Здраво , кажи ми кај кој доктор одиш ? Сакам кај др. Чапова да закажам ,колку од прилика се чека за термин?
Еве и јас да информирам, ре медика кај наде петановска ехо 3300. Прв пат бев кај нејзе, добро поминав, фина е и објаснува све без да прашаш.
Zdravo,na site,vaka znaci imam 33 godini,i so ogled na toa deka se pocesto se zacesteni bolestite,resiv da si napravam pregledi,pocnav od eho na dojka,da napomenam deka nisto ne custvuvav i deka ne napipav nisto kako grutka.Koga otidov da se pregledam doktorot na desnata grada rece se e ok,a koga pocna na levata rece ovde ima nesto ispod dojkata,jas se isplasiv,rece malo e 5 mil.ama za da se osigurame dali e fibradenom ili nesto drugo,ke mora mamografija da se napravi,jas odma otidov neuromedika napraviv mamografija,ama duri vo vtornik rezultati,a do vtornik misli ke me srusat.Mnogu se plasam da ne e nesto drugo.Kako da go prebrodam ova,kako da se izboram so mislte.Se plasam mnogu.Imajte ubav den.
Ве молам за инфо, во 8-ми Септември, дали има магнетна за дојки, која е цената и колку време се чека за термин? Ме интересира дали таму се врши мамографија и кои радиолози би ги препорачале за читање на резултатите? Фала, многу фала однапред за секое инфо, оти многу ми е потребна секаква информација.
Јануари 4650. Колешка ќе оди во среда, па ќе ви пишам. Инаку, се чека. Јас пишав лани ноември, за крај на јануари термин. Колешката закажа во мај за во август, ама Маја ќе одела на одмор, па и преместија за 26.7. Друга колешка исто за 3 месеци, ама се ослободил термин во меѓувреме и и пишаа да оде порано. Кога закажувате, пишете им ако се ослободи нешто да ви кажат.
Дали има некој валиден телефон од Мегамед,Аеродром? Ѕвонам на броевите од гугл, не се воспоставува контакт/линија воопшто!
Знам, претераа, на 6 месеци си качуваат. Ама, знаат дека на некој му е итно, нема термини на државно и ајде. И јас сум кај неа, колку е толку, ќе дадам, што да правам...
Досега земав од матичен гинеколог упат за ехо на дојка, дали може и од општ матичен лекар да се земе?
Колку е сега кај Петановска ехото? (ремедика) . Закажав ама не прашав цена . Гледам Бабушку во ВФВ во Чаир, прифатливи цени ама немам искуство со нејзе , некако Петановска е баш смирена и темелна
3700 денари е редовна цена, ама втора половина на октомври во Ремедика има 50% попуст на ехото по повод месец на борба против рак на дојка.