Мене единствено нешто што ми помогна против првутот е сапунот на Докторс од катран. И покрај сите скапи купени производи само тој ми помогна уште од првото миење. Претходно користев Сајос шампон против првут мегутоа резултатот не траеше многу долго , незнам зошто како косата да ми се презасити од него.
Досега немав, сега почна да ми се прави. И тоа на местата каде што најмногу се забележува и каде што косата ми е најретка. МНОГУ ме нервира
јас сум нешто зачудена,имам сува кожа и косава не ми се мрси никогаш но имам многу првут и ги видов оние сампони од Wash & go во тинекс беа со гратис сампонче не ни загледав дека е за мрсна коса дома си приметив и си реков штом го зедов ќе се измием па што сака нека биде и тоа ниеден шампон не ми помогнал и се измив и можам да кажам дека скоро и немам првут многу ми се исчистил верувам дека уште неколку миења и скроз ќе исчезне,само не ми е јасно тоа што сампонот е за мрска коса-мојата е не е мрсна ни пак се измрсила некогаш имам сува коса кожата ми е сува на главава и ми ствара првут,ви препорачувам да пробате одма верувам дека ќе се изненадите како мене.
Имав слушано дека помага миење со дав сапун ама најпрво некако ми беше глупава идејата да си ја мијам косата со сапун ама бидејќи не ми помогна ниеден шампон се решив да пробам, ама после миењето со сапун тоа ставав и шампон и има ефекти првутот исчезна сеа малку паузирам, па ако се појави пак пак ке почнам со сапунов
Jaс ќе ви кажам на мајка ми и сестра ми што им помогна,едвај го најдов како се вика,се прска,спрејче е и тоа дерматовенеролог им го препорача ,малку е поскапо околу 500 или 400 ден,незнам.Го најдов на бугарски,ама го има и на македонски нели-низ аптеките.Во спојлер е да не испадне реклама,чисто совет. Спојлер
Последниве неколку години уназад, јас постојано имам првут. Го користам Head&shoulders и ептен сум задоволна. Ама ако сменам шампон барем еднаш, ако мијам коса со некој друг осен со ХедандШолдерс, одма ми се појавува повторно првут. А инаку додека се мијам коса со него, ни трага од првут.
Значи шампонот е за мрсна коса или против првут ? Не разбрав добро. Инаку и мене сега почна да ми се појавува, досега немав. Незнам од што може да биде... Се мијам и јас со Wash & go ама не е против првут, обичен е од коприва. Кога ќе се измијам немам многу, но веќе утредента имам. За третиот ден да не зборуваме
Никогаш сум немала првут. Но во последно време забележувам дека имам ама не многу. Мислам дека е од лакот, затоа што малку ја тапирам косата за поголем волумен на корените и обавезно прскам лак инаку ми е сплескана, а ми е долга и глупо стои. Сега што да правам, без лак никако неможам, нема шанси? Ја мијам со Head&Shoulders мислам дека е најдобар шампон,никогаш не сум имала првут,веројатно поради тоа.
Head&Shoulders ми е многу јак...премногу ми ја суши косата и ми ја прави наелектризирана... меѓу првут и коса која изгледа како пуфка...тешка одлука За првут само Clear...сите шампони се против првут, со тоа што има + категории за мрсна, сува, бојадисана коса, за волумен и сјај.... Го има во сите маркети, мислам дека е грчко производство.
јас за првут користам на нивеа еден и многу убаво мириса и што е најважно откако ќе се избањам немам првут
Јас го немам користено,мајка ми знам се прскаше во коренот од него-зошто спреј е ,и сега незнам колку време треба да остои или да се измиеш нз како беше,па се миеше косата.Битно за 2,3 прскања и се исчисти па ете го стои,веќе не и се врати првутот
Господ здравје да ти даде и тебе и на тој што го измислил, вчера ја миев косата со него, абе ова е веќе дру муабет, одма има подобрувања, имам уште ама мн малку, ќе се измијам уште 2-3 пати ваљда ќе биде подобро.... А да те прашам Соледад , колку време го употребуваше? И после каков шампон користеше, за да знам да не ми се вратат... Не ми беше како првут она, туку ми се лупеше главава... Инаку косава сега ич не ми се свиѓа, ич не ми е мека... :/ Ама ќе истрпам
Јас ставив 2 аналгина во шампонот внатре и гледам многу подобрување од едно миење на косата и првутот исчезна
Периодично се појавува првут. И кај мене е сега и тоа доста, па и ме чешка кожата. Татко ми веќе доста време се бори со него, периодов посебно. Во зима најчесто се појавува перутење поради ладниот воздух и нели сте приметиле дека кожата доста се суши. Плус ако се сушите со фен, ставате лакови и сл чуда ете ти го. Не знам веќе кој шампон и кој препарат помага?! Тој што има сува кожа на глава ќе му се појавува повремено. Со шампоните и препаратите само може да се ублажи појавата. Дури и пробавме шампон на база на катран, еден период се изгуби перутот после пак се појави. Досадна појава е!
сериозна си?! Леле ако е вистина ова што го кажуваш одма ке пробам иначе имам гоооолем проблем со првут.. абе нема работа што не сум ја пробала од сапуни такви специјални од лаш еден, до шампони абе џабе
Samo sto se izmiv od sapunot od katran na DOCTORS,znaci kosata mi e haos ,kako nemiena isusena i zatepana na temeto gore i so neprijatna mirizba,ako ova se treba da trpam za da nemam perut NO THANKS!
имам читано негде дека сода бикарбона помагала за отстранување на првутот...немам пробано дали е ефикасно незнам....поззз (ако има некој слично нешто напишано сори што го повторувам )