1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Превентивна медицина

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Doozy, 11 јуни 2019.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Инспирирана од тоа што го читам на форумот и го гледам во секојдневието, решив да отворам тема за превентивна медицина.

    Како народ, познати сме по тоа дека чекаме да дојде јајцето на газот, па да реагираме. Односно, третираме симптоми, а не причина.

    Пример, чекаме да се развие дијабет, срцеви болести, покачен холестерол, хормонални пореметувања, не дај Боже ракови и чуда, итн... за да почнеме да внимаваме и да се грижиме за своето здравје.

    Устава ми фати пена од објаснување дека не, холестеролот не се покачува од јадење мрсно или јајца туку од преголем внес на шеќери и јагленихидрати што се таложат околу црниот дроб или од тоа дека не е возможно да се направи детокс на организмот со пиење смутиња/чаеви затоа што прво не е медицински возможно ние некако да го натераме телото да ги отфрли нездравите работи. (телото само по себе ги исфрла, а смутито едино може да те „протера“ затоа што има влакна кои патем, се кинат кога се меле во блендер)

    Но за тоа донекаде и не го кривам обичниот човек, туку и медицинскиот персонал. Како за човек што милион пати му било кажано да ослабе од страна на доктори, ми биле давани менија каде што појадокот бил парче бел леб + чаша млеко (don't even get me started on this) или каде што ме терале да внесувам 2кг овошје од сабајле. (и за ова да не почнувам што му прави толку многу шеќер на панкреасот од сабајле)

    Дури по 5-6 години лутање и истражување и читање за тоа што функционира, а што не, конечно достигнав некој баланс во исхраната, физичката активност, а слободно можам да речам и во умот. Конечно ги регулирав порциите да бидат така како што треба, не бегам од ориз или од компир како од ѓавол и пијам кафе со две лажици млеко без грижа на совест. Од тоа што го гледам црно на бело, поздрава и пофит не сум била досега.

    Да не зборувам за тоа што се случува во темите за диети, каде што најискрено ми е жал кога гледам како се изгладнуваат и како ги комбинираат намирниците, постојан јојо-ефект, три доле, две горе.... а за менталната борба и разочарување сам во себе да не правам муабет. Дечки, ова не е критика или напад, туку сум била во ваша кожа и знам како е и навистина, навистина мислам дека треба прво да се работи на тоа да се променат навиките и секоја одлука во врска со сопственото здравје да се базира на знаење, а не на страв.

    А, да, за стравот....

    Стравот од одреден вид храна и самонаметнатите „забрани“ што траат во просек од неколку дена од типот - веќе никогаш не јадам благо, завршив со лебот, нема да пијам пиво и сл. - е нешто што е многу важно да се зборува и да се каже, а верувам дека никој не го размислил досега. Се плашиме од храната кога се плашиме од самите себеси и од нашата неможност да се контролираме околу храна - но ние ја контролираме храната, а не таа нас. (стравот наметнува забрана, забраната потоа раѓа желба да се прекрши и така, магичен круг)

    Баш слушав една емисија каде што велеше дека полоши последици за здравјето има ако јадеме и се „плашиме“ од последиците (пример, јадеш чоколадо и цело време си мислиш, леле, готово, ќе фатам дијабет, ќе се здебелам, леле, готово) отколку ако изедеш еден ред и речеш - е ок де, еден ред е и продолжиш со здрави навики во останатиот дел од времето. Во првиот случај, се јавува едно self-fulfilling prophecy (гуглајте, психолошки е) односно, потсвесно се тераме да се случи тоа што си го зборуваме и претскажуваме цело време.

    Моето прашање е - колку сте вие „писмени“ кога доаѓа збор за сопственото здравје? Што правите за да превенирате болести и да се зачувате фит?

    Колку сте информирани за храната и за составот на храната? Колкави се вашите порции? (преголеми/премали) Како мерите што е таман за вас? Јадете ли дневно по минимум 5 порции зеленчук? Дали се плашите од храната?

    Пиете ли доволно вода во текот на денот? Дали сте свесни колку кафиња би требало да испиете, а колку пиете вие? Алкохол - да, не?

    Исто така, овде би вметнала прашања и како овие:

    Дали сте пушач? Вежбате ли нешто? Дали дневно се движите доволно? (сите имаме тракери на телефонот, 10,000 чекори е некој оптимум кон којшто сите треба да тежнееме)

    Дали спиете доволно но и дали тој сон е квалитетен? (јас лично, пред да откријам тапи за уши, спиев многу, многу неквалитетно во најголем дел од времето)

    Како го регулирате стресот? Што ви е вас издувен вентил? (и не прифаќам одговор - никако!)

    Колку често одите на редовни прегледи? (забар, гинеколог, матичен за крвна слика, мамограм за жените, уролог за мажите, итн.) Дали имате здравствен проблем што ве измачува подолго време, но не преземате ништо да го решите? (пример - знам луѓе што повраќаат со години, а не биле на лекар)

    Со еден збор, што правите за да ги подобрите квалитетот на сопствениот живот и да си се одржите живи и здрави уште многу, многу години?

    Ќе ги поканам да се приклучат на темава девојки што мислам дека имаат што да кажат - @dunika @MissChievous @Noemi @IamSexyAndIKnowIt @theowndemon

    Девојки - ве тагнувам вас затоа што по вашите порции, (големина + состав + став кон храна) гледам дека сте многу блиску по тоа што за мене лично е идеална исхрана и здрав животен стил. Или што би рекла @Noemi - овошје и салати не се храна за зафатени личности што имаат активности низ целиот ден.

    Напомена: темава не е место за тоа да дојдеме и да плукаме како докторите не знаат ништо или не ни посветиле никакво внимание. Во ера на Интернетот и сите информации достапни со само еден клик, мислам дека секој од нас има брз и лесен начин да се информира за се' што го интересира во врска со сопственото здравје и животен стил. (се разбира, овде не зборувам за clickbait статии туку за научни студии и трудови поткрепени со долгогодишни истражувања и факти)
     
    На Prijatelot, supergirlmb, Rama и 40 други им се допаѓа ова.
  2. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Дузи,супер тема.Има широк опсег за дискусија и се надевам ке тера во убав правец:)

    Лично,ги поминав сите гореспоменати фази и имав доста up‘s and down‘s водејќи вечна борба со моите 10тина кг плус,се додека не сватив дека клучот е балансот,колку и да звучи клише.

