Девојки би дозволиле ли мажки гинеколог да ве прегледа? и што мислите во врска со тоа Spoiler ако има ваква тема слободно во канта
Кај мажки гинеколог Гугуенце или ватевр, се пишува маШки, а не маЖки. А сега да одговорам на прашањето, да ќе дозволам, зашто не сум од Стублица дојдена и нема ништо страшно во тоа . П.С.Тој освен медицинските инструменти, не користи никаков друг „алат“, така што нема опасност срцка А од гледање дунди по цел ден, сигурно му е преку глава.
Кај мажки гинеколог Да, би дозволила, уствари првиот гинеколог ми беше машки. За негова среќа, а моја несреќа, тој си доби нова работи и ја напушти ординацијата каде што одев, ама и јас се преселив па си најдов друг д-р. Инаку и д-рот кој ме породи беше маж. Ништо страшно, ништо непријатно, нормално тоа му е работа, нема сигурно ништо да ти направи. Сепак ако ти е непријатно оди си кај женски д-р.
Кај мажки гинеколог Јас одев кај жени секогаш,но последниот пат бев кај маж,задоволна сум и повеке кај жена не одам
Кај мажки гинеколог Ништо страшно и за гиниколог и за доктор специјалист за гради ( епа незнам како стручно се вика ) на ним и се скиснато од гледање на голи жени, а инаку конкретно за гиниколози има ептен добри и истакнати мажи гиниколози еве на пример доктор Оганџиски од Штип е тој ти е страшно добар доктор и со многу добро средена ординација.
Кај мажки гинеколог Да, сум дозволила и нема зошто да не дозволам. Тој е лекар како и сите други, едноставно си ја врши работата и тоа е тоа. Незнам од кај толку срам. Нема зошто.
Досега во мојот живот сум посетила 4 гинеколози и сите биле машки Никогаш не сум размислувала машки женски гинеколог секогаш ми била важно колку е добар гинекологот и колку задоволни пациенти има и колку јас ќе бидам задоволна од него.Така да важна е стручноста а не полот на докторот
мојот матичен гинеколог е машко,и башка маж гинеколог ме пораѓаше,така да никогаш не ми било срам во врска со тоа они ти ја гледаат "мачката" исто како кога одиш на лекар да ти прегледаат грло,и сите викаат понежни биле мажите гинеколози од жени гинеколози
бев еднаш-кога требаше да проверам дали сум уште невина или не, и наместо со инструмент докторов ме прегледа со прст(можеби интересно му беше младо мевце, а доагаат кај него повозрасни жени) а е еден од најпознатите во државава и мајка ми му е пациентка од тогаш си реков ти мене нема да ме видиш(скоро го видов на тв ми се и личноста што ми е гинеколог матичен е жена
Исклучиво ако го врши со помош на огледало,инаку ни во лудило човече!!!!! Срцекршачке,молам?! Да провериш дали си невина или не?! И со прст?! И секако после прегледот на си била невина или како?! И оп,хи попд д чери... Сериозно...ми се згади.
после првиот однос, отидов на гинеколог-да видам дали уште имам химен или не-сериозно со прст ме прегледа, и реков веке нема одење кај него(а мајка ми сакаше да ми стане матичен гинеколог )
И мојот гинеколог последниот пат ме прегледа со прсти,незнам зашто??? Нешти стискаше де лево,де десно уууффф и болеше
Абе ме зезате? Сигурно за да ве задоволи не ви го прави тоа туку е рутински преглед.. поради промени на внатрешниот дел на ѕидот на матка..
Срцекршачке не кажа што ти кажа, невина беше после привот однос?! Можно е да си била, можно е... Значи нема врска дали е машко или женско, воопшто. Но, доколку ви е незгодно, одете кај женско. Докторот треба да е добар, секој преглед вклучува преглед со прст, каде што ти ги проверува јајниците и те стиска на левиот јајник, на десниот, а и на средина. И на никого од тие не му е гајле дали е младо мевце или старо мевце, не трескајте глупости. Тие заработуваат од тоа, учеле за тоа, колку се стручни и добри доктори, тоа е дискутабилно, но несомнено се дискретни и не прават работи од ќејф.
После стручноста на гинекологот, најважен е пристапот - да е внимателен, да знае да ја опушти пациентката за да не и е непријатно. Инаку, сум имала искуство со жени гинеколози кои биле многу груби и незаинтересирани, а мажи гинеколози кои биле многу професионални и внимателни и воопшто не сум чувствувала нелагодност. Инаку општ проблем кај нашите лекари, па и гинеколози е што многу малку објаснуваат. Објаснување од типот - сега ќе те прегледам со ваков или онаков инструмент, ќе почуствуваш малку ладно, но немој да се плашиш, се многу ретки. Затоа велам, до гинекологот е. Тој треба да објасни претходно како ќе те прегледа со рака или со инструмент, вагинално или преку ректум, зошто го прави тоа, што ќе почуствуваш. А ова е особено важно при преглед на млада пациентка. Затоа пред изборот на гинекологот, добро распрашајте се за други искуства, колку е стручен гинекологот, но и за неговиот пристап. А маж или жена, не е воопшто важно.
Мене на почетокот ми беше некако шубе да одам кај машки доктор. Не знам зошто, едноставно ми беше срам. Арно ама, откако ме оставија расчепена да седам во државна, при толкави болки, немаше да ми биде гајле ни некој мутант да земе да ме прегледува. И така пола болница ме виде. Сега немам гајле, машко, женско, непознат, ма јок бре. Знаат во државна срамот како да го излечат, ако ништо друго.
Сеедно ми е, маж ли е, жена ли е, ако се добри во својата работа. Немам срам, ниту перде. Првиот гинеколог ми беше жена, сега сум кај машки доктор и можам да кажам дека е подобар и покомпетентен од првата.
Е де не видел тој дунда до сеа па на мојата да се измерачи и изманијачи Нормално е и со прт да изврши преглед,сум била и кај машко и со женски,не е битен полот битно е да знае соодветно да ми го реши проблемот за кој сум дошла.
досега сум имала само еден гинеколог и тој е машко,му верувам задоволна сум од него и има типов 60 години така да многу му е гајле за мојава дунда,толку ги изнагледал немам никаков срам,отворено разговараме за прегледот и неможам за ништо да се пожалам
Леле срцекршачка не знам више кој твој пост е поглуп. Јас од лично искуство знам дека машките гинеколози се понежни и повнимателни од женските (барем тие кај што сум била јас). Инаку воопшто не ми е срам да се соблечам, затоа што покрај толку д*нди што му поминале низ раце, сигурно не му дошло до мојава, всушност тој и воопшто не гледа така како што мислиме ние. Исто како стоматологот што ги гледа забите, така гинекологот ,,таквите,,