1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првут

Дискусија во 'Коса' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    Драга, кога ќе завршиш медицински факултет, тогаш да си држиш до твојот став. Докторине џабе завршиле медицински факултет?! Нека искинат дипломите и пациенти нека се лечат во Белина... Алал за муабетов!
    Да си најде дерматолог и да не се заебава со тревки и билки додека не си направила поголема штета. Можеби не е ништо страшно, можеби е во некоја друга фаза, ама да си испита. Себореа знае да биде прилично заебана работа. Плус, попустите на Белина се на производи чив рок е пред истек и со тоа им се намалува дејството на состојките и може да и дојде до дополнително воспалување како бонус на недијагностициран проблем.

    Медицината е отидена премногу напред, се' што ќе се открие во рана фаза може да се лечи.

    Овде се повлекувам, немам намера повеќе да коментирам.
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Медицината е отидена напред, за жал лугето со сфаќањата се сеуште назад...
     
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Здраво имам голем проблем со првут.
    Бев на дерматолог онака ме погледна и ми рече себореа.
    И на лице ми се лупи кожата и црвена ми станува и чеша. Ама од време на време а и не е нешто страшно. Не е многу изразено. Малку кај носот и челото ама го решавам за брзо. Ама првутот никако да го решам на цела глава мислам дека го имам само се чешам и си паѓаат лушпи. А како што имам долга коса колку и да ја тресам некаде горе баш на скалпот се познава бели трошки имам од што сум го расчешала и откорнала.
    Користам уријаж.
    Предложете нешто што било ефикасно за вас да пробам. Биодерма имам пробано ама нема ефект исто и блу кап.
    И многу ми паѓа косава ми се изретчи. (facepalm)
    Некој спомна за алверде шампон, може слика? Мислам дека беше ти @Mishela .
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Пробај го Еуцерин против масен првут, ама формулата му е малку тешка па комбинирај го со уште еден шампон по твој избор. Јас го комбинирам со било кој друг шампон на Алверде, во моментов го имам тој со киви, за волумен.
    Првото шампонирање нека ти биде со Еуцерин, второто со нешто друго за да не ти биде сплескана косата. :)

    Можеш да го земеш Алверде за осетлив скалп, со ехинацеа. И тој е супер.

    alverde-naturkosmetik-sensitiv-shampoo-bio-echinacea-bio-jojoba.png
     
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Фала.
    А од каде да знам каков првут имам. Мене ми делува како комбинација да имам од два. Кога ќе го откорнам овде напред кај челото пример се гледа ко корупка потемна боја како жолта, а горе кај темето пример како снег ситен си паѓа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Најдобро да прашаш во аптека, ќе ти кажат кој да го земеш во ваков случај.
    Кај мене е мрсен првут, па тој што ти го спомнав го купувам и добро се покажува, задоволна сум како го држи скалпот под контрола.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064

    Јас имав голем проблем со масен првут, само да се почешав во ноктите еден куп ќе ми се насобереше.

    Овој на Еуцерин ме спаси, само едно паковање потрошив и веќе го снема. Јас го земав од Зегин.
    IMG_8134.jpeg Години поминаа немма проблем. Јас го користев на секое капење значи не 2-3 пати неделно како некои што препорачуваат па измеѓу деновите да користиш друг шампон.. Користи го само него. Само внимавај има два вида за сув и масен првут да не ти го дадат по грешка другиот :)
     
    На Erika.greeneyes и ani23 им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    А дали и ти имаш себореа?
     
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Не немав себореа само премногу масен скалп и првут. Ако имаш себореа земи Реконазол на Реплек. Тој е медицински и специјално за таа состојба на кожата. Се користи 2 пати неделно на почеток.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Ако на крај ги пробаш сите работи како мене и ништо не ти помага, исфрли месо, млечни производи, јајца и леб, а внеси 80% овошје и зеленчук, можеш готвено нешто варено, манџи..ама претежно држи се некој месец дена на оваа жива храна и ќе ти помине се. Моментално немам псоријаза веќе година дена, се бањам со секакви шампони. Јадам овошје и зеленчук жив, а избегнувам мрсно, пржено и храна од животинско потекло. Ова не е надворешен проблем, туку внатрешен. Ќе мораш од внатре да се исчистиш, па ќе имаш резултати.
     
    На SummerGirl, anggell, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes имаш и на Здраве линијата против првут. Ѕирни ги и нив.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.185
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите. Го зедов еуцерин за масен првут да го пробам. Се надевам ќе ме спаси од овој досаден првут. Ќе споделам искуства.
    Само страв ми е да не е агресивен шампонот па да ми ја досуши скроз косата. Ептен ми стана сува безживотна и почна да ми паѓа.

