1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Превентивна медицина

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Doozy, 11 јуни 2019.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Не ги почитува ни двете крајности, ниту тотална негрижа, ниту пак ептен строг режим и опседнатост со здрава исхрана. Не може една иста диета да им одговара на 100 луѓе исто. Сами треба да осознаме што е добро за нашето тело. Е сега раководејќи се по оваа моја замисла, јас јадам буквално се, ама во мали колични или компензирам. Никогаш не сум имала покачен шеќер или холестерол, хемоглобинот се одржува на некоја средна вредност +- 130. Кога страдав од нелекувана депресија покачив со килограмите речиси 10 плус. Сега со АД терапијата и килограмите стагнираат. Јадам благо, пијам газирани сокови, ама компензирам со помали порции. Пијам чаша две пиво или вино еднаш до двапати неделно, кафе обавезно 2 на ден.
    Е сега стресот е приказна за себе, тешко дека е во наши раце секогаш да го контролираме колку и да велиме дека нема да се нервираме некогаш е посилно од нас. Поради тоа ми треба време за мене, да прочитам книга, да си го опуштам мозокот со некоја серија.
    Во врска со спортот никогаш не сум била спортски тип, не спортувам ништо, не вежбам, пешачам кога морам. Сега за сега не планирам психички да се форсирам да правам нешто во кое не уживам. Иако спортувањето/вежбањето е здраво и корисно и не го оспорувам тоа, ама очигледно на мојот организам му е ок и со многу помала активност.
    Не сум голем поддржувач на суплементи така да не пијам никакви додатоци, освен магнезиум повремено кога имам физичка активност. Сега за сега сметам дека сум физички здрава во согласност со општата крвна слика. За психичкото здравје си земам редовно терапија и си го одржувам под контрола.
     
    На Doozy, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.633
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум имала вишок килограми. Цел живот ми трубеле дека треба да ослабам, дека на ништо не личам. Цел живот само некои диети сум испробувала кои завршувале или со откажување, или со јојо ефект. Долго време ми требаше да сфатам дека не е до диетите, дека нема фајде од нив. Дека клучно е да стекниш навика за здрава исхрана. Трајна. Ни една недела, ни 20 дена, ни еден месец, ни три месеци како што ни налагаат разно разните диети.
    Минатото лето, толку си дозволив да се здебелам, што буквално не можев да се поднесам себеси повеќе. Ми стана дури тешко и да дишам. На вага за прв пат во животот видов ужасна троцифрена бројка, што ме натера и да заплачам. Тогаш сфатив дека треба да се соземам, треба да ставам крај на моето емоционално прејадување, дека ако продолжам така нема долго да терам. Исто така знаев дека ми треба помош, морав да побарам помош пошто сама не знаев ни како да почнам. Така започна моето одење на нутриционист, кое сеуште трае, и многу многу ми помогна во стекнување на навиките за здрава исхрана. Никогаш во животот не сум симнала 21кг., што и сега просто не ми се верува. Ама не е се 100% совршено. Се прават и грешки, мора да има простор и за грешки. Едноставно заради тоа што сме луѓе и што не сме совршени. И тоа е океј. Грешките се океј, се додека не преминуваат во навика. Сега имам уште 15тина килограми да изгубам додека стигнам до онаа килажа која сакам да ја одржувам. И потешко е сега, потешко е кога ќе ти останат помалку за симнување отколку што си симнала дотогаш.
    Мислам дека сега сум доволно писмена за моето здравје. Моите порции се умерени. Денот го започнувам со овошје. До ручек јадам до 1кг свежно сезонско овошје кое обавезно вклучува јаболка. Со ручекот обавезно салата (најчесто домати, краставици). Леб не јадам. Навечер се трудам да не јадам, со исклучок ако сум многу гладна, каснувам нешто полесно. Многу луѓе овошјето го сметаат за непријател, дека дебели (најверојатно заради шеќерот, ама тоа е природен шеќер - фруктоза). Многу грешен пристап. Овошјето е најголем извор на витамини. Треба само да го јадете во соодветен дел од денот, а тоа е наутро. Повеќе не можам да се замислам да јадам само бели печива за појадок како што правев.

    Пијам вода, 1,5 до 2 литри дневно. Кафе најчесто едно дневно, засладено со стевиа. Иако ми е препорачано само турско или еспресо, мислам дека и макијато every now and then нема да штети. Особено сега во летните денови омилено ми е ладно макијато со мраз. Алкохол конзумирам ретко, кога конзумирам тоа е црвено вино.

    Не сум пушач. Вежбам скоро секој ден (орбитрек, понекогаш возење велосипед, пешачење). Мислам дека се движам доволно.

    За спиење, малку е комплицирано. Често имам периоди на несоница, и сонот ми е лесен (се будам и на најмал звук, и најмал звук да има не можам да заспијам). Какви се тие тапи за уши? Би сакала да си купам, каде ги има?
    Стресот искрено не го регулирам некако посебно. Освен ако се смета гледање интересни видеа на нет или сл.

