Ах, не се сеќавам баш, но мислам дека сигурно имало нешто вакво....Како и да е барем пувнал, ако не поише...Јас не верувам дека сум направила такво нешто...мада не можам со сигурност да кажам..Како и да е...низ глава ми се мота една слика, срце знаеш што и прдежот. Не сум сањала мислам.
Жени луди вие ако не ме изнасмеете вака кој ? Ми го продолживте животот за едно 15 години Инаку прдење никако Срам ми е дури и што го пишувам Имам да кажам некои работи на темава ама ќе и се воздржам оти инаку ќе препукнам од срам ми се чини А пред мене нема никој прднато освен една другарка ама не беше намерно туку од смеење си прдна девојчето затоа пазете колку се смеете на темава, да не треба после нова тема да отвораме „Прдење дури ја читате темата Прдење“
Тие фините, убавите, дотераните... да ми ти биле во душа мушкарчини по домаќи маици. Овој дечково што го споменав во првиот пост... си имаше моменти и кога можеше да предвиди каков облик на прдеж ке произведе. Од толку што беше настроен кон усовршување на прдењето, знаеше да ми каже - овој пази го сега - тшшш... едвај и да се чу - бегај, ке мириса. Избегав, навистина. Се чувствував омаловажено зашто јас едноставно не знаев да си ги разликувам прдежите. Пф... да бевме уште малце заедно ке знаеше според прдежот мој да каже и што сум јадела. Комплекс. Комплекс си набив дека и ако не си се испрдам лезетски, ќе ме фати запек. А за прдење во гужва, на прошетка или каде и да е... уф, прва сум. Разгледување на страна дали има некој толкувач на денешното мени - не применувам, се изело веќе. Гласам ЗА прдењето. И звучно и мирисно испраќам глас. Ма нека прди народот. И кампања предизборна имаме со мото - Со прдеж кон Европа (Издувни гасови со голема јачина кои ке не прелетаат до целната локација).
Мене ми текна на уште нешто. Мајко моја, ќе искочам тука најголема прдла...ама па, дури не сум смрдла, ок е нели? Ми текнува на еден роденден кога бев дете. Нели цело маало собрани кај нас дома. А мене ми се цивка, ми се плаче, ама не можам! И трпам. Позеленувам едно време ко џемперот ми зелен кој го носев. И тука у најкритичниот момент на татко ми му текнува една уникатна работа. Да не слика! Да сме се наределе сите на земја у еден вид на аптекарски шишиња и секој нареден да му седне во скут на тој позади него и така да не слика. Јас пошто највисока - ми се паѓа паричката да сум последна! Јас! Со моето подуено стомаче!!! И ми се редат пред мене сите деца, а јас пукам и човече единствена на сликата правам кисела фаца која се труди да се насмее. Сите се газат од смеење само јас правам маченичка фаца а сигурно во себе си викам - симнете се сите, бога вам љубим оти ќе има по што да го памтиме роденденов. И тука татко ми се убацува - ќиќерко, абе оти вака тажна? Дај насмеј се, ај уште еднаш. Ај уште еднаш. Тато бе! И така имам спомен од роденденот. Јас со најкиселата фаца од сите деца. Како ја подигам целата седечка долга магарица со моето подуено стомаче. Ајт среќен нека ми е роденденот!
