Јас порано кога бев помала прво одделение имав премногу првут. Но некако го средив тоа на дерматолог. Користам шампон Head and Sholders for sensitive scalp. И тој шампон ми беше најдобар немав воопшто првут. Сега гледам во последно време ме чеша главата и првут ми се појавува а со тој шампон се мијам. Кога ставив бадемово масло се смири ситуацијата малку но сега еве го пак едно миење не ставив и ме чеша
Повеќе од веројатно е дека не ти одговара тој шампон, без разлика што е против првут можеби некоја состојка не ти одговара или си алергична. Смени го шампонот пробај друг Х&Ш или пробај други шампони против првут, а има медицински шампони во аптеките како Реконазол (со кој имам супер искуство) или некој сличен.
мене ми се појави првут од многу често менување на шампони, но купив Head and Shoulders Ocean Energy па ми ја подобри ситуацијата... сега немам воопшто првут...
Сум слушнала дека и ако подолго време користиш некој шампон косата се заситува од него и повеќе го нема тој ефект.. Можеби затоа и првут имам. Ноо ми текна една идеја x) Купив денес бекутан масло за бебиња преубаво е се намачкав многу ја омекнува кожата па си мислам да ставам и на скалпот можеби ќе го среди првутот до некаде и така е против црвенило ја омекнува кожата за бебиња е.. Што велите?
Земи си чичково масло, тоа е баш за првут, и ќе се мачкаш директно на кожата (си има упатство таму). Јас пробував различни шампони (ги користев минимум месец за да видам дали ќе има ефект) и ниеден не ми се погоди за првутот. А кога почнав да го користам чичковото, одма се исчистив, стварно е лек за првут.
Moже и да е тоа, а во врска со маслото не знам можеби добро ќе ти влијае. Сепак промени го шампонот, ете можеш и некој бебешки шампон да пробаш зошто тие се благи. Кај секој различно влијание има се, мене чичковото на скалпот не ми влијаеше добро. Иако е масло после ставање малку осеќав чешкање и перутење, а инаку косата супер ми беше од него. Веројатно сум меѓу ретките што имаат контраефект од чичково масло. Инаку имам одбрано 2-3 шампони што ми одговараат и тие ги користам најизменично (повремено пробувам и некој нов), а првут ако ми се појави користам тоа што спомнав и раат сум од чешања и снегулки
МАж ми има многу проблем со првут. Мислам дека не постои шампон кој го нема пробано, а ставаше и бадемово и чичково масло и пак нема ефект. Единствено се гледа разлика кога користи глицерински сапун, јас му ги земам оние од Рефан, на природна база што се. Со нив се примеќа разлика и тоа голема.
Оди во аптека и има еден шампон реконазол или кетоназол земи го и после 1 недела користење ќе ја забележиш разликата.
И јас имав првут и тоа многу време. Сега го немам благодарение на шампонот Реконазол. Косата треба да се измие 3-4 пати и ќе ти го снема но доколку сеуште го имаш миј ја со тој шампон се додека го снема.
Meне Head & Shoulders ми е прејак. Ако го користам одредено време, почнува да ми опаѓа косата и уште повеќе ми се прави првут. Не ми одговара, ниту овој, ниту Pantene, ниту Wash&Go. Косата ја мијам комбинирано со Бекутан од камилица и Нивеа и пак имам, не првут, ами како лушпички низ косата. Врти - сучи, си имам проблем со перутењето. Користам чичково масло на секое второ миење, бидејќи од друга страна пак, патам од мрсна коса (и мрсна кожа), па ако ставам масло на секое миење, уште повеќе ќе ми се мрси косата. Е, после вие жалете се, де ова, де она - јас целата сум дефектна, мислам, полоша комбинација од оваа - амин! И ефектот на чичковото масло не ми е баш толку траен во однос на првутот - пак ми се појавува. Може ми фали некој витамин, тука ништо не коментирам.
Имам многуу густа и виткана косаа а пак на тие проблемии ии уште првут имам не помага ни Head & Shoulders ни некој такви други шампони но сега мајками ми кажа дека видела некој од аптека незнам како се вика и ќе пробам со тој...!
lele jas koga bev na odmor si go zaboravis doma samponot i od tamu kupiv nekoj neznam kao se vikase nekoj шкљ и косата ми се наполни со првут и татко ми ми донесе од турција некој сампон од маслинки и по 2 миенја немав ни 1 првутче а не е сампон против првут некој од масликнки во 2 колкско сисе чудо
До сега користев Schauma и не имав првут , го променив шампонот земав Bon Bon и многу првут ми се направи , помош ? Истотака многу ми се мрси косата.
Разлистај ја темава има многу корисни препораки кои ќе ти помогнат да го отстраниш и секако исфрли го употреба Bon Bon шампонот бидејќи не ти одговара.