    За забар, треба да ме карате. Не одам редновно, најмногу поради страв. Лани бев последно, поправав 4 заби од кои на 2 им вадев живец бидејќи беа до толку расипани. Пред тоа 5 години не бев појдена. Знам дека треба барем 1-2 пати годишно на проверка, ама ајде. На гинеколог не сум појдена, ќе одам есенва прв пат (и тука грешка знам). Немам друг никаков здраствен проблем.

    Сакам да додадам дека и имам одлична крвна слика, се ми беше на нормално ниво уште пред да почнам со слабеењето. Имунитет одличен, години наназад не сум била болна, и настинки почнаа многу многу ретко да ме фаќаат. А како дете бев често болна. Во сезона на настинки, кога сите околу мене кашлаат и креваат температури мене апсолутно ништо не ми е.

    И за крај, сакам да кажам дека не треба да си правиш забрани на одредена храна. Мислам, голем љубител сум на хамбургери, пици, буреци, чоколади (она што главно ме однесе каде што бев), но научив да правам баланс. Ги конзумирам и овие, но не дозволувам тоа да биде повеќе од 2 пати месечно.

    Мислам дека се кажав што имав, и извинете за сто километарскиов пост. :whew:
     
    Последна измена: 12 јуни 2019
    На Doozy, Rama, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тема :)
    Што би рекле србите - боље спречити него лечити!

    Исхраната е најбитна !
    Баба ми вели : Јади за да живееш, не живеј за да јадеш!
    Ама јас, гурманка невидена па тешко ми е некогаш.

    Утрото секогаш го почнувам со цел лимон, чаша органски зелен чај (вечерта сварен , за да е ладен) и лажица мед.
    После 15 минути, јадам сезонско овошје и пијам кефир или баланс јогурт, а кога имам и козјо млеко.
    За ужина на работа, секогаш земам овошје, цедам сок у термос или си правам смути, и обавезно од виталија тие што се од кајсија штанглици.
    За ручек, јадам секогаш нешто манџа, чорба, подвароци, месо, ориз, работи што готвиме дома, со салата (гледам што е можно повеќе салата да изедам). Секогаш со вино ручекот го јадам, 1 чаша.
    За ужина, секогаш пијам нес кафе, и од тоа не можам да откажам, го сакам кремасто и со лед поготово сега, уживам дури го пијам после ручек.
    За вечера, обично нешто лесно, хроно тестенини со луто и салата, јуфка, риба печена и слично. Секогаш со вино (бело најчесто).
    Навечер ако ми се пријаде, знам да каснам банана, или да се напијам чаша млеко, а ако ми се јаде благо секогаш земам ред или два 75% какао чоколада.
    Воглавно така ми се оброците, но, 2-3 оброка неделно не можам а да не се почестам нешто пица, сендвич или палачинка или вафла, зависи кога како... но, 80% од времето се придржувам кон овој редослед.

    Вежбам секој ден, ролери, џогирање, 3 пати неделно пливање, имам трака за трчање дома како и орбитрек. Жена сум и целулит имам нормално.
    На преглед одам секои 6 месеци и кај стоматолог, гинеколог, матичен и слично.

    За психичкото здравје, тука ми е психологот каде 2-3 пати месечно одам и презадоволна сум.

    Да не го заборавиме и сексот, како еден од главните тригери за добро психофизичко здравје. 2-3 пати неделно е пожелно
     
    Последна измена: 12 јуни 2019
    На Doozy, Ariel, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Гaзирaни и густи сoкoви ми се зaбoрaвени oдaмнa, цигaри не пушaм, прженици мнoгу реткo и тoa сo мaлку мaслo, пржени кoмпири и пoхoвaници еднaш вo месец или двa. Зaпршкa зaбoрaвив штo е, пaвлaкa зa згустувaње нa мaнџa истo. Сaмo сoс oд дoмaти. Белите тестенини ги зaменив сo интегрaлни. Тoртaтa јa зaменив сo...лaжaм, тoa ми е слaбoст aмa среќa пoреткo јaдaм. Белиoт леб гo избегнувaм или јaдaм вo мaли кoличини. Бaници и буреци Бoжесaчувaј, сaмo штo нaпишaв и ме стегнa стoмaк. Сaлaти и oвoшје редoвнo.
    Мoрaв зaтoa штo пoчнaв пoстoјaнo дa се чувствувaм пoдуенo, кaкo дa имaм 15 кг вишoк пoсле секoе јaдење. Сo гoдините си дoјде, пoрaнo немaв мaкa штo и дa јaдaм, кoлку и дa јaдaм. Се движaм редoвнo, спијaм Џoa бебенце. Се нaучив ништo дa не си земaм при срце пa стресoт скoрo и дa гo немa. Зa тoa придoнесувa и фaктoт штo oпкруженa сум нa рaбoтa сo луѓе штo имaaт oпштa културa, прaвилa нa oднесувaње штo се пoчитувaaт и незaинтересирaнoст зa туѓи мaнџи, пa немa мнoгу кoкoдaкaње кoе знaе дa ти гo уништи мерaкoт зa рaбoтa. ТoВa oтприликa тaјнaтa нa мoјoт успех :D Е пo дoктoри слaбo oдaм, a кaкoв мaтичен имaм, бoнбoнa, дa ти е мерaк дa се рaзбoлиш:D
     
    На Doozy, Rama, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Дузи, браво за темата!

