Ремедика Др.Наде Петановска Промедика др.Башуровска Центар за дојка ехо 5.000 со мамо 9 и нешто. Речиси ко Систина Ремедика направила акција само кај Елизабета. Систина исто.
Ехо и мамографија ординација Атанасовски Маџари. Само ехо 1500 а ехо плус дигитална мамографија 3500 ден.
Дали знаете кои се цените за ехо во Систина и Жан Митрев и која од овие две би ми ја препорачале? Исто и доктор ако може да ми препорачате
Во Систина е една од подобрите докторки, Маја Стојчевска-Чапова, термини се чекаат со месеци кај неа. Точна цена со поскапувањата не би знаела, но сигурно е над 6000.
Ти благодарам на препораките. Бев кај Башуровска, многу детален преглед, многу убав муабет. Јас имам семејна анамнеза за карцином за дојка и баш психолошки многу фино ми пристапи бидејќи бев многу исплашена. Препорачувам! Цена, 2000ден.
Кои доктори се во центар за дојка? Која е цената на преглед и дали многу се чека за термин? Бремена сум, планирам после тоа да одам
Ако прашуваш за она карши Настел таму е Маја Стојановска (и уште едно презиме има). Јас последно платив 5500 за ехо и мамографија. Само ехо е 2000 или 2500.
Од искуство на неколку другарки што ги извадија од памет за без потреба. Едната беше бремена, и рекле на ехо имаш конгломерат од цисти, треба да се прави биопсија. Отиде потоа во центар за дојка, конгломератот биле млечни канали. Замисли кој стрес на бремена жена. Другарка моја од тој крај што е доктор по општа медицина ми рече исто никако кај нив. Имате мамографија во Петровец (не ми текнува на името на клиниката) и кај Толовски исто за пристапни цени. Многу подобра опција.