    Низ годините развив супер однос со храната,ја сватив и осетив нејзината директна поврзаност со здравјето и изгледот.
    Моето мени се базира главно на растителна исхрана,многу сезонски зеленчук,мешунки,семки,јатки,маслиново масло и зачински билки.
    Јогурт ми е секојдевиено за вечера,а сирења конзумирам умерено.Месо и риба 2-3 пати месечно.
    Не се плашам од благо ама ич,речиси секој ден каснувам црно чоколадо,но се заситувам од коцка-две,ја надминав фазата на емоционално неконтролирано јадење,или па од досада.Немам проблем ни со сладолед и останата pleasure food,знам дека нема да ме исфрли од колосек нит да ме убие.
    Пијам по 2-3 кафиња дневно,растителни чаеви и вода.Со себе си носам термос флаша во која имам вода со свежо нане,лимон и ѓумбир.
    Иначе нема подобар детокс од вода.Смути не прави ништо,се изнасмеав за твојот опис ама точен е:D.Блендирано овошје само поминува низ желудник,нема ефект.

    Алкохол пијам повремено,знам и цигара да запалам со друштво,така да не сум баш хелти гуру:)

    Имам работно место на кое сум нон стоп активна,а за викенди пешачам во шума која на моја среќа ми е на 10 мин од дома.

    Здравствени проблеми сум немала никогаш посериозни,но желудникот ме болеше често активирајќи ми ја Ешерихија коли,што не е случај во последниве години.Исто и Кандида.

    Имам многу енергија,и со две раце потпишувам дека оброците базирани на прости ЈХ и шеќери го успоруваат организмот и го прават човек по раздразлив.
    На лекарски контроли сум редовна,и уверена дека навремено одење може да спречи фатални последици.Не спијам на тоа уво дека се’ е пишано.Мое е да ги контролирам работите кои се во мои раце и моќ.Не очекувам да сум вечно здрава и фит,генетиката е главна тука,но дека ке сменам начин на исхрана и стил на живот,сум сигурна дека не.
     
    На Rama, Peperutce1115, gjoker4e и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    @Doozy не си свесна што поттикна кај нас твојот пост.
    Се засрамив, се исплашив ,а најважното е што си ветив дека од утре вртам нов лист.
    Маж ме тера уште еднаш да му го препрочитам твојот пост.
    Морам да ти кажам- благодарам!
     
    На supergirlmb, Rama, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  4. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам за себе. Никогаш не сум била многу слаба и никогаш не сум се изгладнувала ама низ годините имав многу нездрав однос со храната. Во тинејџерските години, кога бев средно, доручек ми беше нескафе со кило шеќер, за ручек пржени компири и месо а за вечера секогаш јадев нешто тестесто.
    Мислам дека бев најбуцка тој период, не изгледав лошо, ама имав сигурно над 62 кг.
    Знам дека еднаш не можев да си ги закопчам фармерките и реков доста е. Тогаш почнав нов лист и почнав тотално различно да се хранам. Леб, благо, млечно, све баталив , само домашно јадев. Тогаш мислам дека 10тина кила симнав. Убаво изгледав ама не се чуствувам убаво зошто бев опседната со храна. Секојдневијата ми се сведоа на тоа што ќе јадам дента.
    Последниве две години балансирам. Уште имам периоди кога храната ја сметам за непријател и се чуствувам виновно кога ќе ми се заоблат бутките ама пробувам да се прифатам себеси.
    За доручек не јадам многу искрено, најчесто е тоа овес и јогурт со малку овошје, или некоја банана со путер од бадеми. Месо јадам еднаш неделно. Кафе пијам без млеко и шеќер и само едно на ден. Благо јадам ретко, не сум мн по благото по природа,не дека се ограничувам ама знам да изедам некој сладолед или колаче. Паста или пица исто знам да си јадам еднаш ,два пати неделно,тоа е најчесто кога седнувам во ресторан. За ручек најчесто јадам домашна зеленчукова чорба,зеленчук во рерна со парче сирење, многу сакам наут да сварам и да го потпечам, па го ставам во се или некој врап со зеленчук.Си правам од дома и си носам ,зошто ручекот никогаш не ми е дома, а ако немам време си купувам готови, сега барем има мн продавници каде што има здрави опции за оброк. За вечера најчесто салати или јајца. Јатки јадам скоро секој ден.Некогаш тост или сендвич со маж :rofl::rofl: Сокови пакувани не пијам, цигари не пушам а алкохол мн ретко.Вода пијам мноооогу.И суплементи си пијам секој ден. Е физички не сум мн активна, зошто по цели денови работам, ама пробувам да убацам некои вежбички по дома.
    На забар идам 2,3 пати годишно, само на чистење,зошто немам проблеми, а на гинеколог исто редовно за пап и брисеви.
    Издувен вентил ми е искрено само тоа да сум си дома. Зошто по цел ден не се прибирам. Ќе се раскомотам и си гледам серии или си средувам по дома,тоа ме опушта.
    Ако имам некаков здравствен проблем не би го игнорирала никако.
     