    Ќе се навратам на сите постови утре, да ги прочитам пак.

    Засега само кратко прашање набрзина: можно ли е триглицеридите да бидат многу ниски?
    Обично нема референтна вредност за минимум на крвните слики, колку пониско толку подобро.
    Но од една лабораторија имаа ставено минимум и моите беа подолу. Не можам да ја најдам баш таа крвна слика.
    Се разбира ли некој да ми објасни? На последната ми се 0.50.
    Треба ли да ги поткревам со мрсна храна? :D
    Не знам дали се во релација со холестерол, чудно ми е што баш тој ми е висок - 5.90 на последната.

    Инаку да, и јас се мотивирав. Со храна сум горе-долу океј. Најмногу ми фали активност што ќе ме измори. Трчање на пример.
     
    На Doozy, Rama, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Цел живот 0.3 триглицериди. А они даваат енергија на срцето да работи. За да имам доволно масто морам да внесувам :) А дебела сум, и сите хормони топ. Па види сеа.
     
    На Nigredo Odor, Doozy, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Стварно е чудно, а по интернет прочитав дека може да значи телото не обработува добро состојки.
    Па затоа прашував да не укажува на некој небаланс во исхрана.
    :^)
    Никогаш не сум обрнала внимание, само во оваа лабораторија имаше минимална вредност и мојата отскокнуваше. Најверојатно е нивна грешка, секаде ова е нормален резултат.
     
    На Doozy, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    @Doozy
    Потполно се согласувам со твоето мислење.
    Од мали години почнав да гуглам и читам за здрава исхрана и болести. Сфатив дека со исхраната, водата и физичката активност може до високо ниво да се спречат многу болести. И цел живот се трудам да јадам поздрава варијанта од било што.
    Но, исто така сфатив дека стравот од строга забрана за одредени видови храна, ептен лошо ми влијае. Кога сум под стрес, подобро ми е да изедам еден ред чоколадо, или еден сладолед. Сепак треба да мислиме и на психичкото здравје. 80% се хранам здраво, постојат кратки периоди кога јадам глупости, но со физичка активност и многу вода сето тоа се балансира. Јас вода не пиев до пред 1год. Откако почнав да пијам многу вода јас се зачудив од мојот изглед и од тоа како внатрешно се осеќам. Ми се намали целулитот ми се исчисти кожата, се осеќам енергично. За целосно отстранување од стресот не најдов лек. Сепак за да го намалам стресот најдов начини што мене ми помогнаа, го правам тоа што психички ми прави кејф. Омилено јадење, добра музика, пешачење, спа, сауна, шетање во друг град, изолирање од социјални мрежи, добра комедија, дружење со позитивни луѓе. Сето ова е многу значајно за менталното здравје.
    Татко ми пред 2ипол години почина од дијабетес, операции на панкреасот, компликации итн итн..
    Затоа сега уште повеќе се трудам да избегавам стрес и шеќери. Шеќерот заедно со стресот ни го уништуваат организмот буквално.
    Едноставно оставете ги, пуштете ги работите и личностите каде што неможете да промените на подбро, ем вие ќе се ослободите од стрес. Секогаш доаѓаат поубави моменти и подоби личности. Научете се да останете силни и емоционално цврсти во најлошите мигови, во момент на смрт на најблиските и слично, бидејки сето тоа е неизбежно и е дел од сечиј живот. Бидете задоволни со тоа што го имате и немојте да лакомите по богатство. Се ќе си дојде еден ден доколку се трудите на исправен начин.
    За добар сон, немам добар сон, имам нарушување веќе 2ипол години неможам да спијам повеќе од 5-6часа, а почесто и не заспивам. Нема начин, и нема нешто што не пробав, се уште се трудам, ама нема лек. Да спијам по 8 часа, а имам време и за повеќе, сигурна сум дека ќе бидам уште по успешна во се.

