дс+) или кетоконазолот(сите се антимикотици). Јас би ви препорачал да земите или еуцерин за масен првут или келуал дс шампон, а за кожат на веѓите и ушите има исто така посебна крема: биодерма сенсибио дс+ или келуал дс+ крема.
Vitamini ne dade, nikakvi apcinja nisto, samo sampon na uriage, ama od toj nema.podobruvanje, mesec dena ima kako go koristi, sega vekje go trgnavme. Nie mislevme deka e isto seborea, ama doktorov ne ubeduvase deka ne e, deka toa bilo dosta poizrazeno i polosho, kaj nego bilo samo gabata koja sto ja kaza ti, taa pravela.problem, i e nasledno da. Ne znam sto da kazham.
Можеби глупо прашање, ама како да знам каков првут имам? Ме чеша скалпот 1 ден после миење глава и при чешање ми паѓа прилично ситен првут, а користам head and shoulders anti dandruff, од оние поновите, dermaX pro ама џабе.
Хедендшолдерс е топ ако сакаш да си напраиш првут од чиста мира. Пресушува и коса и кожа и све, нормално ќе чеша после. Натура Сибирика имаат фина машка линија, и тој што не е специјално против првут е ок против првут. Тој наменски против првут не знам каков е.
И мене не ми е битно, маркетарите го продаваат како машки Не мириса никако посебно, и не треба да мириса. Со друг шампон немам позитивно искуство. Види во Белина дали го имаат, кај мене е прилично ефтин. ... Сега, ко ќе размислам- можеби беше и за бујна коса Natura siberica beluga. Како и да е, го бива за скалп склон кон перутање.
Обично со масниот првут во пакет одат и ранички по скалпот. Сувиот првут е само како "снегулки" и помали бели корупки низ скалпот, а овој другиов буквално знае да е како зацементиран на кожата и ако се тргне (без разлика дали со чешање или со миење) раничката е ко воспалена црвена кожа. И бојата е малку потемна, заради габичките што се ствараат. Масниов првут најчесто е поврзан со себореја, кај мене на пример тоа е причината зошто ми се јавува. Најмногу ми одговараат шампоните на Алверде, го користам тој со кофеин и бибер веќе долго време. Еднаш шампонирам со Еуцерин и вториот пат мијам со Алверде. Еуцеринот многу ми ја прави косата ко сплескана, па со него мијам два пати само ако скалпот е воспален. Ми се свиѓа и Алверде со билки, а имаше и еден со ехинацеа мислам, топ е за осетлив скалп. Имаат и против првут, ама не ми текнува дали сум го користела. И избегнувај честа употреба на агресивни шампони. Мене шампони со SLS одма ми го вцрвуваат скалпот напред кај челото и ги избегнувам. На 3-4 миења еднаш ставам таков шампон (Афродита со лук), чисто колку да се измие темелно скалпот од време на време. Приметив така ми годи така, па си терам некоја таква шема.
Фала ти многу за исцрпниот одговор. Е па дефинитивно е сув првут кај мене. За Еуцерин читам многу позитивни критики, плус другарка го користи и 90% и се намали првутот, но некако скапичок е. За натура сибирика што мислиш? Или да пробам со алверде против првут прво?
Никој не може да ти каже што би ти одговарало лично тебе, тоа мораш да пробаш. Мене лично алверде ми се многу лоши, не за првут, општо. Ама има луѓе на кои им одговараат. За тебе мислам дека е доволно да го смениш Хеденшолдерс за било што, на времето и Пантен ми заврши работа. Страшно лош шампон е.
Од Натура Сиберика имам користено креми за лице само и сите ми биле топ. Не се сеќавам дали сум користела шампони искрено. Ама претпоставувам дека се добри. И да, зезнатиот дел е што мора да пробуваш, најчесто и на тепка, па ќе се погоди нешто евентуално. Гледај за почеток да нема SLS, па ќе следиш состојба. Инаку, Еуцерин често го ставаат на акција во Зегин, листај на сајтот кај нив. Знае да падне цената до кај 600 и нешто.
Ти препорачувам да одиш на кожно прво, првут може да се појави од различни причини... Инаку би рекол Head and Shoulders Menthol, Кетоконазол, Еуцерин има некаков специјален за првут, прашај во аптека, Селсун (ама ова е хард-кор, не знам ни дали го продаваат веќе)