    Последна измена: 11 јуни 2019
    На Rama, Doozy, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.082
    Одлична тема, со задоволство го исчитав воведниот пост и не можеше да дојде во подобро време.
    Цел живот сум сметала дека имам вишок на килограми. Никогаш не биле двоцифрени додека не се најдов во нездрава врска, ама од оние најприкриените. Имав одличен однос пред луѓе, имав навидум исполнето време. Ама секоја вечер, кога ќе завршевме со обврските - без исклучок- со бившиот дечко јадевме. Пици, бургери, алкохол you name it. Постепено неисполнетоста од врската ја сменив со чувството на исполнетост од храна.
    Маѓичниот круг беше без излез.
    И тогаш раскинав.
    И се посветив на воспоставување здрава врска со храната.
    Почнав со фитнес после многу години како начин да излечам скршено срце и да пополнам време. Не вежбав многу напорно, не држев диета, се борев со депресивноста.
    Адреналинот од вежбањето и задоволството од спремањето оброци што нема каде да се купат ме исполнуваа.
    Полека научив многу. Научив за штетата од јаглехидратите, што влијае на замастувањата, што ми предизвикува нелагодност, научив да не се плашам и да го слушам телото кога бара повеќе храна.
    Секоја забрана ме доведуваше до прејадување на истата храна и проблеми со желудникот отпосле.
    Живееме во време во кое брзата храна е предостапна и евтина, исто времено и преполна со палмини масла, маргарини, шеќери.
    Спијам доволно, не пушам, а за стресот имам куче- прошетките и играњата со него се вистинско отргнување од се.
    Штета е што мнозинството не би држало диета додека не им се јави здравствен проблем. Познаничка со 49килограми се мачи со кандида и не престанува со бели пецива и благи под изговор не се дебелеам имам совршен оргамизам, друга има катастрофални заби од премногу шеќер и купува спреј против апетит за 3000денари, дијабетичари на млади години, но не по наследен пат.
    Не сакам да ги кудам лекарите ама мојата матична што ме знае од мала на секое влегување ми вели многу си бледа-имам таков тен! Не можам од неа да очекувам совети за исхрана или да се консултирам како да го зачувам здравјето по пат на исхрана. И повеќето лекари што ги знам се со наднормална тежина.
    Ме иритира фактот што луѓе што не се спремни од здравствен аспект да се отргнат од лошитe навики.
    А врвот беше синоќа кога скролам по инста и ми искача режим на исхрана од бимилк баланс- тие што продаваат скроб со јогурт за рамнотежа во организмот.
    За жал ммогумина имаат проблем со варењето на храната, но тоа не значи дека се со вишок на килограми. Овој режим е направен од наводно стручно лице. Ве молам погледнете го. Ниту еден возрасен човек не треба и не може да се храни вака. Минијатурни порции без никаква хранлива вредност да го издржиш денот и да се концентрираш на работата.
    http://balansplus.mk/category/plan-za-ishrana/
     
    На Rama, PaLaVa, Sandrin4 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    @Doozy твојот пост ме натера да разгледам на интернет околу холестеролот. Имено, ми се движи од 5.4 до 6.1, а килажата ми е под нормалната според висината. Шекерот ми е 5.1. Стално на лекар прашувам што со овие вредности, ме убедуваат дека се на горна граница и не е страшно. Не добивам одговор поради што можат да бидат толку високи. И легендарното прашање с-е-к-о-г-а-ш: “Да не си јадела некој хамбургер вечерта пред да провериш крв?”. (facepalm)
    Затоа сакам да те замолам за твојот став околу холестеролот?

    На темата, ќе излажам ако кажам дека сум многу ажурна околу моето здравје. На гинеколог одам на година ипол, на стоматолог исто. Крвна слика правам еднаш годишно. Исхраната малку од малку ја средив, поради тоа што имам проблеми со нередовна столица. Не дека лошо се хранев, туку свесно внесував намирници кои не му пријаат на организмот. Вода пијам алармантно малку. Вежбам периодично, односно многу мотивирано почнувам, ама штом направам подолга пауза, тешко ми е да се натерам да почнам пак. Последно паузирав околу 8 месеци!
    Алкохол пијам по 2-3 чаши неделно, понекогаш и помалку. За мене е во ред доколку не се претерува. Кафе пијам по 2 на ден, а пушам од ич до 5 цигари на ден, зависи.
    Стрес, мхх... Често сум под големи стресови, рокови и сл. Пробувам да се смирам со јога и медитација. Жал ми е што периодично на организмот му приредувам шокови со енормен стрес, неспиење, многу цигари и лоша и нередовна исхрана. Се прекорувам и си велам веќе никогаш, ама...

    Нешто што сакам да го постигнам е: режим на исхрана со исфрлање на намирници кои не ми одговараат, да пијам повеќе вода, редовна примена на медитација и техники за дишење и опуштање, усвојување на техника за менаџирање на стресот.
     
    На Ariel, Rama, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    и мене ми е холестеролот 7, а релативно здраво се хранам. ми рекоа омега 3 да пијам па ќе видиме дали ќе се регулира. Другото на крвната слика се ми беше во ред.
    имав стресен период изнминативе 3 месеца, не знам дали влијае тоа врз холестеролот,не ми се верува...
     
    На Rama, Doozy, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Моето прашање е - колку сте вие „писмени“ кога доаѓа збор за сопственото здравје? Што правите за да превенирате болести и да се зачувате фит?
    - Дали знам шо е здраво? - Да.
    Дали секогаш се придржвам до то? - Не. :D Ама дефинитивно шо знам е дека колку- толку се обидувам да водам поактивен и поздрав живот, за јас во иднината да не ме колни. Како велат, на старост се гледа колку сме се грижеле како млади.
    • Кога сум послободна преферирам утрински вежби и се добри ради поќе работи: забрзуваат метаболизам, овозможват брзо расонвање, редовно вежбање, макар и само утринско носи општо кон поздраво тело, поздрави навики и желба и мотивација за чекор напред.
    • Многу, многу пешачење. Просек гледам да ми е 10 000 чекори во лош снежен, врнежлив ден. Сегде преферирам да одам пешки и помотивирана сум од кога земав сатче да ми брои. Летно време вадам и по просек од 20+ илјади чекори.
    • И ич не боли да се оди до теретана 5-6 дена неделно по сат време. Доволно за да се стекни здрава навика.
    Колку сте информирани за храната и за составот на храната? Колкави се вашите порции? (преголеми/премали) Како мерите што е таман за вас? Јадете ли дневно по минимум 5 порции зеленчук? Дали се плашите од храната?
    - За состав на храна мислам дека сум доволно информирана, ама мислам дека имам сеуште многу голема дупка. Планирање храна, оброци, баланс на оброци не е нешто шо се учи преку ноќ. Навика е. Прајш оброк, гледаш дали е балансиран по макро. Следно откриваш нешто ново и пробваш да го имплементираш се до еден ден кога се стига да сме на некое друго ниво во поглед на храна.

