1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преваранти и прељубници - не сме сите такви

Дискусија во 'Врски' започната од ray-man, 14 март 2013.

  1. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Кратко. Гледав прељубници, не сум гледал може година. Останав запрепастен од еден одвратен припадник на машкиот род.
    Фатил девојка, се викал Милорад, бил адвокат и ќе се оженел за неа. Вака ја лажел девојка му. Покасно детективите открија дека има друго име, друга професија и друга трудна жена. Излажаната девојка ги погледна снимките и доби поопасно од лудило. Шокови, чувствувам вина што сум машко од онакви гадури што упропастиле стотици девојки - најскапоцени битија од кои зависно е се. Побарајте ја епизодата и бидете внимателни на кого му се препуштате, не с(м)е расипани и бездушни, уште постојат искрени дечки ;)
    Ваше мислење за преварантите?
     
  2. kiki.sunshine

    kiki.sunshine Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    Еее баш ја гледав !! И се зачудив дека можно е да постојат такви луѓе.. дури и си се запрашав, абе дечко ми , абе овој оној, хаха!
    Ама добра тема како и да е.
    Сите машки викаат, женските се исти, и ние истото за нив. И најчесто тоа го кажуваат луѓе сто завршиле неколку пати изгорени од женска, другар, дечко другарка итн..
    И на дечко ми сум му го напоменала тоа неколку пати, ама не го мислам, сакам да го изнервирам малце :))
    3 години идеме, прв аласен дечко ми е, да озбилно да речам, и не сум ни помислила да направам нешто со некој друг.. едноставно неможам да живеам со таква грижа на совест, пошо би ја имала сигурно!! Му го имам кажано и на него истото многу пати, од причина што сакам да биде сигурен во мене, дека кога веќе нешто би посакала со некој друг, попрво би му раскинала па после .. и мислам дека после 3 години, си останѕва на истото мислење.
    а да мотам некој дека сум некоја друга личност, со друго име, професија, со тотално различен идентитет!!?!? Е жими се мислев дека само во филмови го има тоа! Која е целта на таквата превара.. кое е задоволството.. страшно нешто!!!
    Само што мислам дека нешто такво неможе да се крие долго време.. кратка врска, ајде ќе скриеш некако.. ама како понатака... нема шанси :)
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.298
    Пол:
    Женски
    таа епизода не сум ја гледала но гледав на сител во емисијата крвта не е вода сличен случај.човекот беше оженет,имаше две дечиња и третото беше на пат,а тој си имаше настрана друга жена со дете,и детето од втората се разболе и таман пред да се оперира девојчето неговата жена дозна се.беше жално за гледање.тој си остана со жената,неа ја сакал оваа му прости.
    а бог го казни со тоа што девојчето од другата е болно,а тој без никаков жал и обзир ги остави,ги препушти на судбината :( .
    навистина ми падна жал и за двете,но највеќе за неговата болна ќеркичка.овој случај беше во хрватска :x .
    дај боже сите машки да не се такви,затоа девојки внимавајте и широко отворени очите со кого сте и што правите.
     
  4. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Вистинска случка. Пар дечко и девојка, неа ја знам а него подобро да не го видам, идеа 8 години. Направија феноменална свадба лани, за неа 'најсреќниот ден во животот'.... Девојчето освен што е убава и на мравка не гази, ја познавам лично, а кретенот пази што направил: запознал друга пред 3 години, забременила додека бил во брак со оваа што му верувала 8 години, за на крај да се разведат. Да ти е мерак да ги убиеш таквите, ни го срамат родот. И како таа утре да му верува некому? Најмногу мразам превари, ептен. А уште пвеќе ме лутат некои девојки, упорно удираат со главата во ѕидот...
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Страшно е што се држи светов. Сум била изварана, но тогаш сум била мала, многуу мала за тоа нешто да ми значи. Но, сум била и во ситуација кога, едноставно сум осетила дека му се допаднала друга, ми раскина и беше после со неа.....Боли и тоа, ама знам, ми останал верен.
    Сега, кога е времето за сериозна врска, се плашам. Дечко ми мисли дека сум љубоморна, и со право. Но, не е само љубомора, претешко е. Се плашам, не дека не му верувам но, никогаш не знаеме што ни носи животот. Не може да сфати и да рабере дека не е тој, туку може било кој друг да се обиде да направи се и сешто за недај боже да ни расипе. Премногу верува.
    Никогаш, никогаш не би можела да го повредам, море никогаш не би ни помилила на друг. Срцето ми се кине кога ќе помислам колку би била јас повредена некој да ми го направи тоа.
    Само се надевам, дека тој секогаш ќе биде каков што е сега.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.550
    Пол:
    Женски
    Човек може да се најде во најразлични ситуации кои не ги очекувал ни на сон. На лагите им нема крај. Како успеваат да бидат такви преваранти, тие си знаат. Јас не би можела. Се' се дознава кога тогаш па зошто толку труд за нешто од кое на крајот би имале штета а не корист? Помудро е да се вложува труд за врската да се развива и прерасне во нешто трајно. Знаеме дека на две столчиња не се седи.
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    За жал имало и ќе има вакви расипани идиоти кои без проблем умеат да уништат живот на некој кој тоа никако не го заслужил. Знам за една случка, пар направи свадба, девојката беше доста млада, околу 25 год. а типов некоја година постар, триесетина можеби. Додека беа во врска и беше верен, но само што стапија во брак се промени, смени куп љубовници, си најде една поради која се разведе и се прежени. Тотално и го уништи животот на девојчето кое го знам и знам дека е предобро и со ништо ја нема иницирано таа негова промена. И за да биде најтрагично, познавајќи го нашиот менталитет, таа сега е сама, неможе ни партнер да си најде ни ништо оти нели мажена па разведена. Не знам што му требаше сето тоа на типот, подобро да раскинеше уште додека беа во врска.
     