    Во врска со мојата исхрана, ќе препорачам дека на никого од нас не му е потребна строга диета. Луѓе неморате да гладувате и да брзате да ослабете одма. Само променете ги лошите навики, како цигари, брза храна од сендвичари, рафинирани шеќери, рафинирани масла. Јадете се што ви сака душата но тоа се нека биде од поздравата варијанта. Џабе јадеме нездрава храна кога во организмот таа храна само не уништува и немаме корист од неа. Ни треба супер храна со витамини и бенефити што организмот ќе ја прифати како вистинска храна. Здравата храна го лекува организмот. Тогаш добиваме нешто вредно и корисно за нашето здравје.
    Пример: ржан леб, темно чоколадо, мед, кафеав шеќер или стевиа наместо бел рафиниран шеќер, маслиново масло, ладно цедено масло, домашни сендвичи со здрави состојки наместо хамбургери од сендвичара, течна храна, вода наместо купен сок, овошје и салати, риба наместо свинско или пилешко, домашно направен сладолед без шеќер туку од овошје... Буквално за СЀ што ќе замислите ПОСТОИ ЗАМЕНА, Т. Е ПОЗДРАВА ВАРИЈАНТА. Неморате од ништо да се скратите. Така ем ќе бидете сити ем поенергични, ем психички задоволни.
    Пешачење, вежбање, трчање, чистење по дома, водење љубов(со партнерот, не со сите:D), одење во планина на чист воздух и секоја друга физичка активност е од наша корист. Не дозволувајте да се залегнете на долг период. Трудете се за одржувањето на вашето ментално и физичко здравје. Со сите сили. :l:
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На Doozy, Rama, Askopje и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Браво @Doozy за темава, а воведот ти е подобар од повеќето статии со ваква тематика на македонски јазик :clap: Сериозно, треба да го видат повеќе луѓе, дај да го објавиме на сајтот или некаде :rofl:

    И јас бев полничко дете. Ем јадев многу, ем бевме посиромашни и не јадев квалитетно. Сум јадела и овошје и зеленчук, ама и многу леб и благо. Појадокот ми бил или салама и кашкавал, или ако сум на училиште, нешто од пекара. Ужинка на мал одмор - чоколатце, сокче. И вака со години, цело основно и средно. Ручеците дома ни биле океј, најчесто домашно зготвено, со бел леб. Не ме ставиле на некоја диета затоа што сум немала ептен вишок и сум била релативно здрава, но бев меѓу покрупните, не можев да носам облека каква што сакам, се чувствував грда.

    Цело време идев нагоре или во најдобар случај стагнирав, сè додека не дојде време за полагање матура. Во тие две недели интензивно учење, веројатно поради стрес, ослабев 10 кг. Се сеќавам дека го пробав фустанот од матура еден месец подоцна и ми беше огромен, пливав во него. Со оваа тежина, што случајно ми се случи, бев задоволна.

    Студент како студент, јадев што има, што ќе ми пратат, но воглавно ја задржав тежината. Одев малку нагоре за време на летата затоа што работев во странство, но откако се враќав ги симнував и тие неколку килограми плус. Првпат вистински почнав да внимавам што внесувам во последната година од факс, кога почнав да одам во теретана со цимерката, она имаше блендер, па си правевме смутиња и сосови, заедно пазаревме и готвевме и слично.

    Еден период одев и на нутриционист и океј беше, ослабев, но бев многу несреќна. Се случувало буквално да плачам кога ќе видам што имам за ручек, на пример палента или манџа со боранија без месо. Овошје за појадок или овошни денови исто веќе не функционираат кај мене, особено откако почнав со работа. Не велам дека нутриционистите се лоши, стекнав неколку здрави навики од мојов, но доста од нив се повторуваат и се застарени. Соја наместо месо и бистра супа одамна не се здрави опции.

    Како стојам со исхраната сега? Ментално, многу подобро. Не се плашам од ниедна храна, ако некогаш ми се јаде сладолед - ќе каснам, ако ми се пие чаша Кока Кола - ќе се напијам. Но се трудам тоа да биде поретко и помалку количински. Си го слушам телото, имам периоди кога повеќе ми се јаде, периоди кога ми требаат повеќе шеќери, периоди кога сакам полесна храна итн. Следно сакам подобро да си ги организирам оброците, да јадам поздрави ужини и да внимавам на макрос и калории. Се подопуштив со сладоледи периодов, а овој начин е најодржлив на долг рок, не УН или хроно.

    Највеќе се задржав на храната, но тоа отсекогаш бил најпроблематичниот дел за мене. Вода пијам многу, по 4-5 литри дневно, самото тело ми бара. Кафе најмногу еднаш на ден, слободно можам и без него. Алкохол по некоја чашка за викенд, некогаш ни толку. Порано и пушев повеќе, сега ептен ретко, треба и тоа да го прекинам. Со прегледи стојам добро, дури и малку хипохондрик сум, крв проверувам еднаш годишно, заби на шест месеци, гинеколог исто еднаш годишно. Вежбам трипати неделно и пешачам по 10.000 чекори скоро секој ден.

    За крај го оставив спиењето, затоа што моментално прилично лошо спијам. Со спиењето отсекогаш сум варирала, имам и добри и лоши периоди, а сега сум зацапана во еден од полошите. Спијам цврсто и не се будам лесно, ама додека да заспијам, два саати. Знам дека не треба да зјапам во телефон пред да си легнам, ама не можам да се одвикнам, а и алармот ми е на телефонот и цело време е до мене. Следен чекор овде - да си купам будилник и телефонот да ми стои во друга соба.

