ако имаш првут купи шампон против првут од аптекиве и прво изми се со него па со регенератор и на крај земи стави сода-бикарбона ќе ставиш само на коренот т.с на кожата не на косата и ќе стоиш 2 минути и после изми ја со ладна вода или барем млака бидејќи со ладната вода ќе ти омекне косата бар на мене ми омекнува јас со ладна вода го измивам регенераторот ставам маска од генера и многу ми ја омекнува и плус со ладната вода супер ми е е сега со сода бикарбоната мене не ми се прекина првутот но барем ми се намали а и не ставав шампон против првут па може ако ставаш шампон против првут и сода бикарбона ќе ти изчезне скрос само со сода бикарбона треба да се миеш 2 пати неделно има уште совети на сајтов провери во убавина и мода во коса
Јас користев околу два месеца head and sholders од ментол. Имав резултати после две три миења , ама некако чувствувам како да ми се презасити и косата и главата, изгледа премногу ми е јак.Ми се појавија брунчиња на главата и многу ме чешаат ,некој ќе си помисли дека може вошки имам. Еднаш не сум се измила на вратот убаво и ми останало пена и после цел врат ме чешаше и жар црвен ми беше. Сега си купив на Syoss исто против првут и ќе видам како ќе се покаже. Инаку добро и малку јаболков оцет да раредиш малку во една чашка со вода и да ја исплакнеш главата и да ја подржиш неколку минути. Косата е посјајна и понема изразено првут.
Реконазоол ??? мене тоа ми го препорачи доктор кога имав лиши и дури ми кажа само на лишите да ставам никако на главата и на другите делови на коишто немам лиши за да не се пренесат .. Аа инаку и јас користам моментално Head and Sholders од ментол и мене ме чеша главата но не ми е исчезнат првутот .. изгледа ни тој не е вистинскиот за мене
Да, реконазолот се користи и за проблеми со првут, пишува и во неговото упатство. Има поширока примена за повеќе проблеми со кожата на главата, па ако имаш проблем со првут можеш да пробаш да го третираш со реконазолот.
[/quote] Да, реконазолот се користи и за проблеми со првут, пишува и во неговото упатство. Има поширока примена за повеќе проблеми со кожата на главата, па ако имаш проблем со првут можеш да пробаш да го третираш со реконазолот.[/quote] Така ли .. не знаев баш ке пробам сега уште ми стои шампонот! Фала
Јас имав првут многу малку но приметив дека ми се појавува од мешање на шампони и сега по4нав да користам еден шампон и не го менувам Тео и навистина веќе немам првут..
Malinovo ulje je prava stvar! Utrljaj fino u tjeme, i pusti da odstoji sat vremena! Ispreri samponom. Mozes da probas jos neke metode sa http://cosmocura.com/kako-ukloniti-perut/
Мојот сопруг имаше проблем со првутот. Купуваше секаков вид шампони, од Head&Shoulders до секакви медицински шампони. Единствено му помогна мојот шампон и тоа сосема случајно:
Јас имав голем проблем со првутот ама сега редовно си го користам HEAD & SHOULDERS и првутот го снема
Како помала после влегување на пубертет мака мачев со првутот. Во реклами никогаш не верувам ама пробав си купив Head&Shoulders и навистина ми помогна. Го користев негде околу 2-3 години, а после тоа почнав со обичните оние коприва или бреза од Алкалоид затоа што не ми се даваа пари веќе за Head&Shoulders-от и кога видов дека е се ок и со употреба на ваквите си продолжив, а и ден денес си ги користам нив. Еве какви користам сега:
јас не сум задоволна од чичково масло пробав еднаш,ми стоеше еден час леле кога се измив имаше што да видам кога ми се исуши косава абе цела глава бетер првут имав невидено се зачудев,па ме интересира дали е нормално така првиот пат ,после неколку пати па се исчистува првутот? кој медицински шампон ефикасен би ми го препорачале ви благодарам однапред поздрав
Имам долго време првут во косата. Пробав со секакви шампони дури купував и од Авон но ништо не помогна
Реконазол е медицински шампон за таа намена, се става само на скалпот и кај мене целосно ефикасен се покажа, а го има во сите аптеки. Тој од сликата на Vichy го има кај што продаваат нивни производи, мислам дека има во Зегин ама не сум го пробала.