Здраво Ве молам за искуство или памет да ми дадете Можно ли е извештајот од ехо на гради и мамо да се разликува, а правени се во рок од два дена. Пример вчера ехо извештај супер бирадс 1 фиброгландуларно ткиво нормално, денес мамо бирадс 2 и во левата дојка густо фиброгландуларнонткиво и калцификат? Фала ви
Некој да има искуство со др.Елена Јорданоска Бисероска, во Плодност што е поставена за нов радиолог? Претходно работела во болницата Прилеп..
Фала ти, така пишуваше и на извештајот од мамото дека нема знаци на канцер. Само ме чуди што во рок од два дена различен извештај. Дали тоа значи дека ехото не е прочитано убаво незнам
Па можеби да, ама ете мамо. покажало, и не е страшно ни тоа секако. Ако сакаш оди си и на второ мислење, иако немаш потреба.
Здраво девојки, ова се моменталните цени по приватните клиники за ехо на дојка, во случај да му затребаат и на некој друг: Систина-6500 Ре Медика -4000 Жан митрев-3500 Невро медика - 3000 Рес хумана - 3000 Биотек-2500 Дијагностички центар- 2500 Мегамед - 1500 Толовски - 1500 Пзу Анастасовски - 1500 Јас ќе одам во Толовски, можело да се отиде било кој ден од 10:30-14ч без закажување. Ќе ви пишам мислење набрзо.
Да се надоврзам, супер поминав, презадоволна сум, јас правев контролен ехо преглед во Толовски, почекав некои 15тина минути и ме примија. Докторот е темелен и убаво објаснува се гледа дека има знаење. Така што топло ги препорачувам
Добар ден Дали некој бил кај Др Елизабета Атанасова во Ремедика, па да сподели искуство за стручноста... Ептен ми е итно а само кај нејзе има термин скоро...
Здраво девојки дали некол правел ехо и мамографија на дојка во поликлиника Јане Сандански? Дали знаете колку се наплаќа за истиот преглед?
Здраво девојки, имам некоја кожна промена на работ на ареолата на левата града, го следев месец дена и ми изгледа како да се проширува, понекогаш знае да чеша малце. Размислувам да појдам прво на дерматолог, на преглед, па после доколку има потреба и на ехо на дојка. Имам 25 години и досега немам правено ехо. А може и двете да ги направам за да бидам помирна. Истата лева града, брадавицата понекогаш знае да е малце понавнатре. Каде би ми препорачале во Скопје ехо на дојка? По државна изгледа ред нема да се начека, па за приватно. Гледав погоре и некој имаше цени извадено од повеќето. Ваша препорака од кој сте задоволни?
Од тие горе јас сум правела кај др. Наде Петановска во Ремедика, задоволна сум. А на державно во 8ми септември кај др. Чалчевска исто е одлична. Двете ги препорачувам.
Јас одам кај др. Наде Петановска во Ремедика, задоволна сум. Последно околу две недели чекав за термин, цената е 4000 ден.
сакам преглед на дојка ( баба- смртен случај од рак на дојка ), десно осетив топче со големина на орев... што прегледи треба да направам?
Јас закажав ехо, од кога се виде на ехо дека има нешто - мамографија беше втор чекор. Кај мене мамографијата зошто го "оправда" ехото, имав и трет чекор - биопсија. Е сега јас бев Плодност, така да после ехо со индикација за рак, ојдов пак таму во ист ден за мамографија пошто на државно беше невозможно да се најди термин (иако имав индикации).
@theowndemon Пиши после преглед што ќе ти кажат , да не те мислиме овде. Инаку, јас одам кај гинеколог Д.р Моника Грашеска, таму доаѓа радиолог мислам Д.р Гога дека се викаше. Ова за Прилеп пишувам. Таму бев досега 2 пати и детално прегледа се убаво, задоволна сум. Сега немам отидено повеќе од 9 месеци, а треба.. Чекам да ми се средат млечните жлезди после доењето и обавезно за некој месец ќе отидам.
Ваљда мислиш на @SunnyGirl2? Јас сум со потврден рак и хемо поминато. Обично на вакви теми кажвам како било кај мене. Вчера исто тебе те думав @Цунами. Јас не би чекала месец да пратам. Ич неќам да плашам жени ама радо би да уплашам и да одат навреме и ништо да нема, нели. Напипај делот каде имаш кожна промена дали има грутка. Јас од кога си најдов грутката забележав дека местото е потемно и потопло. Во спојлер ќе клам како се прам самопроверка: Спојлер Шо да барате при self check up: 1. Пазувите се проверват за отеченост и реакција на лимфните жлезди. 2. Брадавиците се проверват за исцедок кој можи да е крв ама и не мора,притоа да немате причина за исцедок(пример доење е причина за исцедок). Исто дали е "вдлабната" брадавица. 3. Промени во текстурата на кожата и целокупниот изглед на градите. Промени на текстурата на кожата можи да се: - потемни нови флеки - кожа како кора од портокал Исто гледате дали има видливи промени во изглед на градата како одредени нерамнини ако можам така да се изразам. 4. Со прстите барате грутки и затоа мора да е раката горе или зад врат за кожата да е добро оптегната, и истиот процес на кревет. Исто тука можи да осетите, особено ако најдите грутка, да осетите дали кожата одма над грутката "топли". Дали тој дел е потопол.