    Доста изнапишав и тоа сè за мене, а имам да кажам и за навиките на другите, лекарите, но тоа во некој нареден пост, сега засега ви е доста :D
     
    На Doozy, Rama, eta и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Водам сметка многу и за менталното и физичко здравје.

    Се водам од она на Џиџи Хадид:
    "Eat healthy to stay fit, have a burger to stay sane"
    Добро баш не бургер, ама некое друго задоволство во мини количина :D

    Верувам дека како се чувствуваме одвнатре, се проектира на надворешниот изглед.

    Избегнувам ситуации кои би ми го нарушиле мирот, па дури и ако некој ми се налути, сметам дека никогаш не треба да правам нешто под притисок и на сила.

    За опуштање, практикувам слушање музика и вежбање.

    Вежбам 6 денови во неделата, по 100 минути (40 кардио+60 тежинско). Тоа ме опушта неверојатно :inlove:

    И си ги сменив навиките во исхраната.
    90% ми е здрава и балансирана храна, обавезно дома приготвена.
    10% и тоа ретко, од останатото.

    Водам електронски дневник, што јадам, колку внесени калории, колку извежбано, тежина и сл.

    Алкохол воопшто не консумирам, цигарите ги мразам искрено.

    Кожата ја негувам прво преку вежбањето, второ со домашни купки и маски.

    Стресот порано ми влијаеше на се, но кога сфатив дека треба да уживам и да бидам среќна, тој е значително намален.

    Воедно, за животниот стил и здравјето големо влијание ми има финансиската независност.

    Јас сум личност што многу си ја сака слободата, па мислам дека тоа чувство највеќе ме мотивира секојдневно да си го подобрувам животот.

    Да научам нов јазик, да отпатувам некаде сама и сл.

    И да не ги заборавам полначите на батерии- Моите миленици (heidy)

    П.с Превентивна медицина го сметам сето горенаведено. Квалитетна храна, вежбање и внатрешен мир. Не сакам да чекам да се уништам, па после апчиња.
    Рутината е здодевна, но не и кога е во прашање здравјето.
     
    Последна измена: 14 јуни 2019
    На Doozy, Rama, Bridget и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Stop eating mindlessly and start eating mindfully:f:
     
    На Doozy и Rama им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас сум за карање знам. Ви завидувам искрено што водите ваков живот.

    Утрото го започнувам со нескафе и цигарче. Кафето го намалувам со шеќер и млеко (порано пиев пола млеко пола вода, 3 лажички шеќер:puke:, а сега 1/4 млеко и 1 шеќер).
    Ретко доручкувам затоа што искрено немам потреба и често ако се најадам насабајле цел ден ми се јаде. Кога доручкувам тоа е или лиснато или мусли. Овошје јадам постојано.
    Во текот на денот најмалце уште едно кафе пијам, а ко што периодов учам многу пијам повеќе и најчесто заборавам да јадам или се хранам нездраво.

    Зеленчук сакам и обожавам манџи. Љубител сум на месо, а леб ретко јадам.

    Најпаметна одлука ми беше што пред 1 година престанав да јадам од досада и поради тоа ми се намали апетитот и многу ослабев (ова не беше баш најпаметно затоа што и имунитетот ми падна ама се средив некако).

    Алкохол пијам кога ќе излеземе. Се нема одамна случено да се препијам, а инаку пијам или 1-2 пати неделно, може да се случи и 3 недели да не ставам капка во уста.

    Моментално најголема маана ми се цигарите и тоа што поради недостатол на време и услови, здрав оброк заменувам со кафе или кроасан.

    На стоматолог одамна не сум отишла, но редовно правам крвна слика (не се разбирам многу ама се е во граници) и одам на гинеколог.

    Не вежбам, ама прв избор ми е пешачење поготово во зима или есен.
     
    На Doozy и Rama им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Браво за темава @Doozy :hug:

    Јас сум да ме фати човек, да ме затвори некаде во подрум и да ме стави на некој тежок режим на исхрана и вежбање, бидејќи очигледно сама не сум способна за тоа:devil:
    Значи вака, растена сум на село добар дел од моето рано детство, за грип и настинки не ни знаев, единствено во четврто одделение што ме фатија мали сипаници, друго се ми беше топ, растев во здраво ама СЛАБО дете, значи јадев домашно месо, млеко, јајца, по цел ден бев во природа, во вода, во снег, на јако сонце, ама имунитетот ми беше 100% на место.
    Почнав да се дебелеам во пубертет, ама не многу, ставив килограми плус, ама ништо страшно се до рани дваесетти години.
    Е во тие рани дваесетти, почнав да се хранам постојано со пици, хамбургери, сладолед по еден тон на ден, почнав да си готвам манџи кои пливаа во масло, и како врв на се и кога ќе турев во тањирот манџа, јас пак додавав живо масло ( тоа и до ден денешен го правам) знам дека грешам, ама никако да се одвикнам...