    Мерам колку храна е таман за мене према организмот. Го пратам шо сака. Во нормален ден сакам повеќе оброци, ама малечки. Во ПМС ден (пример денес) сакам малку, масивни оброци.

    Ако не секој ден, секој втор ден барем имам сигурно пет порции зеленчук. Играв една игра каде мисиите ги извршуваш во реален живот и мислам од тогаш ми стана навика обавезно да јадам по пет порции зеленчук на ден.

    Храната не е страшна, вкусна е, уба е, и е тажно да сме на страшни режими за кило помалку зошто во најмала рака не е здраво. Ама ќе излажам ако речам дека сабајле за појадокот не ми беше страв да внесам калории оти од око знаев дека се многу.

    Пиете ли доволно вода во текот на денот? Дали сте свесни колку кафиња би требало да испиете, а колку пиете вие? Алкохол - да, не?
    - Вода пијам многу. Имам потреба за вода и пијам многу. Кафе или пијам многу или не пијам ич. Зависи кога желудникот ќе де побуни. Алкохол пијам многу умерено, не вервам дека надминвам некаков лимит. Со кафето можно е, искрено не знам која е препорачана доза на ден.

    Дали сте пушач? Вежбате ли нешто? Дали дневно се движите доволно? (сите имаме тракери на телефонот, 10,000 чекори е некој оптимум кон којшто сите треба да тежнееме)
    • Не сум пушач
    • Одам во теретана
    • Се движам доволно до повеќе од доволно
    Дали спиете доволно но и дали тој сон е квалитетен? (јас лично, пред да откријам тапи за уши, спиев многу, многу неквалитетно во најголем дел од времето)
    - Не. Моментално осеќам притисок во очите за спиење. Кога имам обврски не спијам. И сум многу посвесна за то зошто апликацијата со часовникот шо ми е, ми мониторира и спиење. И не се срами да кажи дека спијам кратко и со многу прекини. Неквалитетно. Дефинитивно се одразва на продуктивноста.

    Како го регулирате стресот? Што ви е вас издувен вентил? (и не прифаќам одговор - никако!)
    - Никако. :devil:
    Мајтап на страна, често да, не се справувам со стресот ама знам да каснам чоколадо. Имам нездраво справување со стрес каде одам и трошам пари. Имам и поздраво справување со стрес каде пробвам да разгледам позитивни и негативни страни, влијание во блиска и далечна иднина, причини за грижа сега и сл.
    Вежбање многу помага. Често се наоѓам во позиција кога одам расплачена и испаничена на вежбање и излегвам од таму како нов чоек.

    Колку често одите на редовни прегледи? (забар, гинеколог, матичен за крвна слика, мамограм за жените, уролог за мажите, итн.) Дали имате здравствен проблем што ве измачува подолго време, но не преземате ништо да го решите? (пример - знам луѓе што повраќаат со години, а не биле на лекар)
    - Тука сум за карање. Јас сакам доктори, на моите избрани матични лекари им вервам со цело срце. Ама ако можат да ми пишат терапија преку телефон, радо би одела на таа опција. Едноставно ме мрзи да си извлечкам на лекар, а ми е страв од забар.

    Со еден збор, што правите за да ги подобрите квалитетот на сопствениот живот и да си се одржите живи и здрави уште многу, многу години?
    - Најнакратко: секогаш кога имам можност пробвам да заменам една не толку здрава навика со здрава навика, или лоша навика со не толку здрава навика.
    "Филозофијата" ми е дека секој екстрем е лош, и нагли промени не можи да се добри и можи да водат само кон фрустрација.

    [​IMG]
    Накратко на темата би рекла дека, ништо наеднаш не можи и дека за наше здравје вреди секоја упорност која можи да ја вложиме. Секогаш старите викаат да имале "памет" би си чувале здравјето како млади и мислам дека се во право. Многу проблеми почнуваат од младоста.
     
    На Ariel, Rama, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Одлична тема и вовед навистина.
    Ништо не практикувам од наведеното. Сега моментално гледам поздраво да се хранам и да симнам некое кило, но не ме држи долго желбата. Не знам како на долг рок да го направам ова.
    А морам, ама ете. И чекам последен момент за на лекар, кога ќе се исплашам да не е нешто сериозно. Ова делумно се должи и на односот на лекарите со кои сум била во контакт и кои ко да ми се потсмевале за ништо што сум отишла. И сега чекам ептен да е нешто.

    И мојот холестерол е на горна граница, секогаш бил.
    Треба да се потрудам и да сменам нешто, мора.
     
    На Rama, Avery, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Храната ми е љубов и утеха. Само она не бара ништо од мене и ми е убаво откако ќе ја изедам.

    Знам се, што е здраво, како треба, што да вежбам, ама после супер страшен ден на работа, тешки луѓе ,убедување дете дека треба да стане за градинка, вриштење за алишта, маж што се му смета и е лут на цел свет, кредити, заеми, долгови, депресија, лекови... Само чинија макарони со сирење и лут кечап ми се уживање. Ама ретко. И тоа е со врескање, одење по дете 10 пати додека јадам, па не осеќам дека сум јадела и ставам втора чинија за да имам задоволство... ама и вина.

    Од 5 до 9 Поручек треба да направам една ужина за дете и ручек за нас, плус 2 вечери. Треба да избањам дете и да му посветам внимание. Треба да пуштам машина за садови или перење, да спружам, да сметам. Ако решам да одам на пешачење одам со дете за да поклопам време заедно и разговор плус чекори. Еден километар е буквално еден саат со неа. Џабе. А дома куп работа ќе остане.

    Спијам ко топ, ама со стегнати заби. Стрес.

