1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првут

Дискусија во 'Коса' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    71.584
    Пол:
    Женски
    Rekonazol со тоа што не се користи долго време, после тоа ќе си земете благ шампон. Маж ми само ова го спаси.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.109
    Пол:
    Женски
    После реконазолот одма става друг благ шампон или?
     
  3. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    71.584
    Пол:
    Женски
    Го користи 4-5 дена и после со благ шампон, кога ќе се појави пак истата постапка. Можам да кажам дека веќе 3-4 месеци му се нема појавено перут. Прашајте најубаво во апотека колку може да се користи.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    807
    Мислам дека имаме ист проблем со себореја и првут,само што јас користам Себамед .
    Те молам за шампонот на Алверде кажи ми дали помага при опаѓање на коса,во последно време многу ми е ослабена косата?Го гледав ама не го купив да не ми се наполни главата со првут и од него,а ми треба нешто малце да ми ја зајакне косата.
    Кој Еуцерин користиш?
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Eucerin DermoCapillaire за масен првут. Така побарај го во аптека.

    Алверде против опаѓање почнав да го користам после прележан ковид, многу ми опаѓаше косата извесен период после ковид, а другите шампони против опаѓање ми беа многу агресивни за скалпот. Користев Алпецин пред него и тој е далеку поефикасен, ама и многу лош за осетлив скалп, барем кај мене така беше.
    Овој од Алверде ми се погоди, доста долго го користам затоа што ми се допаѓа како ми ја прави косата. Ми порасна многу нова коса, ама пиев и витамини, го масирав скалпот со рузмарин масло...
    Инаку, Алверде шампонот го користам паралелно со друг шампон (или Еуцерин или некој друг од Алверде) за да не ми се презасити косата од него.
     
    На mimoza.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.122
    Допаѓања:
    124.840
    Пол:
    Женски
    Тој шампон на Алверде колку-толку помага за опаѓање. Јас повремено го користам.
    И значително помалку ми се мрси косата.
     
    На mimoza.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Некое решение за сув првут? Го користам шампонот на Еуцерин за сув скалп, помогна на одреден период, ама ова упорно нешто бе. Со месеци не можам да се отарасам, особено во лето најмногу имам, па како што се потам уште толку чеша и нервира.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Намачкај го скалпот со малку масло, направи како третман и остави го да стои некој пола час пред миење и убаво измиј ја косата. Ова доста знае да помогне со сув првут, одма го вади. Мене најмногу ми одговара чичково масло, а ако имаш потемна коса можеш да пробаш и со бадемово или ореово.
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Истово ќе ти го препорачав и јас. пробај го ова масло,предобо е.

    [​IMG]
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.184
    Пол:
    Женски
    Blue cap шампон, од зегин го земам. Многу е мало и многу малку количински се става, пени многу. 1000 денари
    Второ шишенце ми е оти бев на море не ми се трошеше од него сменив и пак добив првут после 1 недела :clap: и си купив второ..


    Каков благ шампон користите? Детски ли?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Колку сака нека е, само да помогне, не се трпи ова више.

    Користам Лореал, виолетовиот, од детските шампони косата ми се прави слама, залепена целата. Плус анти јелоу еден. 20 мин само коса мијам :D:hai:
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Пробај го овој шампон
    [​IMG]
    без сулфати е за чувствително суво теме и коса. Ќе се смири и исчезне првутот
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Го немаат во Белина, бар на сајтот нема ;(
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга само што проверив и ми го дава на залиха, не знам зошто т вели дека нема...Може и овој да го земеш. Ако не пиши им на Белина
    [​IMG]
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Winnie Pooh