    Е благодарение на исхраната од погоре, почнав да се дебелеам, почнаа на 20+ да ми излегуваат пубертетски акни кои во пубертет не добив ниту една единствена, и благодарение на тоа сега имам мали лузни и флеки по лицето:devil:, ми се поремети менструалниот циклус, тироидната жлезда исто, хормоните ми се пореметија исто, станав анемична, и сеуште сум слабокрвна, за жал...

    Врвот на мојата неодговорност кон себеси го постигнав кога пред две години бев жив мртовец и лежев 10 дена на болница поради анемијата, попуштив и психички, т.е станав анксиозна...шеќерот и холестеролот две години ми се на горна граница, косата почна да ми опаѓа, почесто ме фаќаат болки во кичмата, а јас никако да се свестам да се оправам, т.е свесна сум, ама исто така на крај победуваат комплексите и напливот на глупави емоции и често се прејадувам, дури и кога не осеќам глад:devil:
    Скоро десетина години не успеав да се оправам, срам ме фаќа што го пишувам ова, ама таа е реалноста...

    Не сакате да знаете колку пари имам дадено за скапи апчиња за слабеење, за киселини и медови, за програми за диети и што не:devil:
    Се нервирам многу, многу, многу, и воопшто не се сакам и ниту се прифаќам ваква, ама потклекнувам многу, немам цврста воља и се само во круг се вртам....

    Да се навратам на денес: Деновиве јадам многу салата, јадам два пати на ден по две лепчиња, максимум три:worried: ама не можам наеднаш без ич леб, го имам и тоа правено и многу ми се лошеше...почнав да јадам овошје, јер никогаш не јадев, многу ретко ќе каснев портокал или банана и тоа ќе беше, сега јадам домашни малини и јагоди.
    Месо скоро ич не јадам, ретко јадам свинска кременадла, или стек, а најчесто јадам риба.
    Турско кафе цел живот пијам без шеќер, сега со месеци не сум се напила бидејќи ми правеше тахикардија...
    Благо, искрено многу ретко јадам, еднаш на неколку дена.
    Цигари воопшто никогаш не сум пушела, ама затоа алкохол пијам многу, знам дека не треба ама ај...
    Тестенини јадам многу, и тоа со леб, е и тука правам грешка исто:devil:

    На доктор за тироидната жлезда одам два пати годишно на контрола, исто и на гинеколог, на заболекар одам почесто, крвна слика исто два пати годишно проверувам.

    Од алтернативни лекови: Кога имам проблем со забите пијам жалфија или камилица, и се средувам за да избегнам антибиотик.
    За анксиозноста пијам чај од маточина и од кантарион.
    За циклусот порано пиев коприви и ајдучка трева, и имаше ефект, само што многу е горчливо и не ми се става сега во уста, па место тоа пијам хормонски апчиња:devil:

    За карање сум и што не пијам вода, буквално се форсирам на екс да испијам по едно шишенце од 500 милилитри, некогаш ќе испијам едно во цел ден, некогаш едвај две или три...

    Некогаш правам стомачни и грбни вежби дома, често пешачам во природа, на осамени и подалечни места сакам да пешачам сама и да берам разни чаеви, само што сега со болката во кичмата што ме фати периодов тоа поретко го практикувам и на помали релации, за жал....

    Искрено додека ве читав ви се воодушевував колку сте балансирани со храната и знаете како, јас или се изгладнувам скроз цел ден и вечерта ќе се изнајадам убаво, или цел ден ќе јадам без контрола од јутра до сутра;(

    #НеБидетеКакоМенеЌеСеПотрудамЈасДаБидамКакоВас(fingers)
     
    Последна измена: 15 јуни 2019
    На Doozy, Aschenputtel, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Кај ја најдов темава?:worried:
    Како дете бев слабичко со среден имунитет.Ама тогаш не се ни знаеше за здрава храна.Но моите одгледуваа овошје и зеленчук.Знам и дека го праскаа со пестициди ама наше беше.Можам да кажам дека за една зима сум јадела по 15 гајби оние големите, јаболка.:D
    Во суштина никогаш немам водено некоја диета или начин на исхрана.Во живот не сум исцедила овошје ,освен лимон,портокал,цитрон.Овошје јадам секогаш кога купам и тоа во голема количина.Зеленчук за жал многу поретко,се силам со салата...леб ,избегнувам ,иако најмногу на една кришка се задржувам,ретко две.Кафе 2-3 дневно и тоа благи.Горко не можам ,ми смета.Вода пијам,некој ден доволно,некој не баш.Е по благото сум.Страшно добро се чувствувам кога ќе слистам цела чоколада,...]:)
    Исхраната ми е благо речено мизерна.Моиве не сакаат манџи ,особено посни,јас сум обратна и никако да најдеме некој баланс.Имам некој кг вишок,ама тоа е,Има периоди кога ослабнувам кг ,два па ги враќам.
    За жал работата ми е физичка,па кога се приберам дома немам сила да мрдам а не пак да шетам.
    Стрес имам и за извоз,животот ми е таков,напнат, тегнеш од први до први,не можеш да се опуштиш,
    болести грди во семејството,...трка со време....
    Ако нешто ме убие ќе биде од напнатост и нервоза а не од храна.Така чувствувам.
    На лекар гледам да сум редовна ,особено гинеколог,забар признаам по потреба ,кс секогаш кога правам за тироидната и општа правам.Последната ми беше со благо покачен холестерол.
    Се сеќавам ,кога на времето правевме систематски од работа,еден колега одеднаш си отиде ,а резултатите му беа како од учебник.
    Јас знам што бара моево тело и дух,сакам мир и тишина,книга пред спиење,некој изненаден шопинг,да ги усреќам моиве со некој гест,...ситни задоволства па макар и чоколада...
    Ах, да не пушам и ретко алкохол конзумирам.Сега во лето сакам пиво а во зима чаша вино.
    Ама работам со нездрава храна и на дофат ми е.И тоа ме нервира што не знам да кажам не...
     