    Не јадам здраво, не вежбам, у депресија сум, имам предиспозиции за шеќер, имам вишок кила. Не правам ништо, ко да чекам да си умрам. Стресот го регулирам со хемија. Не излегувам, не се забавувам, не пијам и не пушам. Не гледам филмови и не читам книги. Јас сум олицетворение на спротивното од темава.

    Имам спуштена матка, камен на жолчка, екстремно ниски масти.

    Останува да се убедам дека да се умре не е ништо ново.

    Пред 5 години во се бев 100%поинаква.
     
    На crimson, supergirlmb, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Јас сум (или бев) од оние луѓе кои ептен чекаат да згусне за да појдат на лекар и мислам дека тоа се должи на ужасната матична што ја имав како дете, па и понатака во средно школо.
    Стигнав до ниво кога порадо би се лечела две-три недели по дома отколку да одам во ординација кај неа, па не ни одев...fixed! :D:worried:
    Но добро, било па прошло, си најдов нова и сега е далеку подобро.
    Најредовна сум на забар, одам два пати годишно на чистење, еднаш годишно на гинеколог и тоа е тоа. Крвна слика по потреба или ако се разболам. Имам голема фобија од боцкање и срам ми е да кажам, но сепак ќе кажам дека и тоа неретко било причина плус за мојата игнорантност кон одењето на лекар.
    Многу е важно да одиме на редовни систематски прегледи и искрено тоа го сфатив откако го извлеков подебелиот крај пред година и нешто кога добив напад на бубрези онака од чиста мира.

    И мислам дека тек се описменив околу тоа колку само е битна исхраната, добиот сон, физичката активност и здравите навики за добро здравје. Цигари њет, алкохол повремено.
    Со килажа никогаш не сум имала проблем, ама со оние здравите навики и тоа како. Поим немам како сум била здрава на толку лош начин на живот, почнувајќи од исхрана - балансирани оброци, што е тоа; па неспиење, НИКАКВА физичка активност, ждеркање чипсови и товкање со шеќери. Си го зеде тоа данокот и можеби ми беше знак дека треба повеќе да внимавам на себе.
    И крвната слика ми беше ужасна, особено железото, холестеролот и шеќерот секогаш ми биле нормални.
    Можам да кажам дека од тогаш многу се сменив, а почнав само малку повеќе да внимавам што јадам, да си го слушам телото и да не се оставам да бидам улежана со денови, па и месеци.
    Не можам да кажам дека се хранам најздраво, но сакам и настојувам сето тоа да биде избалансирано, разновидно, домашно приготвено, да јадам многу зеленчук, да пијам многу вода и да не внесувам преработени глупости или да ги сведам на минимум.

    Со храната скоро цел живот сум била за никаде :|, ама одам во нагорна линија и ситуацијата е далеку подобра. Си најдов мој режим (и тука не мислам на никаква диета, туку само намирници и оброци во кои уживам) и се чувствувам многу подобро и поенергично.
    Не сум била фан на обилен појадок никогаш. Додека живеев со моите водевме борби околу тоа како треба да се појадува и колку, а мене искрено наутро не ми е до ништо, одвај ги држам очите отворени, а не пак да седнам и да се натовам со јадење на уште неразбудено тело и мозок. Сакам лесен појадок и најчесто појадувам овесни со некоја комбинација.
    Пијам само по едно кафе во денот, обично после 10 часот наутро. Ретко пијам второ, некогаш ако почувствувам потреба дека ми се пие кафе, ама 2 се максимумот, ништо над тоа. Без шеќер, без млеко, најчесто турско.
    Ручекот секогаш ми е нешто зготвено, тоа ми е хит изминатава година, уживам да си спремам и да си измислувам комбинации, а вечерата ми варира.
    Не си ускратувам ништо, јадам и бел ориз и тесто, јадам и леб но не се товам со 4-5 кришки како порано. Не сум фан на месо, дали еднаш неделно се фаќа да вметнам месо во некој оброк, јадам риба, пијам многу вода и цедам сокови. Благо така-така, повеќе сакам солени работи, а грицки, смоки и чипсови не јадам, си правам крекери или некоја друга (релативно) поздрава замена.
    Не сакам ни многу овошје, тоа си го сметам некогаш за минус, ама обожавам киселкасти вкусови па малини, рибизли, аронија, периодов јагоди и цреши редовно ми се на менито.

    Околу физичка активност, многу ми е криво што не почнав да вежбам во група со луѓе многу порано. Хејтерскиот однос кон вежбање врежан од часовите по физичко во школо си продолжи добри 6-7 години по последниот час од физичко. :|
    Работата ми е седечка и тек кога дојде јајцето на газот и кога не можев да се кренам од кревет поради болки од вкочанетост ми текна дека ми фали повеќе физичка активност, па почнав да си вежбам по дома. Пешачам во просек по 7000-8000 чекори на ден, вежбав најчесто пилатес по дома, но ништо не ме прероди како тренинг, да се вмешам меѓу луѓе. :)
    Пробав теретана, ама искрено јас не се чувствувам дека имам некоја вишок енергија која треба да ја исфрлам преку вежбање или да се изнаскокам, или да ме стрефи некоја тахикардија од кардио тренинг. Трчање ми е издувен вентил и од пред скоро, јога - дури се изненадив самата себе, зашто се чувствував доста тромаво и неспособно, ама многу се пронајдов и најверојатно си најдов активност која ми е задоволство да ја извршувам.
    Секој ден трчам наутро, а три пати неделно одам на јога и така сакам да биде на долгорочен план зашто сфатив дека многу ми годи, како физички така и ментално.
    Поубаво, посреќно и позадоволно од себе се немам чувствувано никогаш досега и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина.
     
