Имам неделава закажано за ехо во Воена болница, со упат ќе одам, чекав некои 3 месеца за термин. Не знам кои доктори прават ехо таму? Малце ми е страв одамна немам правено.
Да се самоцитирам, направив ехо, се е во ред фала Богу, за термин преку матична чекав три месеца, прегледот беше темелен, платив 120 денари. Докторката што ми го правеше ехото беше многу фина, Елена Шуманов мислам се викаше. Моја препорака да си направите ехо со упат, да не фрлате по 3000,4000 за приватно. Се чека термин да , ама ако не е итно не е проблем, бар според мене, да се почека.
Матичен доктор пушта барање до министерството за термин и за неполни два месеца добив смс со термин за нареден месец.
Не знам зашто толку многу, кога се распрашував по фб групи скоро сите ми рекоа дека чекале горе доле 3 месеца. За каде ти закажаа?
Јас се јавив да закажам кај матичен ми вика сама да си потполнам ,ама таму има само за мамографија а не за ехо.Ај некој нема ме просветли .
јас се јавив да прашам и ми рекоа дека само ехо е 5.000, а со мамографија 9.000. на крај направив во Систина.
Премногу ги качиле цените навистина. Разбирам 1000,2000 ама другарка во декември платила 5000 ехо и мамографија сега 9. а во Ремедика како се цените има некој инфо ?
Не знам за Ремедика,ама за во Систина јас правеве минатата недела 5000 еџо и мамографија,а во Центар за Дојка ми побараа 9000.Се е ислупано со цените.
Ти се пријавуваш на страната https://skrining.zdravstvo.gov.mk/screeningapplication, па треба да добиеш термин на СМС за на радиологија на клиника. Таму те прегледуваат и ехо и мамографија. Јас имам проблем и оваа година и пред неколку - не добивам термин на СМС. Пак преку матичната одев претходниот пат и тоа после многу чекање да најде термин. Гледам имаат број за информации па се мислам да се јавам..
Да кај Изабела,искрено ногу посветено ,внимателно ми изгледаше.Со оглед на тоа што сум правела и кај други искрено многу ми се допадна.Имаше пакет и сакав да го искористам веќе сум 40 и ми беше прва мамографија.Секој март мислам дека имаат некој пакет,ама можеш да се јавиш да прашаш.
Јас по препорака на доктор треба да правам, ама со терминиве е катастрофа. Докторот ми препорача кај Толовски, незнам колку се стручни таму.Ако има некоја таму правено нека сподели искуство.
Здраво, да не бевте кај др Маја Цапова од Систина на ехо? Како сте задоволни? И колку е цена кај неа?