    На глава константно си го имам. А кај челото и носот приметив ама не сум баш 100% сигурна. Мислам дека кога јадам домати ми се активира ме чеша, станува црвено и кожата се лупи. На тие делови како над кожата друга кожа да има. Еве лицето моментално ми е ок. Немам апсолутно ништо. Ама скалпот цел првут. Остај што чеша и рани имам.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Читам за шо сѐ се користи масло од диво оригано, и глеам може да се стаат 2-3 капки у шампон, ако имаш првут и себореичен дерматит.
    Сте пробале? Секоја есен и зима истиот проблем. А плус сакам следен месец плава да се правам, тек бетер ќе ми е.
    И мислам од првиот пат коа извадив прамени ми се деси. Предтоа никоогаш. Никогаш никаков проблем освен мрсен корен. Сега дента кога ми е за миење, ме чеша ужасно
     
  14. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски

    Малку ме збуни…велиш имаш себореа,зошто зема шампон за масен првут? Себореата прави сув првут и кожа.
    За лицето ти препорачувам масло на Биодерма атопиконтрол мислам се вика.
    Себореа или атопичен дерматит и истото.
    Ако знаеш ти или некоја членка шампон за ваков проблем,ако не ви е мака да споделите.
    Од Уриаж не сум задоволна
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Па како треба?
    И мене од кожен доктор ми е утврден себореичен дерматит. А иам и првут.
    Ме чеша темето и тоа ,,венчето” шо го викаме. И некад иам рани, после ко корупки се прават. На почетокот се чешав до раскрварување.. многу ме чешаше многу.
    Некад ми помага Elseve green clay, некад Head&shoulders со ментол.
     
  16. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски

    Не треба да зимаш производи за масен првут,бидејќи ти немаш мрсна кожа.
    Имаш сува кожа и сув првут,себореата дерматитов е сув и треба да зимаш благ шампон нежен.
    Пробај со Гарниер од Мед.
    Од Лореал јас не сум задоволна,исто и од Хеад….. мое мислење е дека многу се агресивни и не зимај шампони против првут.
    Од дрогериски производи Гарниед од Мед ти го препорачувам,може да то ја ублажи малку состојбата.
    Од медицински шампон не знам сеуште….барам и јас…
     
    На SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Ја пред да го иам чудово, и сеа си иам мрсен корен. Втор ден од миење веќе косата ми е ужас.
    И мрсна Т зона иам, сеа веќе и кај носот ми се лупи..
    Значи овој период дур да затопли ми е срам да искочам од дома. У 2021 ко снешко бев
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно. Различен тип на првут е тој кај себорејата и оној кај атопичната кожа, различно и изгледаат двете состојби.
    Атопичната кожа е баш сува кожа што се перути и често личи на изиритирана кожа ко гребаници суви, што не е случај кај себорејата. Таа баш најчесто се јавува на места по телото кај што имаме многу поголема концентрација на лојни жлезди. Затоа и толку лесно се прават мокри корупки, заради лачењето на себум и множењето на габичката одговорна за себорејата.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beautiful girl¿

    Beautiful girl¿ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми помогна за себорејата овој на Еуцерин за чувствителен скалп. Некогаш самостојно го користам или пак во комбинација со Алверде исто со некои од тие за осетлив скалп.

    Овие што се дрогериски производи многу ми беа агресивни и многу брзо ми се заситуваше косата од нив и ми предизвикуваа првут .
    Со Еуцеринот немам таков проблем.
    Screenshot_2024-10-18-11-09-55-888_com.android.chrome.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Neso so probav i pomaga.
    Maslo od divo origano ( go ziam za stomakot ) ama citav pomaga i za prvut. Na net pisuvase da se stai vo samponot. Ama ja rekov aj ke probam prvo na korenot. Staiv 2-3 kapki na raka pa vrtiv. Priznavam, prvite 10 min glavata tolku me stipese so pocnav da se kaam, mijam kosa, se susam, nema snegulki. Si vikam dobro ke vidime. Utredenta nemav nisto.
    Posle 2-3 mienja uste mirisav na origano ama nemav niso. Denes pak iam, i nosot mi se lupi, mnogu se nerviram znaci.
    Sea iam od toj na Elseve, green clay, moze mi se zasitila kosata, ama ne veruvam, poso pred nego go imav onoj krson ljiljakoviot. Obicno ziam Elseve green clay, pa Head&shoulders, pa pak Elseve i si gi menjam da ne mi se prezasiti kosata