Не сум била кај машки гинеколог, но не би ми било проблем да одам, посебно па ако е некој убав и згоден . Ехее, видел многу пред мене, а и ќе види после мене. Туку да не се погоди како на една другарка кога додека ја прегледувале имало и 3ца машки студенти што гледале и учеле
Убавите и згодните треба со закон да им се забрани да работат Инаку сериозно лекарот пред се треба да биде професионалец,да направи да го гледаш објективно како тоа му е работа исто како и на другите.Значи да не го гледаш како обичен човек,лично,туку лекар што си ја работи својата професија.Па може машки гинеколог само да ти го среди проблемот и да има големо знаење
Се додека е професионален во својата работа и додека ми објаснува подетално за што се работи,немам никаков проблем дали ќе биде маж или жена! Прочитав некои коментари и смешни ми се.....мислам каква врска има дали гинекологот ќе биде маж? Па и хирургот и кардиологот значи не смеат да бидат мажи,а бе никој не смее да биде маж лекар,па нели за секој преглед треба да соблечеме дел од гадеробата како тоа така да не видат?!
Полова дискриминација би била доколку не дозволам. Тој не треба да биде наречен маж, тој е здравствен работник. Опериран од чувство за еротика, професионална трансформација. Така и беше со мене кога прв пат мои очи видоја гола ду*да на болница. Ваууу какво е Е како не, два часа подоцна и ми беше сеедно. Глупаво ми е кога некој ќе спомне колку му е неудобно да се соблече на гинеколог ако е маж иститот. Има и такви што порадо не би отишле. Мажи жалете се !!! Ова не е фер.
Сум идела и кај жени и кај мажи.Немам проблем доктор да ме прегледува,сепак ДОКТОР е не е некој ојле-дојле од улица најден.Не знам дали докторите се понежни или не ама имам приметено дека за разлика од докторките се секогаш порасположени за муабет знаат како да го опуштат пациентот.Барем јас во Систина кај тој што бев првин си разврзавме муабет па после ме прегледа па не се ни осетив ко да сум на лекар него како да сум седната на кафе со другар некој.Е сега исто така од искуство имам приметено дека постарите доктори па и докторки се некако построги и постегнати за разлика од младите кои се покомуникативни. На крај се се сведува на тоа да се отиде кај оној кој е подобар.Ако знам дека некој доктор е подобар во својата работа сигурно нема да го баталам само затоа што ми е срам и да отидам кај некоја нетолку квалитетна докторка само ради тоа што е жена. Никогаш не сум ги разбирала оние девојки и жени што се срамат од доктори.Па аман бре луѓе тоа им е работа на нив,учеле за таа професија и се професионалци кои на крај памет не им е во вашата вагина да гледаат на еротски или било каков начин кој буди ниски страсти.
Јас одам кај машки гениколог од кога почнав да го посетувам до ден денес тоа се точно 7 години ми е истиот доктор и не планирам да го сменам се додека не приметам дека нешто изостанува во начинот на кој ме лечи.Искрено првиот пат си пукнав од страм кога требаше да ме види тамо,и не верувам дека ако беше женска ке се чувствував нешто поразлично.
Мојот гинеколог е маж, веќе накај дедо фаќа се плашам дека ќе се пензионира пред да се скрасам со деца ете толку сум задоволна од него. Човекот одлично си ја знае и врши работата и секогаш, постојано ми зборува за време на прегледот и ме опушта наместо да зјапам во таван. На секој преглед ми раскажува анатомија и е многу отворен за прашања, па некако си правиме муабет додека ме прегледува (радознала, све сакам да знам ). Сум била еднаш и кај жена гинеколог, ама не би да правам полова дискриминација, може само до неа беше. Само знам дека за доктор нема срам, тој нит е таму жени да гледа, нит нешто се задоволува при тоа (дури верувам дека им е и смачено, којзнае какви се и колку на ден гледаат )
Ах па првиот пат кога бев на гениколог ми беше баш кај машко и искрено ме фаќаше малку трема,но сепак тој толку добро се постави кон мене што целата трема и непријатност ја снема за миг.Продолжив да си одам и понатаму кај него и ден денес ми е истиот.Јас лично сум многу задоволна од него и додека не видам и немам некоја силна причина да го сменам нема да го направам тоа.Значи сепак тоа е нивна работа и нас не гледаат на професионален начин и се однесуваат така.Не знам зошто кај некои девојки е табу или имаат страм и не сакаат да одат кај машки гинеколог,сепак и тие се лекари како и женските.
Јас лично не сум била на генеколог, ама ќе ми биди гајле дали е машко или женско, ако знај, да ме опушти, јас немам страв од доктори посебно ако е мајка ми со мене оти и таа е докторка. Ама јас сум дрдорка, па така како што полесно поднесвам депилација, кубење веѓии слично кога луѓето разговараат со мене , за некоја 3та тема , па макар и да е тоа и завремето ,факултетот било што така полесно би го поднела и ова. И да ме слушаат и предупредуваат. Еднаш еден ми земаше крв од вената и ми рече да не гледам, а јас сакам да гледам и не ми е ни грозно ни страв и му реков да ми кажи пред да ме боцни за да не му мрднам, тој не ми кажа и не ми дозволи да гледам и му мрднав и две недели ми беше посината раката.Добро кај стоматолог не можам да зборувам, ама затоа тие имааат за што да зборуваат ххахахаха. Значи не е важен полот, важна ми е комуникацијата. Можи и вицови да кажува не е проблем, само да не молчи.
Јас од првиот пат на гинеколог па се до сега одам кај маж. Малку ми беше како незгодно првиот пат ама човекот така ме опушти прво со муабет, се што ми правеше ми објаснуваше, ме учеше како да се опуштам за да не ми биде непријатен прегледот и ред други работи што дури заборавив и на непријатност и на се. Искрено сега воопшто не ми е срам. Дури и се смееме обично кога ќе седнам на столот за преглед и ќе ми рече чекај сега да го поткренам ова да не избегаш или паднеш . Човекот си е професионалец. Мајка ми кога била бремена со мене тој ја пораѓал, а кога беше трудна со сестра ми, тој и ја водеше бременоста. Го бива во работата, не познавам некој да се пожали од него и не планирам да го сменам се дури не отиде во пензија
Првпат кога отидов, категорично реков дека сакам кај жена да одам. Бев 18 години и немав намера да се соблекувам пред секој. Мајка ми ме однесе кај нејзиниот гинеколог, и сега таа и мене ми е матичен. Сега искрено доколку би требало да менувам гинеколог, мислам дека не би имала голем проблем да одам и кај машко. Само дечко ми ме видел до сега доле, ама тој доктор цел ден гледа такви работи, ко божем јас нешто посебна ќе бидам, па да се секирам.
Искрено кога одам на доктор најважно ми е да е стручен и добар во својата област. Никогаш до сега не сум размислувала така, ако е маж да не одам. Кога ќе се породите да знаете во визита колку мажи доктори ќе дојдат да ве прегледаат па и ако има на пракса ехеее што викаше мојата докторка кога ме породи, спремај се за цела сурија доктори да те видат . Тогаш глава не знаеме кај ни е ја ќе мислам ако ми виде конците долу, на колку и ги гледат ехее, за мојата баш ќе се залепи да се нашалеме