Кај докторка Наташа Башуровска има промоција секој понеделник од 2000 на 990 или 1000 преглед на гради, јас закажав ама не знам до кога им трае промоцијата, дали е само овој месец.
Битола кај има мамографија, а да не е Плодност? Имале некаков дефект моментално. *Заборајв да нагласам во Битола
2500 редовна цена за ЕХО што трае 3-4 минути е срамота и грабеж. Како може ехо на тироидна во истава клиника да е со редовна цена 1600 (што пак е скапо ама ај), а ехо на гради 2500? Истата ултразвучна сонда и истиот екран се вајда. Или дека две гради го рачунаат како два пати ехо да прават. На темава, кај Толовски правев во 2024, 1500 им беше редовна цена. Годинава во мај правев во св.Алексеј, имаше опција: комплет гради ехо, вагинално ехо и пап беше 3000, исто приватно. Не дека ова не е скапо, ама ајде, кога немаме нормално државно здравство ќе не стрижат.
Вие вака над 25, дали правите да речам рутинско ехо на гради во годината, или само ако нешто приметите или па ако сте со фамилијарна историја? 26 сум, накај 27, освен повремено самопреглед, друго не сум правела. Во Св Алексеј скоро се префрлив да ми е матичен, ама само гинеколошки преглед досега сум правела таму.
Јас да, превентивно барем еднаш годишно. Нема врска фамилијарната историја, самопреглед и ехо треба да е задолжително за сите.
Јас на 28 години почнав со рутинско ехо. Некогаш може и да има нешто а да не приметиш така да посигурно е вака. Искрено јас сум малце хипохондрик, после ова што гледам колку млади жени имаат канцер не сум мирна ако не се прегледам барем еднаш годишно, а гинеколошки преглед правам на 6 месеци. Инаку да не знаеш која цена е ехо на дојка во Св. Алексеј?
Имате промоција во РЕМЕДИКА,3300 пакет ехо и мамографија,трае до крај на месец,одено и задовална ,ти посветуват време и совет .Трае до крај на месецов.
Не знам точна цена ама знам повремено пуштаат како промоции, досега имале пример ехо на гради 800 денари во сабота или петок, така да тука е негде цената. Или па некогаш пуштаат пакети ехо на дојка со гинеколошки преглед. Заследи ги на Инстаграм ако начекаш нешто.