Користи само еден, да не си направиш поголем проблем. Нема потреба зошто наизменично. Добро е повремено да се промени некој шампон да не се презасити скалпот, ама така наизменично, посебно со осетлив скалп, не би.
Јас секогаш го комбинирам. Два пати шампонирам и првиот пат со некој Алверде шампон (такви обично користам), второто шампонирање ми со Еуцерин и оставам некоја минутка плус за да остане во контакт со скалпот малку подолго од вообичаено шампонирање. Секогаш така правам, ретко некогаш да се измијам само со Еуцеринот, затоа што приметив дека многу ми ја сплескува косата ако го користам само него.