Леле еј во клас или во група некој ко ќе испушти некој несоодветен гас да го речам и сите се вртат накај него секундарно, а после се праат на 3ипол дека приметиле. п.с. повеќе смрдат безвучните отколку звучните ја мислам
Ах темава... Ај да споделам нешто Си седиме со дечко ми пред некое време кај мене, кафе пиевме. Станав јас да земам нешто од фиока и како што клекнав, пуштив. Ама не кратко и јасно. Долго и нежно. Буквално едно тенко ЦИИИИИВ. Во секунда во себе си реков, будало што направи. Ама неможев да престанам. Многу ми беше издуван стомакот. Станав, се уцрвенев како булка и му викам леле маци извини, јас стварно нејќев, незнам како се деси . Он ми рече само уживај, луѓе сме. Друга случка: Летово на одмор кога бевме. Инаку да напоменам кога ќе сменам околина ме фаќа запек. Па макар и во село на викенд кога ќе отидам. 3 дена поминаа, јас уште неможам да си се испразнам ко човек (леле луѓе многу голема мака е тоа). Стомаков ќе ми пукнеше. Потечен сирот... И дечко ми цело време ми викаше да прднам ако можам полесно ќе ми биде, па може ќе ме протерало. Јас не па не. И така ние си се спремаме за плажа, он нешто во wc отиде и мене ми дојде. Држам да излезе од wc, он абер нема (колку што мене на промена од место ме фаќа запек, него го протерува). И си прднав. Јако. Сочно . Молев Бога да не ме слушнал. Кога излезе се правеше ништо дека нема. Срцка бе. Инаку и он не е цвеќка. Му се има десено неколку пати, ама ме предупредува претходно. Неможев да замислам дека ќе прднам пред дечко некад. Ама па толку време сме заедно и знаеме дека се дешава. Лошо ќе беше да се правевме дека цвеќиња испуштаме од газот.Јебига
Момииии Прднувам и јас Дечко ми сеуште го немам почастено со оваа моја специјалност...ама летово нека се спреми Тој си прднува пред мене онака ептен опуштено и секогаш кога прднува вика Оооооо или обобобобо...како да се гордее
Пред народ се воздржувам, ако треба и ќе седам во тоалет цел ден, ама се трудам да не се дадам пред никој Ама еднаш ми се испушти И тоа после секс одма, мислам дека истовремено со оргазам беше или ома после тоа, не можам точно да се сетам. Веројатно ептен се опуштив, па ми избега Ај што умрев од срам, туку после тоа си ускратив којзнае колку оргазми - страв ми беше пак да не ми се случи, па се стегав А он ме умре од зафркавање, и тоа баш заради мојата реакција До душа можеше и повеќе
Греота е човек да не се придружи на темава Моето мажуле си прди си растура по дома Додуша си прдеше и кога дечко ми беше. А мене ми вика, немој да ти се испуштило пред мене, најмногу што мразам е девојка да се испрди. Море сега откако сум трудна, му прдам и си уживам, дозволено ми е де Али и тоа неговото не се трпи, иде од WC и само што ќе седне во дневна тррррррррррррр!!! Или пак само што ќе си легнеме, ќе се покриеме и ајдеее го испушта, па луфтирам 10 минути Инаку најнезгодно ми е , дури се мразам сама себе, скоро секогаш ме тера на прдење кога сум во некоја гужва или во тесен простор, и тоа не прдење, пуфање со јак смрдеж Еднаш си идеме од излегување и се качуваме во колата на другар на маж ми, они седнале со девојка му и нејзина другарка. Јас едно седнување не ни осетив кога пуфнав Другарка и како куршум да ја погоди изрипа надвор со образложение дека ќе го чека дечко и да заврши со смената во кафичот, нема да си иде со нас. Ама незгодно, али тоа е бидна. Така да во право сте дека поарно е да прднеш, сите да чујат и да се насмеат, отколку да пуфнеш, па да црвенееш пола саат
Еј си викате во себе во моментот кога си ја читате темава не сум била само јас ,и другите го правеле ова ? Јас да
Тек сега ја гледам темава и едно ќе ви кажам: „Мислете му ја утре, скапи се гаќите.“ Спојлер Потпис: Не јадам грав.
Пффф... сега место на Шутка реклама - 100 денари поефтино за инат од Рамче, ке има реклама - ајмо 5 за 100, прдежоотпорни гаќи, за инат на гравопродавачот од Битпазар.
Моментот кога ќе го задржиш во најкритичниот момент,тамам мислиш заминало,се препотуваш,срце у пети! У такви моменти се осеќаш ко да си победил во битката на Неретва! http://www.youtube.com/watch?v=SzWVV5zOACo Леле 24 гости имаме на темава,им се уарнило и на нив!