    Winnie Pooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Здраво, дали ќе може да ми препорачаш некаков препарат / совет против првут. Имам претерано многу првут, корузи по цела глава кои страшно многу ме чешаат особено летно време ( од самата пот дополнително ми предизвикува јадеж и печење и секогаш кога се чешам се доведувам до крвотници), и лушпи по целата коса..
    :(
    Имам пробано милиони милиони препарати но никаков ефект..
    Имам користено од Vichy, Eucerin, Bioderma, Gerovital, Maiu maiu, Revalid, Parusan, Logona, Zdrave, Alpecin, Biotrade, Sebamed baby, Uriage, La roche posay, Ketokonazol, Becutan baby, секаков бренд буквално што го има по супермаркетиве и во ДМ.
    Буквално се што има на пазарот против првут имам користено и немам никаков ефект :|
    Шампони на база на Сулфур,благи шампони, активен јаглен, салицилна киселина... Залудно е се.
    На дерматолог ми дадоа Мерц Дражеи, Белосалик лосион, Афлодерм крем, Витамин Б6, Селен..
    При користење на Белосалик лосион, и Афлодерм кремата ми се смирува, ми се чисти првутот но бидејќи е кортикостероид неможе да се употребува константно долг период, веднаш по прекинувањето повторно си се враќа првутот.. ;(
    Те молам за помош! :*
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга пробај го следново:пред секое миење стави масло на суво теме на косата на пример јојоба која има најголем афинитет со нашата кожа. Може да го земеш ова масло
    [​IMG]
    или ова кое го имам користено и е одлично за сува коса и скал
    [​IMG]
    Косата миј ја со шампон без сулфати за чувствително теме на пример овој
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ова прави го најмалку месеци, ти гарантирам подобрувањее на оостојбата, ама не мешај ништо друго.
    Поздрав и пиши за резултати.
     
    На Winnie Pooh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    Афлодерм е кортико крема, да си појдеш кај подобар дерматолог и да си провериш себореа. Производиве од Белина не знам колку ќе ти помогне при ваков проблем. И да си го пробаш шампонов:
    [​IMG]
     
    На Winnie Pooh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга кортико има ефект само додека се користи, штом се стопира јово на ново. Кортико не го решава проблемот или причината, само го ублажува синтомот. Потребна е стратегија која ќе ја нормализира состојбата, А и самата девојка пиша дека има пробано сѐ од кортико до хемија и немало ефект.
     
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    Нека си појде кај сериозен дерматолог и да си направи сериозни испитувања ништо нема да ја кошта да си е на сигурно. Штом еднаш ѝ дале кортико и нема подобрување значи нејзе ѝ е потребна точна дијагноза. Има работи кои не се лечат со тревки и билки, особено себореичен дерматит, кој може да се пренесе и по лицето. Можеби некој период ќе треба да пие и терапија. Афлодерм е најблагата кортико крема се дава и на бебиња се користи за времено задушување и смирување на иритацијата, кај возрасни конкретно се дава против псоријаза, дерматит, себореа... Нејзе и треба дерматолошко испитување, а откако ќе знае што ѝ е тогаш нека користи што сака.

    И јас на почетокот ја читав промоцијата за Белина како најдобри производи, па земав некои креми што ми создадоа едно иритирачко црвенило на кожата на нозете, да не можам да престанам да се чешам... Не мора да значи дека ако е добро за еднa дека треба да е добро за другa, сите сме различни.

    @Winnie Pooh Испитување ка дерматолог обавезно.
     
    На Winnie Pooh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга, очигледно е дека имаме различни филозофии и добро е што е така. Светот е убав затоа што е различен. Го почитувам твоето мислење ама се држам до своето.

    Секако @Winnie Pooh има право на избор и посетата на дерматолог е еден од нив. Запомнете меѓутоа една многу важна работа 99% од случаите се должи на несоодветна козметика, ообено агресивни средства за миење кои се 99% оние од аптека. Ги имам анализиано скоро сите деклаации. Моментално помагаат затоа што сѐ измиваат ама кога ќе се престане со нив проблемот се враќа полошо од претходно. Некои од нив не смеат да се користат долго... Тајната е во нормализирање на бариерата, а тоа се постигнува само со употреба на убаво избалансирана козметика. Драга Winnie Pooh ништо не губиш ако пробаш, а може многу да добиеш. природните производи бараат повеќе време, ама за разлика од хемиските даваат долготрајни резултати. Избоот е секако твој.
     
    На Winnie Pooh му/ѝ се допаѓа ова.