    На Ariel, Rama, Avery и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Зошто вака:( ме растажи женче.
    Те гушкам:hug:
    Никогаш не е доцна за промена
     
    На Rama, Peperutce1115, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Не пазам на исхрана.Јадам и здраво и не здраво.Јадам на 2 саати можда по еден оброк,било што јадам.Ништо не се задржува на мене како и да е ;(
    Од храна не се пазам :rofl: а општо пример превентива од болести и зарази.Пијам цинк, Б12, витамин Ц, зголемувам внес на овошје и зеленчук, пијам многу лимони портокали, супи, чаеви.
    Вода зим/лете, болн/здрава многу пијам.Ем бидејќи јадам доста солено и благо и самиот организам ми бара, ел бидејќи е здраво и ни е неопходна за правилна работа на организмот.По 3-4 литра ги пијам како ништо.Баш денес ќе рачунам колку 0.5 шишиња ќе испијам.До сега имам литро испиено
     
    На Rama, cresa-jagoda, Avery и 3 други им се допаѓа ова.
  14. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    15.940
    Темава (општо) ми е пасија повеќе од дваесет години, па затоа уште вчера ме "зачешаа" прстиве да го напишам моево искуство.

    Малку предисторија. Бев полничко и болникаво дете. Ме познаваа сите сестри на Детско одделение во локалната болница. Пеницилини, дексазони, кристал инекции ми беа секојдневие во зимските месеци. Но, вистинскиот пресврт ми се случи кога на 12-13 години повозрасни девојчиња од маало почнаа да ме исмеваат за изгледот. За првпат се почувствував различно и засрамено.

    Зборувам за првата половина на деведесетите. Немавме интернет, ни мобилни, ниту пак исхраната беше тема во агендата на родителите и училиштата. Единствен леб на трпезата беше белиот, а единица мерка за тоа колку си изел (во мојата фамилија) беше кришка од истиот тој леб. Во тие околности, во таа кревка возраст и по мојата детска логика (интуитивно, никој не ме советувал, ниту ми наметнал) решив дека треба да престанам да јадам леб. И престанав, првин криејќи од моите (земав парче леб на маса, колку да мислат моите дека сум јадела, но не го јадев, туку го криев и потоа го фрлав :D. Не судете. Детски памет), а потоа и отворено, пред нив. Ручеците си ги јадев. Од оваа временска дистанца, слободно можам да кажам дека и тогаш прилично здраво сме се хранеле дома, главно манџи, домашен зеленчук и домашно месо. Видливо ослабев, но не знам точни бројки, ниту во колкав временски распон. И среќа во процесот не си навлеков никаков здраствен проблем и нездрав однос кон храната (ниту булимија, ниту анорексија, ниту анемија, ниту аменореа). Како растев, сè повеќе и мешав прсти во кујна, па порциите салата растеа, а количината црвено месо намалуваше, додека целосно не престанав да го јадам. Да бидам искрена, не беше одлука од вегански побуди. :wasntme: Да ве потсетам, ова се деведесетите, кога единствен прозор кон светот ни беа книгите и телевизијата. Немавме ни чуено за терминологијата и движењето. :wasntme:

    На мое инсистирање, на дел од семејната земја, се засадија праски, цреши, јаболки, мушмула, кајсија. Татко ми стана земјоделец под принуда.:D Се шегувам. И него му беше издувен вентил работата во малиот овоштарник.

    Некаде 97-ма или 98-ма почнав да купувам едно (ми се чини беше неделно, но не ме држете за збор) списание, целосно посветено на здравиот начин на живот (спрема тогашните поимања на темата). Се викаше "Здравје" (duhh) и го впивав (не читав:rofl:) од корица до корица. И кога немав што да читам, почнував од почеток, од првиот број на списанието. Да се чуди човек како не станав нутиционист.:D А, дотогаш се "едуцирав" од рубриките за здравје од списанијата на мајка ми, "Базар" и "Nada".

    Со приватизацијата и транзицијата, во маркетите, на полиците во мојот град, дојдоа и првите овесни снегулки. :inlove: Конечно, можев да се хранам здраво.:rofl: Отприлика во исто време се појави и вистински интегрален, 'ржан леб (не обоен со колоранти бел леб). Вкусот беше цел еден нов свет за мене.

    Потоа станав студент, со сите пропратни тегли ајвар, компоти и сè што доликува на еден македонски студент од внатрешноста.

    Следува продолжение...:P Морам да одам.
    Знам дека почнав нашироко, ама се обидов да ги доловам околностите под кои растев и го формирав мојот однос кон храната и став кон здравиот живот.
     
    На Rama, Bubce38, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И јас не можам сега да пишувам многу но огромно благодарам на сите за одговорите и искреноста - ќе ве исчитам попосле убаво.

    Успат, заборавив да ја таг @Bozica1980 - вистински пример за тоа како грижата за себе може да биде лек.

    @Bubce38 не треба ништо наеднаш да правиш - впрочем, за тоа и е темата... дека таквите одлуки не траат долго, ќе дискутираме баш. :):hug:

    А @Avery ќе пробам во следниот пост да ти ставам видеа за добар/лош холестерол. (добриот го намалува лошиот - добриот е од здрави масти - риба, авокадо, јатки, итн. следствено - помалку јх, повеќе здрави масти - понизок холестерол)
     
    На Rama, dunika, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    Те разбрав убаво @Doozy .
    За почеток питата бурек ќе ја заборавам , црвеното овошје од двор ќе го јадам свежо, а не да го правам слатко и мармалад.
    Ќе почнам да пијам вода наместо 2 л фанта дневно.
    И ќе јадам свежа пиперка и домат, а НЕ ајвар и овчо сирење во сред лето.
    Лека полека ќе си ги менувам навиките ,а богами и апетитот е епитетот за поомот -вкусно ми е:)
     
    На Ariel, Rama, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ти каснувај бурек - ама нека биде еднаш неделно, да речеме. Пример, кога сакаш да се почестиш, апни си, ама апни си четвртинка, напиј се јогуртче, доволно е. Ама па тој ден ако јадеш бурек за појадок, нека биде другиот дел од денот полајт... апни повеќе салатичка за ручек, па некое печурче, рипче... со еден збор, баланс.

    Ако правиш мармалад, зошто не го правиш со органска стевија? Не е грев да се јаде мармалад, само треба да се знае кога и во која количина.