    На mal.ecka, Oxymoron и Doozy им се допаѓа ова.
  15. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Jas gledam po slikite na majka mi i tatko mi. Porano lugjeto mnogu bile poslabi i se drzele do kaj cetvrta decenija. Gledas slika na plaza i site slabi. Denes sosema sprotivno. Zasto? Sekoj ima avtomobil, motor, hrana bogata so seceri i taka natamu. Inaku gord sum sto poslednive nekolku meseci go simnav stomakov i dobiv mnogu pofalbi lol. Sakam i zdrava i nezdrava hrana. No najbitno e toa sto go jadete da go potrosite. Pesacenje 1 cas.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Еве ме, малку гужва ме фати, се извинувам што ме снема. Ете зошто со месеци ја немав отворено темава, знаев дека нема да имам време да дискутирам. :D

    Значи другари, превентивната медицина не е строг режим на исхрана или на вежбање. Не е никогаш веќе нема да јадам благо или поховано или ќе се плашам од млеко во кафе.

    Не е натпревар сам со себе, ниту пак некој евтин ментален предизвик од типот на, ај да видиме до кога ќе издржам или САМО уште 5 килограми или само да видам 5ка на вага. (а што потоа?!)

    Превентивната медицина е кога се грижиш за себе затоа што сакаш да го правиш тоа. Кога се едуцираш за храната и начинот на живот и свесно одлучуваш како ќе живееш.

    Пример, јас јадам поховано кога одам во кафана и ќе продолжам да јадам поховано кога одам во кафана. Нема да изедам цела даска, ама и нема засекогаш да престанам да го јадам. Ама јас одам во кафана еднаш-двапати во два месеца... но од друга страна, најчесто дневно јадам по 5 порции зеленчук, организирани оброци во исто време, итн.

    Јас сум искрено фрапирана, ама фрапирана од НЕЗДРАВИТЕ навики на луѓето.

    Не можам да разберам да немаш одредено појадок, ручек и вечера, не можам да разберам да мешаш се' и сешто во едно јадење, не можам да разберам да живееш на кафе или на цигари... навистина не можам.

    Од друга страна, сето ова паѓа во вода ако не се регулира стресот. @Cka пишала дека го регулира со хемија - и знаеш што? Арно си правиш. Подобро хемија, отколку срцев удар на 40. Ама немој да живееш така млитаво оти ти не си млитав човек. Пиј хемија, ама и работи сама на себе. Ми дојде многу жал кога ти го прочитав постот и еве ти една гушка... на детето му треба здрава мајка, како беше тоа во авион... прво вие ставете си маски за кислород, а после децата. Оти ти ако се угушиш, и детето ќе се угуши и нема кој да му помогне.

    Еве за холестеролот кој што прашуваше - патем, може да се покачи и од стрес, ако не се лажам. @Avery







    @LivingGlam една другарка исто имаше многу ниски вредности, но она јадеше речиси вегански тогаш. Малку појача со мевце но и со авокадо, јатки и сл, па ок е сега.

    @Rama :hug: подитно, ама подитно мораш да поработиш на себе во врска со темава. Целото нерасположение (анксиозност, депресија) ти доаѓа од хормоните - кога ќе ги регулираш хормоните, ќе се регулира и другото. Од искуство ти зборувам. Почни да читаш и да се образуваш, не ти треба строг режим на исхрана, ти треба да ги научиш основите и потоа сама ќе си одредиш што чини, а што не.

    Еве уште видеа кој го интересира



    @Bubce38 како иде со бурекот? :D
     
    На Biljarkata, LivingGlam, lunicka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Vakov nacin na ishrana vo koja grupa ke se stavi? Zdrava ili nenormalna?

     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Последниве неколку години, како да ми се отворија очите на оваа тема. Што од личен интерес, што од права информација во право време, и со правилен mindset полека полека направив многу мали но значајни промени.