  8. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Сите се такви во денешно време и и вие женските не се прајте светици
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.550
    Пол:
    Женски
    Ако се сите такви, немој да фаќаш девојка, ќе те уништи. 8-|
     
    На korisnichka и Someday им се допаѓа ова.
  10. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Во заблуда си пријателче ни од нас ни од нив не се сите исти.
     
    На cresa-jagoda, clen1, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.550
    Пол:
    Женски
    Јас за твое добро ти кажувам, а ти види како враќаш... :|
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас познавам случка од маало. Ми ја кажа другар ми за некој негов близок другар. Оделе со женската долго време и овој отишол на печалба во некоја друга држава. Девојка му останала тука и го варала со најдобриот другар. Кога се вратил дечкои направиле свадба таа многу прибирала, ги потрошил сите пари. Оваа уште во брак се гледала со другарму и еден ден дознала дека е трудна и без трошка срам му кажала.
    Другар ми ми вели скршен беше, се разведоа а толку многу ја сакаше. Се и купи, од г*мна ја извади.
    После разводот си замина и никад не се врати.
    А таа вели живее во една трошна куќа со него што секој ден ја малтретира.
    Страшно.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissCottonCandy4

    MissCottonCandy4 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас имав многу лошо искуство со еден човек кој ме превари. Се видовме во еден ресторан и разменивме неколку погледи а потоа се преставивме и разменивме броеви. Тој работеше во странство и доаѓаше секои 2-3 месеци тука и седеше по еден месец. Беше културен, романтичен, хумористичен и многу добро се сложувавме. Јас имам 17 години а тој се престави дека има 19. По некое време почна да тврди дека ме сака и јас се заљубив ама не бев многу сериозна зошто мене лично ми треба доста многу време да се заљубам навистински во некој и се има случено само еднаш до сега во животот. Се беше супер првите две-три недели но после тоа цело време почнав да имам некое лошо предчуство за него. Неколку пати ќе ме излажеше за некои ситници, не беше важно ама чудната работа е што секоја ноќ после 8-9 часот ќе го исклучеше телефонот и не креваше ниту пишуваше со мене. Кога ќе го прашав зошто даваше изговори дека заспал или немал батерија. Не придавав многу значајност на тоа но еден ден открив дека има Instagram за кој претходно ми кажа дека нема и го follownav од фејк профил. Наредната ноќ го начекав како лајкнува слики во 2 саатот навечер а мене не ми креваше ниту пишуваше со мене. Не му кажав ништо за ова и продолжив да следам што прави и една ноќ направи live видео а ми имаше кажано дека ќе спие исто како и другите пати. Почнав да се сомневам. Кога ќе искочевме ќе побарав многу пати да ми покаже што има на телефонот но одбиваше и кога беше со мене не креваше на ниту еден повик а некогаш и го исклучуваше телефонот. Открив преку неговиот Facebook дека имаме заеднички пријател кој го познавав одамна и решив да се распрашам малку повеќе за човеков и чудо открив дека не е single туку е венчан, има дете и е многу повозрасен отколку што мислев. Верував во ова бидејќи човекот што ми го кажа е доста искрен и стар пријател мој. Збеснав и решив да се соочам со него. Тој не призна и кажа дека не е тоа вистина и ме направи виновна зошто верувам на други луѓе а не на него но ја знаев дека има нешто и го оставив. После еден месец, ме контактираше повторно и ми призна дека се тоа е вистина и дека има 24 години и се венчал пред една година бидејќи ја оставил девојка му трудна и морал. Тврдеше дека не ја сака таа туку седи само за детето и сеуште бараше да сме заедно и збореше да како ме сакал. Јас сеуште имав чуства за него но го одбив зошто сметам дека не е во ред што ме лажеше за тоа и дека ако тоа и го направил на жена му зошто и мене да не ми го направи еден ден ако сме заедно? Се откажав и прекинав контакт. Оттогаш го немам видено ниту па сакам да го видам. Оттогаш имам некој страв кога запознавам нови луѓе и се чуствувам како да ме лажат, но кога ќе размислам подобро прекинувам да мислам така бидејќи не е фер за моето лошо искуство да не давам шанси на други луѓе и да се уништувам...
     
    Последна измена: 30 јули 2017
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Тврдел дека те сака, едно е тврдење сосема друга работа се постапки и дела. Според постапките лага е и дека морал да се жени, јаден тој убав на мама :) ако морал не би го исклучувал телефонот кога е дома. Ајде не му се секирај бiтно си се откачила од него. Не се сите исти, некаkо неизбежно е да запознаеш неколку жаби додека да дојде жабата што се претвара во принц :)
     
  15. MissCottonCandy4

    MissCottonCandy4 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Во право си хахаха, во општо не му се секирам веќе :) Памет иам за друг пат , ќе пазам повеќе
     
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Проверувај, не мора луѓе да прашуваш. пушти го нека си зборува, нека си каже што има, нека се опушти. Многу малку имаат контрола над телото, тоа се вежба, грото немаат и на едно врв до три прашања лични попатни онака прашај :) и ќе видиш како се однесува, што со лице што со телото и ќе знаеш дали си имаш работа со преварант :)
     
    На MissCottonCandy4 му/ѝ се допаѓа ова.