    Јас некогаш си правам така, една рака малини/капини плус малку стевија, со лажичка путер од кикиритки (43 денари во КАМ, но внимавај, многу е калоричен) на едно лепче тонус - ете ти ужина за заблажување. Стевијата е неколку пати поблага од шеќерот, едно лажиче заменува мислам 5-6 лажичиња шеќер, а не удира толку јако на панкреасот како шеќерот.

    Успат додека дојдам, еве една многу добра нутриционистка од Босна (ставам на српски за и тие што не знаат англиски, ќе споделам и вакви блогови на англиски ако сакате) - штета што кај нас немам сретнато вакви. Толку смирена жена, толку убаво објаснува... алал.

    http://nutricionizam.ba/

    И да, целта на нутрицинизмот е да те обучи како да правиш подобри избори сам, да најдеш што тебе лично ти одговара... а не да ти даде ливче со јадења какви што им дале и на 150 други луѓе.
     
    На Rama, dunika, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.864
    Пол:
    Женски
    Јас како џокер од автобус, испробан е џем од сливи без шеќер/стевија/засладувач. Помали теглички и не се расипува.
    Балансот е клучот на се, ко што пиша Дузи.
     
    На Doozy, Rama, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Низ последните години од основно и првите од средно, постојано имав 50 кг. Потоа еден период, последните години од средно и во текот на сите години низ факултет, килажата ми се движеше помеѓу 42 и 45. Како и зошто толку малку, никогаш не открив. Ниту држев диета, ниту имав некаква активност, ниту имав здраствен проблем. Fast forward, пред 4-5 години почнав да работам на место каде што цела смена седев и купував јадење во околните пекари и сендвичари. Пред точно 2 години измерив 57 кг што беше максимумот у мојот живот за тежина и да бидам искрена, тоа малку ме стресе. Не дека е претерано многу (на мои 163 цм), ама ме фати страв дека ако не сменам некои работи, бројот само ќе се зголемува и ќе си напраам проблеми. Па за прв пат влегов у теретана.
    Вежбав само 3 месеци и во тој период се опседнав со исхрана, нутритивни вредности, што е што, што е потребно за телото, колку е потребно, што има во која храна, итн. Почнав да ги бројам калориите и внесот на нутритивни вредности. Дојде лето и откажав теретана каде што за 3 месеци, ослабев 3 кг. Во наредните 3 месеци низ текот на летото, со добра исхрана ја спуштив килажата до 50 кг. Од тогаш, си терам килажа помеѓу 48-50, се затоа што тогаш научив што е добра исхрана и наученото ми стана принцип засекогаш. Заклучок: вежбањето е топ, помага да оформиш тело и да изгледаш подобро, помага да се осеќаш ментално подобро, си ја задоволуваш потребата од физичка активност, ти дозволува да јадеш повеќе, итн. НО, исхраната е многу многу многу побитна. Со добра исхрана можеш да ослабеш и без да вежбаш. Со добра исхрана можеш да одржуваш и посакувана килажа и најбитно од се', здравје.

    Од тогаш до денес, кога станува збор за исхраната се водам по исти принципи. Знам да го направам правилниот избор, знам што е добро и што ми треба и колку ми треба. Но, истовремено уживам во животот. Јадам се' што сакам, но правам баланс. Ако денес изедам Магнум, у наредните недела дена нема. Ако вчера сум изела бургер во ресторан, во наредните 2-3 недели нема. Ми се дешава 2 дена по ред да гнетам чипсови и благи грицки, па после тоа да не ми се повтори месец дена. Мислам, нема нишо боље кога ќе излезе сезона од Нетфликс серија што си поштуваш, па ќе земеш огромен чипс, 2-3 пива и пакување soft cookies, ќе се оптегнеш на кауч и ќе binge-watch-уваш 2 дена! Зашо да не бе, па еднаш се живее (праам муабет ко да станува збор за rave журка или skydiving, lol). Сето тоа да, но секогаш мнозинството оброци ми се избалансирани и повеќето вистински здрави. Еден куп свеж зеленчук, било да е класично салата со оброк или парче исечкан зеленчук у склоп на оброк. Многу варени работи, од овес, до киноа и просо, до грав, грашок, брокула, карфиол, итн. Парчиња овошје, here & there. Ориз. Мевце, тук-таму. Туна. Јајца. По некое јаткасто, тук-таму. Многу вода, дури мислам дека премногу, зошто не можам да се раатисам од тоалет. По некоја кришка fit леб, по некоја тортиља. Во ладни период, еден куп чај. Минимум едно кафе на ден, најчесто 2. Кафето без шеќер и без млеко, млекото ми прави киселини, а и се навикнав клот да го пијам, сеа само така ми се вкусно.

    Според мене, тоа е поентата на исхраната. Да научиш да го правиш правилниот избор, што е добро, а што не и на основа на тоа, да си тераш добра исхрана што ќе ти дозволува повремено да си каснеш и нешто што и не е баш толку добро. Да сфатиш дека храната може да биде отров. Да си го цениш организмот. Паштета? Не, фала, отров не ставам у мене. Да, воздухот е загаден и како и да е, внесуваме отрови. Но тука одлуката ја правиш ти! Ти бираш што ќе изедеш. На тебе е да ги разликуваш работите и да направиш добар избор.

