Некој ефикасен шампон против првут ? Или домашна маска, сеедно, само да биде ефикасно! Јас редовно мачкам чичково масло на корените, ама нема првут само еден ден - после сè е по старо, дури и лушпички ми се прават. Ми треба нешто веќе испробано и што сигурно ќе делува.
sunfemina, од брзање не сум ни приметила, ја видов сликата од Хед `н шолдерс и бидејќи не ми одговара веднаш кликнав на следната страна и не сум го приметила постот, се извинувам. Како и да е, купив Реконазол (160 денари е во Еурофарм, ако некоја се интересира) и сега ме интересира, дали некоја забележала некои промени на косата со користењето на шампонов, на пример почесто мрсење или косата да станала посува ? Ме интересира само тоа. Сега ќе го испробам и се надевам ќе се ослободам од досадниот првут. Резултатите се забележуваат по неколку миења, или?
Реконазолот не е стандарден шампон туку медицински шампон кој се користи и за други проблеми со кожата на главата. Се нанесува убаво само на скалпот на мокра коса. Добро нанеси го низ целата глава (немој на цела коса по должина), протриј го со прсти (нема да се створи пена како обичен шампон) и се држи неколку минути и се измива. Обавезно прочитај го упатството за да видиш колку време треба да го држиш шампонот и колку пати неделно ќе треба да ја миеш главата со Реконазолот, зошто колку што ме држи сеќавањето имаше разлики во зависност од тоа за што се користи. Претходно ти слободно измиј се со друг шампон, само да не е некој кој ти предизвикува првут, по можност некој поблаг. Мене ми го решава првутот со едно до две миења и после превентивно го дотршувам шишенцето. Одамна не ми се појавил ама и да се појави реконазолов одма го средува.
Еве еден лек, пробај со чај од мајчина душичка на корените. Мене ми помага. Редовно користам еден германски од La Ligne со седум билки. Таков има и за против првут ама не би го препорачала за секој пат, не секое 3-то миење може.
Јас имав првут со години и морав да користам само Head and Sholders. Но одкако почнав да ги пијам Диане -35 ми помина првутот односно себореичен дерматитис (така ми кажа дерматологот). И по лице имав малку црвенило и ми се лупеше кожата а сега целото лице ми се исчисти и немам воопшто првут. Тие диане се хормонски апчиња а и исто така лекуваат и себореја. Сега конечно можам да користам шампон кој сакам. Мене ми ги препиша специјалист и многу ми помогнаа во врска со првутот . Само незнам кога ќе престанам да ги пијам да не се ми се појави пак првут...
SnowWhite8 aко можеш да ми казеш кај кој дерматолог имаш идено ,како си задоволна дали има резултати на подобро и дали траат,јас немам баш перут туку она што го гледам слично со тебе е што претходно ама сега овој период зачестено имам корупки и црвенила на скалпот веројатно од што ме чеша скалпот е сеа кај мене и е многу ми е надразнет посебно првиот и вториот ден после миењето,после не толку , ми се појавуваат нешто ко бубулици на скалпот,па ме плаши тоа што мислам дека тоа е себореја или како што викаш себореичен дерматитис, аод тоа паѓа косата амене ми паѓа и ме се масти косата поточно скалпот, ај ке пишам на делот со опаѓање на коса.Ако можеш да ми кажеш за дерматологот дали е добра претпставувам женско е каде се наоѓа колку е прегледот дали треба да се закаже,и усте несто малку ме чуди мислам треба по природен пат да се излечи ,тоа со апцињата малку скептична сум пошто хормони се тоа да се внесува во организмот некако не ми иде тоа макар и да дава резултати 1 ствар ќе излечи друго ќе расипе,а не ја миеш со реконизол изгледа го утнав името ама на претходните постови пишува дека е за себореја и на крај мислам дека перутот е лесен проблем кој може да се реши а опаѓањето тешко да се намали може ама да се поврати изгубеното не верувам
Ти имаш излгеда себореишен дерматитис сум слушнала и многу опаѓа косата со тоа. А мојата беше никаква тогаш безживотна и исто така масна. Па тоа поодамна беше со дерматологод ГУЛИНАЦ во Куманово ми кажа да користам Head and Sholders што го користев едно добри 5-6 години. И не е добро да се користи цело време еден шампон. Сега летово бев кај ендокринолог Бранка така се викаше мислам и таа ми ги препиша апчињава за хормони затоа што имам хирутизам (зголемена влакнатост) но еве гледам полека се се средува а тие апчиња се И ЗА СЕБОРЕИЧЕН ДЕРМАТИТИС само што не ти ги препорачувам хормонски се да не направиме беља подобро оди на дерматолог.
Со РЕКОНАЗОЛ шампонот на упатството пишува само да се стави на скалпот и да се масира и да се измие, а на косата да не ставам ама и таа ми е масна со друг шампон да ја измијам ?, ако некоја што има користено нека напише фала
Прво ќе си се измиеш како што си се миеш вообичаено со шампон што си го користиш, па на крај ќе ставиш само на скалпот од реконазолот, ќе го втриеш да отстои колку што треба и ќе го исплакнеш. Малку погоре имам објаснето дека реконазол не е обичен шампон за да има влијание на косата и не се ни нанесува по нејзината должина.
Јас чајов го ставам преку едно миење, заради тоа што е наменет за русокоси и наводно ја освежува бојата и највеќе заради тоа што дава прекрасен сјај. Ама не ми помага за првутот. Реконазол купив и ситуацијата се среди минимално по првото и перфектно, некаде околу третото миење. Не сум ставила недела и повеќе, а првут не се појавил. Се надевам дека нема ни да се појави.
Пробај со VICHY мислам дека нема поефикасен шампон од него, а резултатите се видливи веднаш. Е сега е поскап од другите ( околу 700 - 800 ден. е ), ама вреди
Зависи на некои не му помага. Јас го втријувам во главата. а и во право си дава убав сјај, а исто и камилицата. За темните ореов лист.
^^ Нема врска, не е помрсна, барем не кај мене, ама реконазолот не се употребува често, 1-2 пати неделно, и пред него прво на кратко ја измивам косата со друг шампон, бидејќи од прво миење со реконазол нема да ми запени добро косата, ќе треба 2 пати да нанесуваш и убаво да триеш на кожата. Од реконазол косата ми е некако по дива, крута, ама го чисти перутот и го намалува и спречува чешањето, тоа ми е најбитно. Дури мислам дека и head&shoulders врши добра работа против перут, додека се миев со него немав проблеми со перут, откако престанав полна ми е косата, сега пак ќе се вратам на него.
a moze li da mi kazite dali to чичковото масло како се става дали прво треба да се измие косата па после од него или ???
нз кај мене јас у зимо немам првут аа лето шта да ти причам ... инаку имам слушнато тоа нешто од лозјето нз у рад го викат плач на винова лоза так го викат а да се собрало у некој леген ии после да си ја измиеш косата со тоа ии немало да имаш првут подолго време
епа ај и јас да пишам нешто......на некоја страна читав дека за првут помагала сода бикарбона....пред капење мислам дека беше на наводенета коса во корените се втрива сода и се остава 10минути а потоа си ја миеш косата...колку е ефикасно незнам......
Првут Ми се појави првут во косата ги пробав сите шампони за против првут но ништто не помага ! Ако има некој совет за против првут?