УУУ страшно ме нервира маж ми, посебно во спалната соба, излегува од бањата, легнува во кревет и почнува да прди, а пред 10 секунди бил во бањата , ми вели ова ти е за добра ноќ. не велам дека јас не испуштам гасови но не се такви музикални како неговите, нежни се . Кога бевме дечко и девојка по културен беше сега ма јок, дури кога ќе се испрди и ќе му речам леле пак се испрди ми вели не не бев јас ти беше, ај да се мирискаме па ќе видиш кој е
Се вратив.... Уште една случка, тазе е, од летоска на одмор. Кој бил на одмор со дете знае дека бањање двајцата сами и гушкање во вода нема...еден со дете се бања, друг се сунча и чува ствари. Се сретнавме со мои братучеди и почнавме некако да се мешаме при бањање, дојде ред јас и маж ми сами во вода, они ќе ги чуваат децата, па и нашево... И јас среќна, ќе се банкаме со милото, ќе се погушкаме и така залетана трчкам низ водичката, запливувам и му викам - чекај ме...а он -ела, ела, сакаш у џакузи ...Ја рикверц одма, назад... Е сега има дешавки кога ќе се испушти и за време на кивање или кашлање.. Еднаш така и летна на свекрва ми, болна беше жената стварно греота, ама за малку ќе ја попарев со чајот кога и го давав...се воздржав некако и се направив дека не слушнав, ама затоа кога излегов од соба Исто и со свекор ми - пере човекот теписи доле во двор, а јас горе на тераса пијам кафе....и одеднаш трррттт и се врти и ми вика- извини снашке, зорт ...културно му реков- нема проблем, природа ....Едвај чекав да дојде маж ми од работа да му кажам да се смееме. Татко ми па секогаш бил слободен, а најинтересен ми бил кога ќе се поткрене и задоволно си го свирнува Прдење во природа е закон, одиш, се вртиш лево-десно, позади, викаш -добро е.. никој нема, и следи олеснување...никој не слушнал, никој не осетил. Сега сум опуштена само пред ќерка ми, пред никој друг, ни мајка, ни сестра...а ова малово мое детенце после секое мое погласно олеснување ми вика-шо напрај мори мамо и се кикоти
Револуцијата може да започне! Патем ретко прдам, ама кога прдам - прднато е. Еднаш и тато го разбудив. А незгода ми се нема случено до сега, ама пар пути баба ми го отпуштила па ме лажела дека ја отварала рерната. Да бе, јас нафта пијам, мириса.
Имаше група на фб: кој прди зло не мисли, кој пува Бог да чува. следеше постирање кај цело друштво после големата револуција што ја преживеавме после 3 дена седење на исто место со 13 будали од друштво. Бидејќи сите слободни се се случуваше тие три дена во куќата на еден другар, страв да му е на некој да излезе од собава и да се врати назад...
Јас мислам дека волку не сме се отвориле од нашето најдлабоко јас дури ни во темите за најфетишистички начини на секс. Браос бе жени!
4 години одиме со дечко ми и заедно живееме и нормално си прдеме На почетокот ме беше срам и кога ми се прдеше одев во wc, или излегував надвор, па овој мојот свати за што се работи и ми кажа да зеам да се опуштам и да си потпрднувам пред него . И така и се случи. Но јас се обидував колку можам да се воздржувам, ама од кога почнавме да живееме заедно ич ама ич не се замарам. Си потпрднувам . А и тој не ме штеди. Охоо какви мириси ми праќа. И културен е не прди пред друштво ниту под ќебе. Го трга, и тој и јас. Во друштво не прдам ни јас, само пред моите дома
Немам нешто многу да се изјаснам на темава, стегнато суштество сум Ама дојдов да ви кажам дека ние за пуфнав викаме - тушнав, и некако посимпатично ми звучи Во други градови не се вика така?