Колку си во право,и колку имало,има и ќе има МАЈСТОРИ и МАЈСТОРЧИЊА на својот занает,мора да се внимава,а стручните кај нас се се помалку и приватни се.Ете и др.Наде во Ремедика е добра ама и таму комплет преглед е 6 илјади денари...
Така е. Еден од тие што поим немаат е оној од Кочани, не знам со која дозвола работи тој, од Штип е инаку. Колку жени има испуштено, меѓу кои и мајка ми. 4 год.одеше на 6 месеци ехо-бенигна неоплазма, неговиот одговор. Кога направи биопсија и операција, 3ц стадиум. Е тоа не стасува толку брзо, ама да знаел да гледа ќе видел дека нешто не е во ред. И ние виновни што не побаравме 2 мислење... така требало да биде, не знам... Сега за мене ќе знам, ама сите доктори се чудеа како при редовни контроли толку лошо стасало. Многу жени, за жал, не придаваат значење на гради, одат на гинеколог редовно, на ехо на гради никогаш во живот.
Јас одам Мегамед кај Јовановски, супер е докторот. Обично правам комплет абдомен со гради, и понекогаш тироида.
Dali imate nekoj iskustvo so Nade petanovska od remedika se mislam pomegu nea ili izabela od sistina samo tamu ima slobodno mesto a I tie se doktorite.
Јас кога престанав да дојам после првото дете имав грутки останати и болни и бев во Центар за дојка на Ресхумана. Докторката внимателна и многу време ми посвети, не советуваше мамографија. Сега моја колешка имаше проблем и беше во ВФВ, некоја нова клиника и докторот ептен и го фалеле. Незнам како се вика, но може да прашам,