    Е сеа малку полично. Неам вежбано од тогаш, не сум љубител на теретани, а и неам нешо претерано многу income за да давам пари на теретана. Имам привилегија што живеам у центар, па затоа секаде се движам пеш. Не мерам колку пешачам, искрено не ме интересира. Ми годи пешањето, не само ради физичко размрдување, туку и за ментално опуштање. Удобен пар патики, шише вода, podcast на слушалици и милион кругови низ Парк. Тоа ми е една од омилените ствари у животот. У секој случај, не можам да се пофалам дека сум екстра активна, ама не можам ни да кажам дека нишо не праам.
    Кога станува збор за лекари of any kind, дефинитивно ретко посетувам. Пу, пу, пу, не ми ни требале нешто посебно, ама знам, тоа не е оправадание. Сепак, си иаме потреба од редновни прегледи. Ама ете, не ги праам. Ме мрзи. Си признавам. Идиот сум од тој поглед, а и ништо посебно не превземам, т.е. не се терам себе си да идам чисто онака, за регуларен преглед.
    Едино што би сакала е да идам на психијатар, периодов сум во ужасна психичка состојба, ама да бидам искрена, неам пари. Не се иде кај било кој на терапија. Нејќам да ме дозаебат. А реално, за асален психијатар, ако имаш среќа ќе најдеш за 1000че од саат. А тоа не можам да си го приуштам у никој случај периодов. Никад не сум била на психијатар, односно цел живот со се' се иам соочувано сама и сум наоѓала начин да ги пребодрувам работите и сум горда на тоа. Но, периодов не можам. Не наоѓам начин. А менталното здравје и те како е важно. Како да пазам на исхрана коа неам воља за живеење? На тоа се сведува. Силна ментална состојба те тера да правиш добри избори.
    Не пушам цигари точно 3 години. Во средно пушев редовно, во 2011 престанав кога бев у Америка и ми беше скапо, а од тогаш навака пушев, ама 1 кутија неделно. На 26.05.2016 ( :D ) ги откажав зошто се разбудив со огромни мачнини и си помислив "Кој к***ц ти е по ѓаволите, зошто си го правиш ова на себе?!" и престанав. Едоставно се ценам себе си повеќе од цигарите, сметам дека не смеам да се глупирам на тој начин, подобра сум од тоа.
    Никогаш не сум спиела добро. Цел живот се мачам со инсомниа. Се' ми смета, најмал звук, најмала светлина. Пробав есеноска со тапи за уши, не помина ни месец дена, ми се напраи инфекција во увото. Баталив. А склопам очи, во мозокот ми се дешава какафонија од слики и звуци. Мислите ми се одбиваат као топче у pinball машина и не можам да ги контролирам, смирам и спречам. Едно време си праев вечерна рутина со етерични масла во ламба, чил музика, книга и чај од маточина, ама ништо, ме релаксираше на момент, ама ко ќе се оптегнев у кревет, пак ококорена ко був. Се' уште немам најдено решение. Ама се трудам, пробувам разни работи.

    Издувен вентил ми се прошетки у парк, сама или со друштво. Чилање со дечко ми. Секс. Ладно пиво (јебига, боље него ли дијазепам). Партија competitive со старите пријатели од кантер. Книга со кафе. Серија оптегната на кауч. The little things. Битно е да си пружиш мали задоволства што ќе ти помогнат да ги издржиш нервозите и проблемите у остатокот од денот.

    Заклучок: свесна сум за се' и се трудам. Во исхраната знам да го направам правилниот избор и обожавам да го правам. Физички, задоволна сум како изгледам и како се осеќам во поголемиот дел од времето, во последните 2-3 години. Ќе се трудам да продолжам да учам и да применувам тоа што сметам дека е добро. Ментално, не сум задоволна воопшто. Свесна сум дека менталното здравје е клучно, без добра психа во ниедна област у животот нема да бидеш успешен. Се трудам секој ден да ја подобрам, се трудам да задржам позитивен став, најчесто не успевам, ама самото трудење нели е нешто?

    Што правам за да си го подобрам квалитетот на сопствениот живот? Се трудам тоа што знам дека е добро да го правам константо и се трудам тоа што знам дека е лошо да го искоренам. Интересот за здраво исхранување е се' уште голем кај мене, така што постојано читам и слушам нови работи и се трудам да ги применам, колку ги ми дозволи моменталната финансиска состојба. Желбата за добра ментална состојба и силен позитивен став и дух е голема, се борам да ги подобрам, наоѓам мали секојдневни ситници (као читање книга или глеање серија), кои ми помагаат (иако може да се каже дека е некој начин на бегање од реалност) да си го подобрам животот. Се трудам, а тоа е многу битно. Има луѓе што воопшто не се ни трудат, односно се убедени дека нешто не можат и не ни пробуваат. Познавањето на проблемот е првиот чекор. Трудењето е вториот. За да го добиеш тоа што го сакаш, мораш да пробуваш.

    П.С. Се изнапишав малце повеќе, ама ми се допаѓа темата. :wasntme:
     
    Последна измена: 12 јуни 2019
    На Doozy, Rama, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Не би рекла Дека зафатеноста треба да ни е изговор за нашиот неред во исхраната. Работев по 15 часа дневно. Наоѓав време секогаш, си кратев од сонот, за да има зготвен ручек дома, а пред се да е без глутен зошто нели, со цилијакија сум. Овошје и зеленчук секој ден имам на репертоар, како за мене така и за дете. Гледам вкупно 5 вида да се во денот. Значи ако денес јаде за ужинка диња јагоди и ананас за ручек да има барем брокула и морков како прилог во ручекот. Печурките нам ни се минимум 3 пати во неделата на маса, риба 2 пати а најчесто има зајсчко и мисирка барем еднаш неделно за ручек.
    За вечера знаеме да јадеме и тостови, макарони, сувомеснато, не дека џанк фуд не внесуваме, но 80% од исхраната да ни е здрава.
    Ако мене детето денес ми изело овошје зеленчук месо, не ми е проблем да добие чоколадо кога ќе сака. Не го држам на строг режим до толку.

    Тоа за храната.

    Околу спорт, не правиме ништо посебно освен што правиме припреми за фамилијарен алпинизам :) уште сега се оди по планини за дете да навикне до 4 год.
    Колку често идам на лекар хм. Секогаш кога ќе осетам потреба, но не да трчам зашто на гугл пишува рак е мојата блага болка во малото прсте на ногата. Треба да сме свесни кога да се оди на лекар а кога не. Исто така, не чекам ни нож до коска кога гледам дека нешто не се лечи со лук и кромид.
     
    На Doozy, Rama, Cka и 2 други им се допаѓа ова.