    Како некој што имаш eating disorders, нешто што дури отпосле ми стана јасно и со некоја среќа немам отидено до точка на неповрат, ми требаше доста време да ја сменам пред се' перцепцијата за храната. Она простото дека храната е гориво, да може и треба да биде задоволство ама од задоволство до задоволство има разлика ми требаше не само време за да сфатам туку и да се тргнам од домашната средина. Дома секогаш сме се хранеле како прочесно македонско семејство, со оглед на тоа дека мајка ми беше/е самохран родител имало тестенини и повеќе него што треба. Но на тоа време, на тоа знаење толку. Кога се преселив надвор од дома (и Македонија) и кога добив поголема слобода во изборот што и како ќе јадам и кога активно донесував одлуки многу нешта се сменија. Мислам дека тоа е еден голем проблем, што во целата трка со време, пари, градење на слика пред другите и пред себе, изборот на храна се турка на последно место. А со оглед на тоа дека е нешто што го правиме повеќепати на ден има и текако голем ефект.

    Денес, сум пресреќна за односот што го имам према храната, према вежбањето и према менталното здравје. За ова последново, јутуб видеа од амерички тинејџерки итекако помагаат, за жал или за среќа. Чудна генерација сме ние, од една страна навидум поарни од нашите, од друга страна да се чудиш како луѓе се способни сами да си го искомплицираат животот и неубаво да си направат. Нејсе, на темата. Во главно се трудам да јадам интуитивно, кога сум гладна. Ништо страшно не е да се биде гладен, и после долго време сфатив дека intermittent fasting е нешто што мене ми прија. Никогаш, ама никогаш не сум била фан на доручек и мислам камен ми падна кога си оптимизирав јадење кога мене ми одговара. Доручкувам подоцна, околу 11-12 (станувам меѓу 7-8 и се трудам ова редовно да биде, зашто битно е, да) и тоа речиси секој ден овес во комбинација со овошје и некои семки и јатки. Никогаш мислам нема да ми здосади овес ама некои денови имам и други комбинација, зависи од многу работи.
    За ручек/вечера се трудам да биде зготвено, ем мене ми е мерак да готвам, ем пари се заштедуваат, ем вкусно е бе, ако се потрудиш. Обично се некои чорби со цел куп зеленчук, curries со ориз, тестенини пак со сосови богати со зеленчук и салати. За греота сме што под салата имаме две работи на ум, шопска и варијации и редана зелка, морков и цвекло. Има цело царство на салати и толку простор за креативност.

    Лично, не сум фан на месо, никогаш и не сум била. Дома не готвам месо, надвор или на гости јадам зашто не сакам да комплицирам. Од време на време (читај еднаш на 6 месеци) ми се јавува некоја потреба, тогаш каснувам и ми поминува, Млеко и млечни произоводи исто избегнувам. Млеко и јогурт ми се тешки за варење и пак, никогаш не сум ги сакала. Сирења, кашкавали сакам, но рационална сум зашто се масни и се тешки. Зимоска кога бев дома цел месец секој ден мислам сирење јадев и веднаш ми дојде тешко.
    Газирано одамна не пијам, леб сакам но со семиња, од мешани брашна, да знам дека е хранлив. Исто и за благо. Пробав два месеци да не јадам благи, додадени шеќери. Ова беше пред година и пол и од тогаш чоколади ми се претешки и невкусни. Кога јадам благо, се трудам да биде прво домашно, зашто можам да контролирам колку додаден шеќер има, и второ мене да ми се допаѓа. За некои благи, стварно не ми вредат калориите и инсулинот што треба панкреасот да го лачи. Моментот кога го сфатив ова, дека не мора се што има да се изеде.... мислам за 180 степени ми се сврте цел свет.

    За вежбање, јога, редовно и те како редовно. Златен Јутуб за видеа за сите нивоа. Активно пешачам, гледам дневно барем 10 000 чекори. Периодов ми се погоди да имам бесплатен пристап до теретана, иако никогаш не сум била фан почнав да одам чисто зашто сакам малку посилна мускулатура за некои јога пози. За сега е супер.

    Ментално здравје ми е апсолутно битно. На 27 години ми стана јасно дека не мора на сите да им удоволувам и да им трчкам по мераците додека мене се ми е на стаклени нозе. Да умееш да кажеш НЕ е прекрасна работа. Квалитетни содржини од видеа, подкасти, книги и филмови многу менуваат. И уште една работа што мене ми смени многу е дека нема идеално бе. Да, може денес е ужасен ден од милион причини и ништо нема да ти биде како што сакаш, ама утре можеш ти да го направиш поарен. Секој ден треба да се работи на себе и на својата среќа зашто јебига, ако ти сам не се трудиш никој нема. На два и пол континенти живеев во последните три години и верувајте, секаде си се носиме со себе. Ако јас одвнатре не сум добра, нема да бидам ниту во Скопје, ниту во Милано, ниту, во Њујорк.

    Долг ми е муабетов, ама битен е.
     
    На Doozy, Ginger^, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.