Точно е тоа што го напиша членот, пошто и јас идев таму и тоа една недела и прво рекоа ќе ни платат после не. Избувна расправија пошто еден се силеше како се он научил, како ќе не учел побрзо да научиме бла бла и на крај ја прекиннаа обуката. Мизерија од луѓе, никад не би работела таму.
Мора да се знаат сите шифри, не знам зошто и членката погоре се жали дека и ја прекинале и продолжил само тој што ги знае. За тоа дали треба да е платена не знам, ама платата и условите се ок за таа работа.
Да, го прочитав твоето искуство... и се изненадив од тоа... Па ме интересираше некој друг дали има и поинакво искуство
За проектантско биро - Тетрактис Катастрофа е газдата. Работев неколку месеци, полошо искуство немам досега. Газдата е архитект, уште на интервју кога отидов ми се виде чудно понашање. Ми даде некој тест да решавам, за психолошка слика, што ми беше многу чудно таков тест да решава архитект воопшто немаше ниедно прашање од областа. Не знаев какви одговори треба да напишам за ме примат. Постојано викаше, се дереше за небитни работи. Час се смее и е расположен, наредниот миг може да избувне да вика. Имаше навика пред клиенти да сака да се направи паметен па ја префрлаше вината на вработените, ние не чиниме, не сме сработиле, не сме знаеле. Неколку пати ми се развика пред клиенти, до степен да пропаднам во земја од срам од луѓето и решив да си заминам. И уште една работа што укажуваше дека нешто смрди во фирмата е дека сите вработени му се девојчиња, значи ниедно машко немаше. Отпосле наслушнав дека машки не вработувал намерно, за да може да се изживува врз дејвочињата.
Работев едно време во Делко, јас лично не ги сакам оти мн често бркаат. Но у принцип имаат добри плати, пробај си ја среќата, може ќе ти се погоди тебе .
Некој скоро да бил на интервју во Бауер Инвест Груп на ул.Даме Груев ? Во сабота ме викнаа на интервју незнам дали да одам или не ?
И мене ме викнаа и сега земав да прочепкам....Само не сфатив дали тие што имаа коментирано конкретно работеле таму или тоа им е искуство од интервју?
Јас прочитав негативни коментари овде , а гледам имаат повеќе објавено огласи за различни позиции И еве уште сум на мисла Кога те викнаа тебе ?
Во сабота интервју? Хм... јас не би отишла. Башка што кога ќе впишете Ројал органик југо, Еуробио Агро Фармаси и Бауер Инвест Груп на УЈП ви испаѓа истата адреса ул. Даме Груев бр.5. А за газдата на Ројал органик југо и др. фирми има доста пишувано во темава.
Има фирми што работат сабота, тоа не ми е спорно. Муабетот дека сите фирми се на иста адреса е ....Претходно имав читано за првите две, за оваа немав и аплицирав. Секогаш ги проверувам компаниите пред да пуштам цв, ама овој пат немаше маил туку само преку кариера се аплицираше.